Ребека со „Мириса на сон“ ќе го затвори „Бит фест 2010“

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Ребека со својот бенд и етногрупата „Монистра“, на 27 август, на сцената на локалитетот Хераклеја, со своите настапи ќе го затворат годинашното богато со содржини битолско културно лето „Бит фест 2010“

 
 
  
- Тоа ќе биде етноконцерт, во продукција на МНА, на кој ќе го промовирам мојот најнов материјал што се најде на албумот „Мириса на сон“. Со ова дело, кое е сосема различно од она што досега го работев, јас го означив враќањето на македонската музичка сцена. Исто така ќе исполнам и неколку постари песни од мојот репертоар, во една акустична верзија, но и некои стари македонски народни песни со нови аранжмани, а ќе ме придружува седумчлен бенд. Инаку овој албум ме окарактеризира мене како човек, но и како Македонка. Во него има изворни македонски звуци, византиски ритми, ориент, сé што содржи ова поднебје. Инаку три песни од овој албум, од Никола Коџабашија, како инструментали три месеци се емитуваа на радиото Би-ви-си, како и на радиопрограмите во Холандија. Една од песните што го одбележа овој носач на звук е и преработката на „Почесна стрелба“ од групата „Мизар“, за која снимивме и видеозапис во режија на мојот сопруг Милан Ристевски - ни рече Ребека.

Нашата позната пејачка вечерва требаше да настапи на фестивалот „Еклектика“, кој требаше да се одржи на сцената на Античкиот театар во Охрид, во продукција на МНА, на кој требаше да настапат и други артисти од различни музички жанрови: денс-атракцијата „Аутмајнд“, групата „ПМЏ колектив“ и психоделичните рокери „Д.Н.О.“

- Десетина дена пред концертот од продукцијата МНА ми јавија дека тој е откажан поради технички причини. Навистина ми е жал, бидејќи јас и мојот придружен бенд се подготвувавме за оваа средба под ведро небо со охриѓани, но и со публика од цела Македонија, која овој период се наоѓа во нашиот најпознат туристички град - ни рече Ребека.

Автор: М.Т.
 
   
 
 
   
Веста е прочитана:           Оценка:
1 2 3 4 5
 
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski