Панк-феминистка што му ја избриша насмевката на општеството

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Култната панк-поетеса и прозаистка Кети Акер ќе остане запаметена како една од најмоќните и најавлијателни женски автори, која успеала да му даде глас на сето она што општествените табуа го маргинализираат

 
 
  
КВАЛИФИКАЦИЈА: Панк-феминистка што му ја избриша насмевката на општеството. Дури и во либералните кругови била нарекувана - ретка ѕверка


БИБЛИЈА НА ОДМЕТНИЦИТЕ: Рецензијата на книгата „Библија на одметниците“ уредништвото на „Њујорк Тајмс“ пред неколку години ја илустрираше со колажот на кој се поредени фотографиите на Вуди Гутри. Ричард Браутиген, Тери Саутерн и на Кети Акер. Тема на оваа алтернативна историја на американската книжевност биле писателите што го поминале животот на маргините на книжевноста ужаснати од идеологијата на владејачкиот естаблишмент. Овие автори биле политични до последниот атом, и не ретко за читателите тешко сварливи. Единствена жена на таа фотографија е Акер.


БИОГРАФИЈА: Култната панк-поетеса, прозаистка и радикална феминистка е родена во 1957 година во семејството на добростоечки евреи во Њујорк. Во историјата на книжевноста е запишана како авторка на провокативни дела, кои се оквалификувани како експериментална проза. Јунаците на тие романи не ретко напишани како раскошна интерпретација на канонските дела на светската книжевност, главно биле жени што трагаат по смислата и идентитетот во овој оттуѓен свет полн со премрежја и табуа. Генерално, Акер важела за интелектуалка едуцирана на престижни школи, способна да ги разбере и примени и најкомплицираните теоретски дела.


АНГАЖМАН: Била уверена дека книжевноста не смее да експериментира само со синтаксата и стилот, туку треба да му даде глас на сето она што општествените табуа го маргинализираат. Пишувала за абортусот, силувањето, инцестот, тероризмот, порнографијата, насилството... Преку своите мачни и ангажирани текстови се обидувала да се избори за еден слободен простор.


ИЗЈАВА: Како што би рекол ликот од нејзиниот најкомплексен роман „Ин меморијам за идентитетот“: „На големата култура и се потсмевав, на оние што сега се сметаат за големи писатели. Ги сакав наивните сликари, примитивните сликари, шизофрените сликари, модните дизајнери, цртачите на стрипови, популарната уметност, сета ниска брутална книжевност, црковниот латински, лошите порно-филмови... Сé само не културата. И сонував за крстоносци, за патувања непознати на нашите учебници по историја, сонував за народи што постојат надвор од документацијата, за задушени верски војни, револуции, за големи смени на расните и постоечките маси, дури и за смена на континентите - топологиски револуции: верував во секој копнеж и мит“.


ЕГЗИБИЦИОНИЗАМ: Била трајно фасцинирана од тетовирањето, пирсингот, егзибиционистички подготвена да шокира со детални исповеди за своите бисексуални активности, за работата во стриптиз баровите, или за теренското истражување на садомзохистичките пориви.


СМРТ ВО МЕКСИКО: Починала од рак на дојката во 1997 година. Крајот на животот го дочекала во една мексиканска болница, во собата 101, што прославениот стрип -втор Алан Мур го прокоментирал со зборовите: „Не постои ништо што таа жена не може да го претвори во книжевна референца“
 
   
 
 
   
Веста е прочитана:           Оценка:
1 2 3 4 5
 
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski