| Тетовецот Златко Савевски вчера го освои мобилниот телефон „нокиа 2330“
како најдобар во натпреварот во фрлање пикадо на охридската плажа
„Славија“. Второпласиран беше Борче Стевковски, а третото место го
освои Горан Трајков, и тие ги освоија утешните награди. Сонцето вчера
ги измами гостите надвор, а им се насмеа и на добитниците на нашите
награди. Целиот настан во живо го пренесуваше и втората програма на
Македонското радио. Не беше заобиколено ниту читателско катче на
плоштадот, кое од ден на ден е сé попосетено. Вчера нашата екипа имаше
многу работа, бидејќи читателите се интересираа за темите што беа
обработени во весникот, но предлагаа и свои. Секој посетител доби
бесплатно издание на „Нова Македонија“, а оние што седеа кај штандот,
весникот го читаа со кафе и со ладна минерална вода. |
 |
|
|
|
|