Вајклиф Жан сака да биде претседател на Хаити

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Вајклиф Жан, некогашниот водач на групата „Фјуџис“, размислува за поднесување кандидатура за функцијата претседател на Хаити

 
 
  
Музичарот и продуцент, според писмото кое неговото семејство го испратило до медиумите, во својата биографија сака да додаде и „професија“ претседателски кандидат или дури и претседател.

Жан е роден во близина на Порт-о-Пренс, кој во јануари оваа година беше погоден од силен земјотрес, во кој повеќе од 100.000 луѓе ги загубија животите.

Во 2007 година Вајклиф беше прогласен за амбасадор на добра волја.

Неговото семејство тврди дека тој ќе даде сé од себе да стане дел од владата која Хаити „ќе го води напред“. Портпаролката на музичарот вели дека во моментот кога одлуката на Вајклиф ќе стане конечна, јавноста веднаш ќе дознае.
 
   
 
 
   
Веста е прочитана:           Оценка:
1 2 3 4 5
 
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski