Ѕвездите не се наивни купувачи на уметнички дела

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Демјан Хрст е број еден во изборот на современата уметност, иако феноменалниот третман во медиумите на Банкси му ја крева цената. Речиси никој не покажува интерес за уметноста настаната пред 20 век и поголемиот број колекции на славните се составени без концепт и без трезвена комбинација на желбата за општествен статус и трајно вредното

 
 
  
По тајкуните од Волстрит и Холивуд одлучи своите пари да ги „погребе“ во уметноста. Дилерите со уметнички дела се презадоволни, но ни ѕвездите не се наивни купувачи. Секој новинар на „Форбс“ разоткривајќи ги најголемите светски бизнисмени ќе научи доста и за историјата на уметност. Страста со која најуспешните и најбогатите ги градат своите приватни колекции и трошат на нив е мотор на денешниот и не само на денешниот уметнички пазар.

Но кога Хокни, Фројд, Рубенс и Де Кунинг ќе станат постојани имиња во „селебрити“-магазините, тоа е тренд што треба да се забележи. Ѕвездите се натпреваруваат во купувањето уметнички дела, Бред Пит неуморно ги обиколува саемите на уметнички дела, Викторија Бекам ателјеата, а Мадона користи агенти.

На денешниот пазар на уметност на кој од сефовите се слеваат пари, ѕвездите во купувањето на уметност препознаа добар начин вишокот слава да го претворат во материјална вредност. Стотини милиони долари што се потрошени на аукциите, ги прават ѕвездите сé поважни играчи, кои го издигнуваат или го уриваат рејтингот на уметниците.

Но „селебрити“-вкусот во уметноста непогрешливо ги одразува нивните мотиви. Демјан Хрст е прв во изборот за современата уметност, иако феноменалниот третман во медиумите на Банкси му ја крева цената. Речиси никој не покажува интерес за уметноста настаната пред 20 век, и поголемиот број колекции се составени без концепт, трезвена комбинација на желбата за општествен статус и трајно вредното.

Американската уметност доминира.

Бред Пит е меѓу ретките ѕвезди, кои сами се грижат за својата збирка. Дејвид Боуви му помогна на Хрст да стане ѕвезда, но во својата колекција повеќе сака да ги има сликите на покојниот пријател Балтхус и Рубенсовите портрети. Во колекцијата на поп-дивата на која ментори и беа Ворхол и Баскијат, најголем дел од делата се спомени на пријателства. Посебно место има „Андромеда“ на Тамара де Лемпицка. Останатите дела што ги има се трофеи: Пикасо, Фрида Кало, Дали...

Со прекрасните примероци на Хокни, Фројд и Де Кунинг, Стив Мартин има најдобра колекција во Холивуд, а уметноста му е втора професија.
 
   
 
 
   
Веста е прочитана:           Оценка:
1 2 3 4 5
 
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski