|
|
Отпуштени новинари обвинуваат за упад во Канал 5 |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владата демантира вмешаност во уредувачката политика, ЗНМ ќе проверува дали отказите се политички мотивирани |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Редакцијата на телевизијата Канал 5 функционира под притисок директно од кабинетот на премиерот, обвини во отворено писмо Весна Кавачевска Трпческа, една од осумте новинари што сопственикот на телевизијата завчера ги отпушти од работа. Владата тврди дека нема врска со одлуката на менаџментот на телевизијата. Здружението на новинари (ЗНМ) повика да престанат групните отпуштања од работа во медиумите. - Се прават консултации со кабинетот на премиерот кој новинар е подобен за конкретен настан. Се нудат непристојни предлози за послушност. Се симнуваат прилози од вестите во последен момент. Премиере, престанете да правите упад во професионалното новинарство. Не можат сите да размислуваат како вас - пишува во писмото. Владата демантира дека премиерот или друг владин функционер имаат врска со отпуштањата во телевизијата. „Најостро ги отфрламе обвинувањата за некакво наводно мешање во уредувачката политика или што било друго при функционирањето на овој медиум“, се вели во реакцијата од Владата. ЗНМ потсетува дека за две недели, во новинската агенција „Макфакс“ и во телевизијата Канал 5 без работа останаа десетина новинари. „Апелираме да се зачуваат економската сигурност на новинарите и достоинството на новинарската фела и да запрат прекините на работниот однос, бидејќи со таквите чекори се зголемуваат стравот и самоцензурата, што директно води кон рушење на новинарските стандарди. ЗНМ ќе ги истражува информациите дека дел од отпуштањата биле политички и идеолошки мотивирани“, соопшти Здружението на новинари. За случувањата во Канал 5 се информирани Меѓународната федерација на новинари, американскиот амбасадор Филип Рикер и европретставникот Ерван Фуере. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||