Над 150 загинати во авионска несреќа во Пакистан

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Причина за уривањето на „ербасот 321“, во сопственост на пакистанската компанија „Ерблу“, најверојатно се лошите временски услови во близината на Исламабад

 
 
  
Авион на пакистанската авиокомпанија „Ерблу“ вчера се урна во непосредна близина на Исламабад, при што животот го загубија 152 патника и членови на екипажот.

Пакистанските власти соопштија дека авионот, од типот „ербас 321“, загубил контакт со контролорите на летот од меѓународниот аеродром во Исламабад, додека летал од Карачи кон пакистанската престолнина. Кога се обидел да слета, авионот поради лошите временски услови, проследени со густа магла и поројни дождови, удрил во ридот Маргала, на околу 300 метри од подножјето во блиската планина.

 Министерот за внатрешни работи Рехман Малик изјавил дека најверојатно нема преживеани лица во авионската несреќа. Според него, најголем дел тела биле осакатени и распарчени, поради што е потребна дополнителна експертска анализа за да се изврши нивна идентификација. Помеѓу загинатите патници има седум деца, вклучувајќи и две бебиња, како и двајца американски државјани.

Претставник на спасувачките служби изјавил дека на местото на несреќата избил пожар, кој ја зафатил густата шума. Според него, спасувачките напори, за наоѓање евентуални преживеани патници се многу отежнати од непристапноста на планинскиот терен, како и од лошите временски услови.

- Остатоците од авионот до пола се закопани во калливото земјиште. Прво ќе треба со посебна механизација да се откопаат од земјата, за да можеме да пристапиме кон извлекување на евентуалните преживеани лица - изјавил Аршад Џавид, претставник на локалните власти.

Пакистанската полиција наведе дека остатоците од авионот биле расфрлани во три насоки и дека е пронајдена опрема, за која постои верување дека е црната кутија, која може да одгатне што точно се случило за време на летот и пред несреќата.

Цивилните воздухопловни власти сметаат дека причина за уривањето на „ербасот 321“ се лошите временски услови, но не ја исклучуваат можноста да станува збор и за терористички напад.

Европската компанија „Ербас“ соопшти дека едномоторниот авион бил релативно нов, произведен во 2010 година, и дека немал технички проблеми пред полетувањето. Како што пренесува АФП, „Ерблу“ е една од најпочитуваните авиокомпании, која функционира од 2004 година. Компанијата на домашните и на меѓународните летови користи нови авиони од „Ербас“, од типовите А320 и А321.

Пакистан има релативно добро досие за воздушна безбедност. Најголемата авионска несреќа на пакистански авион се случи во септември 1992 година, кога загинаа 162 лица при уривање на „ербас А300“ во близината на непалската престолнина Катманду.
 
   
 
 
   
Веста е прочитана:           Оценка:
1 2 3 4 5
 
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski