|
|
Да за ЕУ и за НАТО, но без промена на името |
|
||||||||||||
Не е демократски ЕУ и НАТО да ги преземаат позициите на Грција и од нас да бараат да исполниме дополнителни услови за членство, сметаат промоторите на кампањата „Никој нема право да преговара за моето име“, преку која дел од организациите на македонската дијаспора бараат прекинување на преговорите со Атина |
|||||||||||||
|
|||||||||||||
| - Ние се залагаме за влегување во ЕУ и во НАТО, но без дополнителни услови, како што е промената на името. Преговорите треба да прекинат зашто со тоа покажуваме дека сме подготвени на компромис, што не е точно. Мора да покажеме дека за идентитет никој не преговара - нагласи Славко Манговски, координатор на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада. Лидерот на Македонската алијанса, Џорџ Атанасовски, рече дека Македонија со и без преговорите за името, пред 2015 година нема да влезе во ЕУ. Негова оцена е дека за потенцијалните странски инвеститори не е најважно дали една земја е членка на ЕУ или на НАТО, туку колку добро функционира, особено во однос на законодавството и администрацијата. - Подобро да се фокусираме на економската состојба, од Македонија да направиме Швајцарија, да ги спроведеме сите реформи, особено во судството. Само тогаш странските инвеститори нема да ја заобиколуваат државата, независно дали е дел од НАТО или од ЕУ - рече Атанасовски, додавајќи дека и наши бизнисмени што живеат во странство се обиделе да инвестираат во земјава, но си отишле поради законите и сложените административни процедури. Кампањата за зачувување на уставното име на државата, како што кажаа координаторите, ја поддржале околу 40 организации и индивидуалци. |
|||||||||||||
|
|
|||||||||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||||||||
|
|||||||||||||
|
|||||||||||||