|
|
Аматерско друштво ФК Работнички |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
За да не останат непродадени билети, Работнички дозволи купување и 50 билети од еден човек, па сега Скопје врие од тапкароши, втор кикс е тоа што на билетите е испечатено британско наместо англиско знаме, а капак на сé беше прес-конференцијата одржана во маалско кафеанче |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Работнички очигледно има многу посилни фудбалери и стручен штаб отколку луѓе што го раководат овој клуб, зашто гостувањето на Ливерпул во Скопје откри низа слабости и аматеризам во управата на клубот што е најдобар македонски претставник во еврокуповите во последните неколку сезони. Но очигледно залакот наречен Ливерпул, претседателот Драган Поповски и спортскиот директор Игор Ангеловски не ни можеа да го преџвакаат, камоли да го голтнат. Неверојатен пропуст направи раководството на Работнички со пуштањето во продажба на влезниците без ограничување, па дозволија во првите неколку часа еден човек да може да купи и 50 влезници, за потоа да се свестат кога сé беше доцна и кога ѓаволот ја однесе шегата. Плашејќи се дека нема да го наполнат стадионот, битно им беше само да ги продадат влезниците, без нималку предострожност за евентуални последици. Резултатот е: Скопје од вчера врие од препродавачи на билети, цената се движи од 800 до 1.500 денари, па дури јавно на огласниците на Интернет, но и на социјалната мрежа Фејсбук има влезници што се нудат по цена неколкукратно повисока. Сето ова стана можно откако Работнички не се заштити од појава на тапкарошите и не побара легитимирање на секој што ќе купи билет и ограничување на максимум два билети за еден навивач. Така, „милион“ луѓе останаа без билети по нормална цена, но затоа во клубот триеја раце дека стадионот е распродаден за 24 часа. Втор невиден лапсус на управата е ставот на клубот дека новинарите од Англија имаат приоритет и дека максимално ќе биде ограничено местото за претставниците на медиумите од Македонија. Чиниш, клубот егзистира во Англија, а не во Македонија. Спортскиот директор Ангеловски за ова се повика на УЕФА, која, патем речено, воопшто не се меша во ставот на клубот за тоа на колку гостински новинари ќе им дозволи акредитирање. Веројатно не знаеле од Работнички дека македонските новинари знаат да погледнат малку подалеку од нивното Дебар Маало. На крајот на краиштата, сите ние новинарите утре на стадионот ќе бидеме во функција само на Работнички и на Македонија...
Трет пропуст е утката со знамето на земјата од која доаѓа Англија. На билетите до името на Ливерпул, наместо англиско, стои британско знаме, кое нема врска со клубот. Никаде во светот, освен сега во Македонија, англиските клубови не се поистоветуваат со знамето на Обединетото Кралство. И за сето ова да биде смешно на крајот, прес-конференцијата на Работнички, за која навистина има УЕФА-правила како треба да изгледа и каде треба да се закаже, вчера беше одржана во маалско кафеанче, со десетина столчиња за седење и уште неколку за потпирање до шанкот. Преостанатите, а имаше и од Англија и од соседните земји, стоеја и не веруваа што гледаат. Во планот што директорот Ангеловски го најави за наредните пет години, клубот треба најмногу да поведе сметка за организацијата на натпреварите, зашто фудбалерите очигледно им „побегнале“ со светлосни години. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||