|
|
Дневна здравствена доза - за медицинската опрема и реформите во здравството |
|
||||||
СДСМ; Министерството |
|||||||
Што се случува со медицинската опрема, која толку помпезно ја најавувавте? Шест месеци нема ни трага ни глас од неа, иако уште од почетокот тврдите дека е платена и дека нејзиното пристигнување и монтажа се прашање на денови. Настрана 28-те милиони евра, за кои постои сомневање дека ги ставивте во џеб поради разликата во цените, мора да одговорите зошто не им плаќате на фирмите. Зарем очекувате дека опремата ќе ви ја достават бесплатно? Здравствените услуги не се подобруваат со вработување немедицински персонал. Откако дозволивте да се распадне Клиничкиот центар и најеминентните доктори да прејдат во приватното здравство, воспоставивте систем на два директора, на кој потрошивте милиони евра, непотребно ги наполнивте управните одбори со ваши луѓе и, конечно, удомивте нови 4.100 партиски, војници од кои само една осмина се медицински лица. Ова не е реформа! Листата на вашите промашени политики е бескрајна.
Ги отфрламе паушалните и неточни констатации, искажани на прес-конференција на СДСМ. Министерството за здравство прави напори преку низа активности за подобрување на состојбите во здравството во интерес на пациентите. Точно е дека резултатите не можеме да ги очекуваме преку ноќ, но тоа е разбирливо доколку се земе предвид фактот дека одредени сегменти во здравството се запоставувани повеќе од 20 години. Така, одговорноста секако е на сите политички структури што го воделе овој чувствителен сегмент од општеството во изминатите 20 и повеќе години. Апелираме до опозицијата да ги изнесе сите факти и докази за незаконски дејства пред надлежните институции, доколку навистина поседува вакви сознанија. Во спротивно, ќе ги преземеме сите законски можности за санкционирање на неоснованите напади. |
|||||||
|
|
|||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||
|
|||||||
|
|||||||