|
|
Градоначалникот Трајановски прв изнајми јавен велосипед |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Конечно и кај нас велосипедот стана јавно транспортно средство, кое може да се изнајми на три локации за 10 денари од час, дел од проектот „Остави го автомобилот, вози велосипед“ |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Од вчера 70 велосипеди марка „алпина“ ќе може да се изнајмуваат на три локации во градот по цена од 10 денари за час, како дел од системот за јавен транспорт. Градските власти, НВО „Екосвет“ и ЈП „Градски паркинг“ вчера и официјално го почнаа проектот „Остави го автомобилот, вози велосипед“. Градоначалникот Коце Трајановски прв ја имаше честа да седне на еден од велосипедите и да сврти крукче околу плоштадот, но не бесплатно. Тој за изнајмувањето си плати 10 денари, за што доби и фискална сметка. Проектот се промовира после неколку најави и задоцнување од повеќе месеци, на средината на сезоната за возење велосипед. - Лично не би изнајмил велосипед затоа што имам свој, но мислам дека идејата е одлична. Временските услови му одат на рака на ова превозно средство во градот, на ова топло време е поубаво да се вози велосипед, отколку да се користи автобус. Но се плашам дека велосипедите ќе се крадат, уништуваат - ни изјави нашиот читател Даниел Петровски. Скопјани услугите на „Рентабајк“ ќе може да ги користат на три локации во градот - на јавните паркиралишта кај „Треска“, на плоштадот „Македонија“ и кај Трговскиот центар „Бисер“, во Аеродром. Бројот на постојки во иднина ќе се зголеми ако постои интересирање, а постои можност ако велосипедот се изнајми од еден пункт, да се врати на друг. Овој период на изнајмување ќе биде пробен за да се утврдат недостатоците во системот. - Живеам во Аеродром, а работам во центар и планирам да изнајмувам велосипед за да стасам до работа. Пунктовите за изнајмување совршено ми одговараат и мислам дека овој проект е полн погодок - изјави Тина Апостолова. Надлежните сметаат дека цената за изнајмување од 10 денари за час е доволна за да може секој што сака лесно и едноставно да изнајми велосипед за своите потреби. - Активностите како бележење на велосипедските патеки, воспоставување непрекината врска меѓу источниот и западниот дел на градот и поставување држачи за паркирање на велосипед нé поттикнаа да размислиме за заокружување на процесот наречен „велосипедот како транспортно средство“ - изјави градоначалникот Трајановски. Од градот сметаат дека има одлични предуслови за користење на велосипедот како превозно средство и се надеваат дека скопјани ќе ги заменат автомобилите и автобусите со нив. Велосипедот има големи предности во однос на останатите превозни средства. Тој е пријател на животната средина, не загадува, а придонесува за намалување на количеството на ЦО2 во воздухот, намалување на градската бучава за околу 4,5 децибели, намалување на сообраќајниот метеж, а истовремено со возење велосипед се зголемува здравствената и физичката кондиција на корисниците. - Едно семејство со користење на велосипедот како превозно средство може да заштеди до 70 евра месечно - истакна градоначалникот Трајановски. Заедно со Трајановски велосипеди вчера изнајмија и градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски, директорот на ЈП „Градски паркинг“, Борче Јакимовски, како и Златко Самарџиев, претставникот на ГЕФ. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||