![]() |
|
Македонија |
Економија |
Свет |
Хроника |
Скопје |
Коментари&Дебати |
Култура |
Пусто турско |
Медицински совети |
Македонија |
Економија |
Свет |
Хроника |
Скопје |
Коментари&Дебати |
Култура |
Пусто турско |
Медицински совети |
|
| |
|
|
Скопје со вишок од 120.000 жители |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Кога насекаде би се отвориле нови работни места, тогаш провинцијалците не би доаѓале во главниот град. Сега доаѓаат студенти, пет години престојуваат и веќе не се враќаат назад, тврдат експертите |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Дали Скопје е пренаселен град и има ли простор за нови жители? Ова е прашањето на кое побаравме одговор од стручни лица, архитекти, но и од обични граѓани. Мислењето на повеќето од нив е дека ако градот продолжи со ист интензитет да се населува, ќе ја изгуби атрактивноста и едноставно ќе нема простор каде да се движи целото население. Јапонскиот архитект Кензо Танге, Скопје го замислил како град за 350.000 жители, но оваа бројка уште одамна е надмината. Според последниот попис на населението во 2002 година, градот имаше 506.926 жители, додека сегашните процени се дека има над 600.000 жители. Во согласност со генералниот урбанистички план, градот може да расте без да се шири, преку пополнувањето на празните простори во него. Механички прилив - Факт е дека во Скопје има експлозија од населеност, не од зголемување на наталитетот, туку поради механички прилив на население. Сите доаѓаат овде да живеат, затоа што Скопје многу се гради и нуди најповолни услови за живеење. Уште во социјализмот градовите беа отворени за живеење. Исклучок направија Словенците, кои поставија правило - за да станеш жител, потребно е да си вработен во Љубљана и да имаш стан. Но ние работиме без план. По земјотресот, Скопје многу почна да прима нови жители. Многу се градеше, со што стана атрактивен за живеење, а и беше отворен за секој што ќе посака. Така е сѐ уште - истакна Александар Смилевски, претседател на Асоцијацијата на архитекти. Тој смета дека како што се отворија универзитети во повеќе градови, така треба да се направи и со работните места и со сѐ преостанато. - Кога насекаде би се отвориле нови работни места, тогаш провинцијалците не би доаѓале во главниот град. Сега доаѓаат студенти, пет години престојуваат овде и веќе дишат како градот. Нормално е дека се приврзуваат за овој живот, го забораваат родното место и остануваат. Потребно е да се смени целата оваа политика, да им се посвети внимание и на другите градови - додава Смилевски. Планско населување Тој не е поборник за затворен град, но смета дека е потребно добро да се испланира градот пред да се зголеми бројот на населението. - Тука има најмногу станови, постојано се гради, затоа решаваат овде да си купат стан, додека, пак, не се обрнува толку внимание на инфраструктурата, на сообраќајниот метеж. Градот не може веќе да го издржи ова население, улиците се оптоварени, станува преполно. Еве, во Аеродром се градат 40-катници, кои ќе удомат околу 5.000 луѓе, а каде ќе се паркираат тие луѓе, каде ќе одат децата во градинка, по кои улици ќе се движат. Населувањето е незапирлив процес, но потребно е плански да се работи - вели Смилевски. Според архитектот Андреј Токарев, кој воедно е и координатор за изработка на генералниот урбанистички план, градот има простор за уште население. - Предвидено е во наредните десет години Скопје да достигне бројка до 650 илјади жители. Сега нема точен податок, но 650 илјади жители се третина од населението и одговара за главен град. Градот има простор за уште население, може да се зголемува, освен тоа и економски е поволен за живеење. Околу 40 отсто од економскиот капитал се во Скопје. Сега се инвестира во градот и нормално е дека ќе привлече повеќе население, има поволни услови на живот. Но потоа треба да се посвети внимание и на малите градови, за да се одржи рамнотежа - вели Токарев. Границите на градот нема да се зголемат. Скопје ќе си ги задржи досегашните граници, само во Сарај малку ќе се прошири. Но густината на населението ќе се зголеми, катноста на објектите, затоа што има услови и ГУП дозволува. Во градот 78 отсто од објектите се приземни, има и околу една петтина ненаселен простор. Така што Скопје може да апсорбира уште население. За пренамена на Скопје во затворен град тој вели дека тоа не е добра идеја и такво нешто не постои во светот. Никому не можеш да му забраниш каде да живее, населението слободно може да се движи каде што сака. Вишок 20 отсто од населението Социологот Илија Ацевски, кој е добро упатен во оваа проблематика, смета дека нема потреба да се докажува дека Скопје е пренаселен град. Тој вели дека е потребно е да се намалува населеноста, односно таа да се движи спротивно од сегашната насока. - Разбирливо е младите да доаѓаат, тука имаат поголеми можности за работа, подобри услови за живот. Се градат висококатници, нови населби, се вложува во градот, нормално е дека ќе се зголемува населеноста. Но оваа ситуација е трагична за градот. Потребен е подолг временски период за овој проблем да се реши. Сега надлежните донесуваат брзи одлуки, од кои ќе има тешки последици. Потребно е Скопје да ослободи 20 отсто од населението, што е вишок - смета Ацевски. Тој смета дека новиот ГУП е во проектна фаза и треба да се внимава што ќе се направи. - Градската политика треба да се смени, да им се даде до знаење и да им се укаже можност на луѓето од внатрешноста дека можат да успеат и во сопственото место. Освен тоа, доколку се направи добар автопат, секој ќе може за 40 минути да стигне до главниот град доколку има потреба, нема сите да сакаат тука да живеат. Сегашната концентрација е непродуктивна и штетна. Иднината на градот, но и на жителите може да се загрози, ќе биде неиздржливо за живеење. Еве, сега, Водно, Козле, Дебар Маало ја изгубија убавината, преконцентрирани се со население. Потребно е да се создадат реални услови за деконцентрација, а постојат многу начини како тоа да се реши. За 5-10 години Скопје нема да биде толку атрактивен за живење, ќе се уништи, ќе има неподносливи пречки за развој. Луѓето нема да можат да отворат прозорец, ќе нема каде да паркираат, ќе се задушат. Еве, Љубљана веќе долго време стои на 300 илјади жители - објаснува Ацевски. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 2654 Оценка: 4 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||