КФОР ни предаде објекти на Петровец

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Три објекти на воениот аеродром „Страшо Пинџур“ на Петровец што досега ги користеше КФОР за авионско набљудување и за други потреби, од вчера му се предадени на Министерството за одбрана

 
 
  
Министерот Зоран Коњановски ги прими клучевите од генерал-полковник Маркус Бентлер, командантот на КФОР, а на церемонијата присуствуваа и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и високиот воен претставник на НАТО, бригадниот генерал Давид Хумар.

- Косово е сега стабилен регион. Но операциите за авионско набљудување од југот кон северот во изминативе години ни обезбедуваа значајни капацитети за увид и можности за реагирање во итни ситуации - оцени генералот Бентлер.

Коњановски потсети на соработката со партнерите од НАТО, пред сé на нашето учество во мировните мисии, но не можеше да прецизира за што ќе се користат предадените објекти.

- Овие се клучеви на соработка, со кои ги отвораме нашите визии кон Алијансата. Во Министерството за одбрана ќе се развиваат проекти со кои ќе можат да се искористат и предадените објекти - нагласи Коњановски.





Бентлер: Границата е безбедна

Нема никаква промена на состојбата на Косово по 24 јули, кога беше објавена одлуката на Меѓународниот суд на правдата, а сите институции се однесуваат зрело, оцени вчера командантот на КФОР, Маркус Бентлер. Според него, тоа не ја нарушило ниту безбедноста на македонско-косовската граница.

- Ние тесно соработуваме и со косовската гранична полиција и со македонските институции. Во последниве неколку месеци ситуацијата на границата е мирна и стабилна, особено во делот кон Македонија - додаде тој.

 
   
 
 
   
Веста е прочитана:           Оценка:
1 2 3 4 5
 
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski