|
|
Македонски тутун ќе се извезува во Кина |
|
||||||
Експерти од Агенцијата за карантински болести од Кина во август ќе дојдат во Македонија за да извршат контрола на теренот, по што Владата ќе потпише и протокол за соработка со кинеското министерство за земјоделство, за нашата земја и официјално да добие дозвола за извоз на македонскиот тутун на кинескиот пазар, информира вчера министерот за земјоделство Љупчо Димовски |
|||||||
|
|||||||
| Тој вчера во пресрет на откупната сезона се сретна со претставници на тутунските компании. Двете страни заклучија дека е потребно доследно почитување на одредбите од Законот за тутун и тутунски производи од страна на производителите и откупувачите, навремено обезбедување пари за откуп од тутунските компании и следење на целокупниот производствен процес на тутунот. Во насока на навремена подготовка за новата откупна кампања, Државниот инспекторат за земјоделство најави засилени контроли на теренот за почитување на законските правила во производството и во откупот. - Поради субвенцијата од едно евро за килограм и високата просечна откупна цена од ланската реколта, годинава е зголемен интересот на земјоделците за производство на тутун. Оттаму, статистички, треба да очекуваме поголемо производство. Рано е да се направат точни процени за тоа колку ќе тежи родот зашто производствениот процес не е завршен. Првичните предвидувања, во согласност со засеаните површини, се дека треба да очекуваме околу 33.000 тони. Сепак, мора да ги земеме предвид и временските услови, кои може да влијаат на намалување на родот - рече Димовски. |
|||||||
|
|
|||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||
|
|||||||
|
|