Во кризата се прават профити

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Во екот на оваа рецесија кога зборот инвестиција е табу во околните земји, странските фирми не се занимаваат со медиумските игри, но темелно ја прегледуваат Македонија гледајќи во нас излез од кризата

 
 
  

Фирмите во Европа ни посочуваат дека очекуваното подобрување не дојде во вториот квартал, а веќе и третиот е изгубен. Во многу сектори, не само што е паднат бизнисот од 20 до 50 отсто помалку од лани, но и не постои прегледност за порачки во наредните 6 до 12 месеци. Охрабрувачки се коментарите на забрзаното трошење на резервите, кои иако негативно делуваат на БДП, сепак се позитивен знак за ново производство во третиот и четвртиот квартал, како и нови порачки поврзани со стимулите во САД. Многу компании ова лето ќе анализираат каде се, што ќе се врати, а што неповратно ќе се смени во бизнисот, со цел на крајот на септември да прават планови за 2010 година. Соочени со вишок капацитет и намалени порачки, фирмите бараат нови пазари и намалени трошоци. Затоа очекуваме ново темпо на инвестиции кон крајот на 2009 проследено со прочистување на билансите кај банките кои во западна Европа се уште го држат клучот.

Од ова доаѓа и оптимизмот за Македонија, не само како држава со докажана стабилност, туку и како земја која поседува голем потенцијал за домашниот и странскиот капитал. Покрај нашите евроатлантски аспирации, битно е да се нагласи колку добро се држиме на сопствени нозе и како кандидат. Еден таков успех е втората емисија на еврообврзници со каматна стапка за 0,5 отсто пониска од компарабилни обврзници од Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО, надвор од еврозона, и со повисок кредитен рејтинг од Македонија. Кога Германија, Шпанија, Велика Британија, Чешка и Латвија не успеваат со емисии на еврообврзници, македонскиот пласман претставува најобјективна процена од приватни странски фондови за стабилноста на земјата и нашата иднина. Воедно, во екот на оваа рецесија кога зборот инвестиција е табу во околните земји, странските фирми не се занимаваат со медиумски игри, но темелно ја прегледуваат Македонија гледајќи во нас излез од кризата.

На крај, Америка ќе остане водечка економија и сила барем до 2050 година, што го оправдува нашето стратегиско партнерство со САД. Но денес нашите најголеми трговски партнери (Србија, Германија и Грција) се во Европа, каде и недвосмислено се приближуваме политички. Затоа, македонските бизниси треба да бараат потенцијален пазар во САД за да се балансира економската зависност од европските пазари и да се зголеми трговската размена која е само 120 милиони долари годишно. Нашите производствени трошоци во целина се еднакви со Кина, а јазично и културно сме поблиски за оутсоурцинг активности. Системските предизвиците во ЕУ ќе воведат нови реформи и правила кои ќе имаат директно влијание во Македонија. Институциите од ЕУ ќе треба да ги погледнат позитивните примери од други земји за реформи и справување со кризата. Домашните банки треба агресивно да ја искористат својата финансиска стабилност и капацитет за кредитирање во извозна полза на домашните фирми. Македонските фирми, гледајќи го примерот на Полска во рецесијава, треба агресивно да ги зацементираат своите позиции во ЕУ, и да си ги прошират пазарите како во САД така и во други големи пазари. Во кризата се прават профитите.

(Крај)

Авторот е министер за привлекување странски инвестиции во Владата на Република Македонија

 
   
Автор: Веле Самак  
 
   
Веста е прочитана: 172          Оценка: 4,7  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Tomi
Pa dobro, se soglasuvam so vasite stavovi. Togas da bideme poresitelni i poodlucni i da rabotime vo taa nasoka. Belki i za nas Makedoncite doagaat posvetli denovi posle dolgata i macna tranzicija koja upropasti mnogu semejstva a na koja i kumuvaa gospodata od SDSM.
 
Musso
Samak, te iscitav (site prodolzenija). krajot ti vredi, samo koj da go sfati. Mirka, Aco i komapnija vo NM se "alergicni" na SAD, pa me cudi kako "ti dozvolija" vaka da go zavrsis napisot :=)
 
Градител
Браво Самак, покажи им на она неписменана багра како работи,функционира и размислува светот , а не тука да не трујат со своите неекономски догми и демагогии. Поздрав и биди поприсутен меѓу граѓаните и твојот еснаф.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski