Тетекс во Шведска сака летонска реприза

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Доаѓањето на Ливерпул и спектаклот на годината е централен настан во Македонија, па иако засенет од гигантскиот настан, љубителите на фудбалот денеска ќе навиваат и за Тетекс, кој гостува во Шведска кај Елфсборг од 18.30 часот

 
 
  
Тетовци може да ја зовријат атмосферата на националната арена „Филип Втори“, ако информациите од Скандинавија бидат поволни и тие во најмала рака го репризираат летонското гостување кај Вентспилс (0-0).

Иако ослабени за неиграњето, пред сé на капитенот и лидерот на тимот Срѓан Захариевски, Тетекс не се откажува од обидот и со 90-минутна дефанзива да одолее на нападите на Швеѓаните и патникот во плејоф-рундата во втората половина на идниот месец да се решава за една недела во Скопје.

Покрај Захариевски, Тетекс е ослабен и за дефанзивецот Сашко Ристов, како и напаѓачот Ивица Глигоровски, но останатите што конкурираат ветуваат дека со максимална концентрација може да стигнат и до поволен резултат.

Мечот се игра на „Борас арената“ во Борас, а судија е бугарскиот делител на правдата Станислав Тодоров.
 
   
 
 
   
Веста е прочитана:           Оценка:
1 2 3 4 5
 
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Aleksandar
gradot po ime e boros na makedonski, boros arena a ne boras!
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski