|
|
Повеќе од половина граѓани против промена на името |
|
||||||||||||
Повеќе од половина македонски граѓани би гласале против доколку утре се одржи референдум за промена на името заради зачленување на Македонија во ЕУ и во НАТО, покажуваат податоците од истражувањето на јавното мислење што го спровел институтот „Павел Шатев“ |
|||||||||||||
| Прашани како би гласале доколку утре би се одржал референдум за промена на името за влегување во ЕУ и во НАТО, 57,4 проценти граѓани се изјасниле „против“, додека 30,7 проценти „за“. На истото прашање за промена на името, по етничка линија, „за“ се изјасниле 73,70 проценти Албанци, а 17 проценти Македонци. На прашањето чија Влада подобро би се справила со економската криза, 29,2 проценти сметаат дека тоа е владата на ВМРО-ДПМНЕ, додека 14,5 проценти сметаат дека подобра би била владата на СДСМ. Од испитаниците, 56,3 проценти рекле дека не знаат кој би го направил тоа најдобро. На прашањето кој би победил доколку наесен се одржат избори, 36,8 проценти сметаат дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, додека 10,7 проценти СДСМ. Анкетата била спроведена во периодот од 11 до 18 јули, врз репрезентативен примерок од 1.110 испитаници.
|
|||||||||||||
|
|
|||||||||||||
| Веста е прочитана: Оценка: | |||||||||||||
|
|||||||||||||
|
|||||||||||||