Пратениците играат како што ќе им засвират партиите

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Предизвикот со кој треба да се соочат нашите пратеници е да не бидат исклучиво партиски војници туку да се отчетни и одговорни и пред граѓаните, коментираат поличките аналитичари откако собраниските служби ги објавија податоците за активноста на парламентарците во изминатава половина година

 
 
  
Владејачките народни избраници не мора многу да работат за да ја заработат својата пратеничка плата, не мора да предлагаат закони и амандмани, не мора ни да говорат ако не сакаат, но секогаш мора да бидат присутни во Собранието. Опозиционерите, пак, не мора ни да се појавуваат многу редовно на работа, но задолжително е да реплицираат, да го проблематизираат донесувањето на законите и да ги има во јавноста. Пратениците од албанскиот блок партии, пак, се активни само во однос на т.н. албански прашања (рамковни вработувања, примена на албанскиот јазик во институциите, случајот „Сопот“ и четирите хашки случаи).

Ова е профилот на пратениците во македонскиот парламент според политичките аналитичари. Тие велат дека народните избраници зависат од партијата што ги номинирала и која го диктира нивното однесување во Собранието.

- Предизвикот со кој треба да се соочат нашите пратеници е да не бидат исклучиво партиски војници и да одговараат само пред партиите, туку да се отчетни и одговорни и пред граѓаните, кои всушност и гласаат за нив на избори. За надминување на ситуацијата можеби решението треба да се побара во друг модел за избор на пратениците во законодавниот дом - вели Дарко Алексов од невладината „Мост“, која го набљудува работењето на парламентот.

Но покорноста пред партискиот лидер и строгото почитување на партиските ставови при гласањето во законодавниот дом не се доволна гаранција дека народните избраници повторно ќе бидат на листата на некои следни избори.

- И покрај покорната положба кон партијата на ваквите пратеници при евентуални наредни избори, голема е веројатноста повеќе од половина од нив да не се најдат на листите за пратеници. Со наближувањето на изборите значителна бројка од овие пратеници бележат одредени активности, но сето тоа е безначајно за партиските моќници и граѓаните што ја следат нивната активност од самата номинација - коментира Неџад Мехмедовиќ, истражувач во Центарот за истражување и креирање политики.

Најновото истражување и со бројки ја констатира поделбата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во однос на нивното однесување како парламентарци. Така, дури една четвртина од пратениците (29) никогаш не дискутирале во собраниската сала. Половина од народните избраници изминатава половина година тоа го сториле еднаш-два пати. Најгласни пратеници во Собранието во првите шест месеци биле опозициските Весна Бендевска (говорела дури 59 пати на 63 седници), Марјанчо Николов, Томе Чинговски, Јани Макрадули, Владо Бучковски... Тие имаат и по најмногу реплики.

- Квалитативно исто така имаме назадување во работата на пратениците пред сé поради пријавувањето на едни исти пратеници за збор за сите теми на дневен ред во Собранието. Не е реално еден пратеник да има стручно познавање или, пак, издржано мислење за сите теми што се поставуваат на дневен ред - вели Мехмедовиќ.

Тој коментира дека пратениците ретко се интересираат за анализите и за истражувањата на одредени теми направени од релевантни институции во државата и најчесто говорат без да е поткрепено тоа со факти или, пак, го пренесуваат партиското мислење за дадената тема.

За разлика од активноста на опозиционерите концентрирана на реплики и на говори, владејачките пратеници се најприсутни во собраниската сала и се најодговорни во однос на гласањето закони со европско знаменце. Од 27 пратеници што присуствувале на сите 63 седници, дури 20 се од редот на владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Сепак, голем дел од овие пратеници ниту се јавиле за збор за да придонесат во креирањето на државните политики, ниту поставиле пратеничко прашање до некој владин функционер за да направат контрола врз извршната власт, ниту поднеле амандман или напишале закон за да ја остварат законодавната функција.

- Активноста на пратениците не секогаш се огледа само по нивното присуство на седниците. При анализата на тоа кој пратеник колку е активен, покрај дискусии на пленарни седници, треба да се земат предвид и учеството и конструктивноста на комисиските расправи, но и иницијативноста за поднесување закони и амандмани - коментираат во невладината „Мост“.
 
   
Автор: К.Н.  
 
   
Веста е прочитана:           Оценка:
1 2 3 4 5
 
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Musso
Аха имало свирачи и “плесачи“ т.е. играчи. Овој невладиниот “мостаџија“ почнал да прави “проили“ на пратениците. Туку едно прашање до самоповиканиот експерт за пратенички проблеми и креатор на изборни модели - На чија тоа музика треба да изграат пратениците? Тој како од марс паднат очекува изборот н апратреници да биде како избор за мис/мистер, без политички партии. Генијалецот ќе прави политичко собрание без политички партии туку со “лепотани“ како него избрани со општ консензус на бендисување и “бриселски препораки“. Абе од ова вруќиниве умот се поматува, а кај некои е константно поматен па сега ќе измислуваат и неполитички институции во политѕичкиот живот на земјата.... Еве “МОСТ“ нека состави влада и нели та аќе функционира како “невладина“ влада на фајромија... Какви се глупости нема да се изнаслушаш од “невладиниве“ политиколајнолози....
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski