|
|
Откриен расад марихуана во Кумановско |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
За само десетина дена МВР откри насади со околу 1.400 стебла канабис сатива, што само го потврдува фактот дека во државата полека почнува масовно производство на оваа дрога |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Четиристотини стебла канабис сатива биле најдени во двор на жител на кумановското село Отља, а покрај тоа биле најдени и две кеси со исушените цветови од растението подготвени за продажба, информира МВР. Станува збор за Исмаил Зелбехар против кого била поднесена кривична пријава за трговија со дрога, а истражен судија од кумановскиот основен суд му одредил триесетдневен притвор. Кумановските полицајци неодамна добиле информација дека Зелбехар одгледува марихуана, која имал намера да им ја продаде на локалните наркодилери. Информациите биле потврдени од полициските оперативци и завчера бил издаден налог од судија за претрес во неговиот имот. Полициски екипи упаднале во неговиот дом во селото Отља и таму затекнале вистинска џунгла. Стеблата, вкупно 395, биле високи и по два метри, кои тој воопшто и не се трудел да ги скрие. Тие биле засадени во задниот дел од дворот на куќата. Претресот продолжил во домот на кумановецот и во поткровјето биле најдени уште две кеси полни со исушени цветови од марихуана, кои всушност им се продаваат на наркозависниците. Приведениот во истрагата не навел од каде ги набавил семките и кому имал намера да му ја продава дрогата. Од МВР информираат дека слична акција била изведена и во прилепскиот крај, каде што бил откриен насад со 62 стебла марихуана. Таму бил приведен Влатко П. (25), кој исто така добил триесетдневен притвор. Стеблата марихуана биле најдени во задниот дел од дворот во неговата семејна куќа во селото Бело Поле. Тие веќе биле откорнати и ставени да се сушат и само било прашање на време кога дрогата ќе стигнела на наркопазарот. Според неговата изјава, тој семките ги добил од непознато лице од Скопје и се договорил да ја одгледува дрогата и потоа да ја препродава. Тој во февруари годинава ги засадил во својот двор и кога стеблата малку пораснале ги преместил на три различни локации во атарот на селото за да не привлече внимание. Според официјалните полициски информации, во последниве десетина дена биле изведени неколку акции насочени кон откривање и уништување насади со канабис сатива и биле запленети околу 1.400 стебла. - МВР заплени вкупно 1.400 стебла канабис сатива во рамките на борбата против недозволено производство и пуштање дрога во промет - изјави министерката Гордана Јанкулоска. Акциите беа изведени во Прилеп, Свети Николе, Битола и во кумановскиот регион. Ова само ги потврдува тврдењата на експертите дека во државава масовно се сади и одгледува марихуана, која е наменета исклучиво за домашниот наркопазар. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||