|
|
Нашата шанса |
|
||||||
Многу фирми уште од јануари ни посочуваат дека и покрај инвестициските можности, нивните планови се замрзнати поради недостиг на работен капитал и инвестициски кредити. Од ова се гледа дека во моментов потенцијалот за финансирање на инвестиции е далеку подобар во Македонија отколку во Европа |
|||||||
|
|||||||
Справувањето со овој вишок на работна сила ќе има директно влијание во Македонија, но потекнува делумно од задоцнетото (не)решавање на банкарскиот проблем во Европа. Според ММФ, загубите во европските банки се околу 900 милијарди долари. Тие не потекнуваат од Америка, но од бабулето во недвижности во Европа. На пример, 80 отсто од станбените кредити во Унгарија во минатите 2 години се со девизна клаузула во швајцарски франци. Милијардите инвестиции во Бугарија, омилени за нашите медиуми, денес се само замрзнати, недовршени или неисплатливи имоти. Според последните статистики, во Шпанија поради евтините евро-кредити изминативе 2-3 години изградени се повеќе домови отколку во Англија и Германија заедно! Со издувањето на ова бабуле, најпогодени се австриските, италијанските, белгиските и шведските банки, додека германските ландес-банки се соочуваат со 200 милијарди евра загуби. Европската Централна Банка (ЕЦВ) прави сé што може, вклучувајќи ги последните 600 милијарди долари кредити од 1 отсто за докапитализација и ликвидност во банките. Но кризата покажа сериозен структурен недостиг: недоволно меѓунационална и институционална координација, различни интереси меѓу земјите-членки, и недоволно регулаторна моќ. Додека САД е при крај со реформите во банките, во Европа допрва треба да се завршат стрес тестовите на банките. Мандатот на ЕЦБ е исто така лимитиран на поставување камати, без регулаторна улога да координира акции за спасување или затворање на банки или моќ да ги принуди банките да ја користат новата ликвидност. Затоа, за 24 часа од овој ликвиден бран една третина од капиталот наместо во фирми се врати назад во ЕЦБ. (Продолжува) Авторот е министер за привлекување странски инвестиции во Владата на Република Македонија |
|||||||
|
|||||||
| Веста е прочитана: 129 Оценка: 4,42 | |||||||
|
|||||||
|
|