Владата и ЕВН постигнаа компромис

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

По постигнувањето судска спогодба за спорните долгови, ЕВН ќе ја повлече и тужбата пред Меѓународниот суд во Вашингтон

 
 
  
Од лути противници до блиски партнери од доверба. По повеќе месечни интензивни преговори Владата и ЕВН вчера си подадоа рака и се договорија сите отворените прашања да ги решат во рамките на правниот систем на државата. Во меѓувреме, во мирување ќе биде ставена и тужбата што ЕВН ја покрена пред Меѓународниот суд во Вашингтон и другите меѓународни арбитражи. Иако двете страни тврдат дека дошле до компромис, засега е нејасно што тој содржи.

- Се договоривме проблемите да ги решаваме во судска постапка, а не во меѓусебни договори. Откако ќе заврши судската постапка, ќе се повлече тужбата на ЕВН во Вашингтон. Рокот за решавање не е прецизиран однапред, туку се предвидува на секои три месеци постапката за пролонгирање да се преразгледа до постигнување конечен договор - рече вицепремиерот Владимир Пешевски.

Според него, постоеле 7-8 отворени прашања, поврзани главно за купопродажниот договор, долговите, инвестирањето, како и за регистрирањето на имотот на ЕВН во Македонија. Во моментов нема информација ниту за конкретен износ околу долговите меѓу ЕВН и ЕЛЕМ, што беше причина и за судскиот спор и веќе долго време е предмет на преговори.

Апелацискиот суд лани ја поништи одлуката на Основниот суд со која „ЕВН-Македонија“ требаше да и исплати околу 200 милиони евра на ЕЛЕМ за неплатени побарувања од 1995 до 2004 година. Оттогаш рочиштата повеќепати се одложуваа, а беше сменет и судијата што го водеше процесот.

- Најважно е што процесот е ставен на вистински колосек и е изградена релација на вистинска доверба. Тоа што ќе одлучи судот ќе биде прифатено од двете страни - истакна Пешевски.

Од извори во Владата дознаваме дека се настојува да се постигне судска спогодба по претходно вештачење и согласност и од двете страни. И претседателот на управниот одбор на „ЕВН-Македонија“, Гинтер Офнер, е убеден дека е создадена ситуација во која секој добива, како Република Македонија, така и ЕВН и граѓаните.

- Со добра волја и со преговарање ќе се обидеме да ги решиме сите отворени прашања во процес што ќе се одвива чекор по чекор во следните неколку месеци во интерес на граѓаните на Македонија. Неколкуте заеднички реализирани проекти со Владата даваат надеж дека проблемите успешно ќе бидат надминати - истакна Офнер, кој речиси половина од своето обраќање го даде на македонски јазик.

На прашањето каков инвеститор е ЕВН, вицепремиерот Пешевски дипломатски одговори: „Инвеститор каков што и треба на Македонија“. Своевремено, во периодот на меѓусебните недоразбирања премиерот Груевски, Австријците ги оцени како најлош странски инвеститор во државата.
 
   
Автор: А.С.Д.  
 
   
Веста е прочитана:           Оценка:
1 2 3 4 5
 
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Musso
А дали компромисот е разумен? Оти на b нешто не му е јасно. Инаку мене не ме бендисуваат компромиси со ајдути, ама ајде можеби b ќе биде среќен и задоволен. Освен ако во компромисот не е ставена и кадровска чистка каде СДС инсталација ќе се замени со Вемеровска....
 
b
Што? Владата ретерира?
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski