|
|
Што е бесплатно кај матичниот лекар? |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пациентите не знаат какви сé бесплатни прегледи треба да добијат од својот матичен лекар, а некои од нив воопшто не се ни јавуваат на писмените покани за преглед, со кои се следи здравјето на пациентите и се настојува тоа превентивно да се одржува |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Освен кога сте болни и сами се јавувате кај матичниот лекар, тој треба да ве повикува и кога сте здрави за да ви направи бесплатни превентивни прегледи. Овие прегледи се задолжителна обврска за лекарите, преку која тие треба да откријат дали постои ризик да заболите од тешка болест, дали веќе сте болни, а сé уште не знаете или да процени какви се можностите за заболување, пред сé од кардиоваскуларни болести. Пациентите не знаат какви сé бесплатни прегледи треба да добијат од својот матичен лекар, а некои од нив воопшто и не се јавуваат на писмените покани за преглед. - Често „се молиме“ со пациентите да направат ЕКГ-тест или да им ги измериме тежината и висината, да направиме крвна анализа за да определиме ризик од кардиоваскуларни заболувања. Пациентите се согласуваат на вакви прегледи, главно, кога се болни. Кога ќе им пратиме писмена покана имаме оправдување пред Фондот, нас тоа ни се смета како сработено, но поентата е тие да бидат прегледани. Прегледите се особено проблематични во летните месеци - вели матичен лекар. Матичните лекари во текот на една година треба да направат превентивни прегледи речиси кај половина од пациентите што ги водат. Податоците за прегледите треба да бидат сместени во здравствените картони на секој пациент. Од крајот на годинава матичните лекари овие податоци ќе ги пријавуваат и во Институтот за јавно здравје, кој ќе треба статистички да ги обработува. Кај децата до шест години матичниот лекар или педијатар задолжително мора да направи неколку превентивни прегледи. - Лекарот мора да направи систематски преглед на бебето кога тоа ќе наполни 30 дена. Со него се определуваат висината, тежината, работата на срцето, состојбата на кожата, а треба да се дадат и совети за широко повивање и за исхрана. На овој преглед лекарот треба да го упати родителот кај клинички лекар за да ги испита колковите на бебето - објаснува д-р Ана Петрова, раководител на одделот за контрола на Фондот за здравство. Кога бебето ќе наполни 12 месеци, матичниот лекар преку крвен тест треба да определи евентуална анемија, а на возраст од 1 до 3 години треба да провери дали боледува од астма. Анемија и преухранетост лекарите треба да испитуваат и кај деца до 18 години. - Анемијата се проверува на секои четири години. А во текот на 11-та и на 13-та година треба да откријат дали децата имаат деформитети на ‘рбетниот столб - вели д-р Петрова. За жените постари од 18 години лекарите треба да го пресметаат ризикот од добивање рак на дојка, а кај мажите постари од 45 години ризикот за рак на простата. - За осигурениците од 25 до 65 години се пресметува ризик од кардиоваскуларни заболувања. Овие тестови за ризик од срцеви болести се направени по британски теркови. Преку нив лекарите проценуваат колкав е ризикот кај пациентите, па доколку е потребно ги упатуваат кај кардиолог. За да се пресмета ризик треба да се направат крвни испитувања, ЕКГ, неколку мерења - додава нашата соговорничка.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||