САД експресно се справува со финансиската криза

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Густината на населението во Америка (44 на еден километар квадратен) е помала од светскиот просек. Споредено со ЕУ, Германија и Кина, САД има огромна територија за развој преку ново население од наталитет и имиграција. И Македонија располага со натпросечен потенцијал за економски раст само од овој фактор

 
 
  

Идниот потенцијал на една економија или земја зависи од денешната големина, од изворот на луѓе и капитал во иднина, како и од системот кој ги става во функција. САД покажа дека поседува најдинамичен економски систем кој ефикасно се справува со предизвиците на длабоката криза и е подготвен да го поднесе товарот на огромните трошоци и загуби со цел да се позиционира за нов раст. Во моментов економијата на САД (над 14 трилиони долари) е поголема од економиите на Јапонија, Кина и Германија заедно, а само бруто индустрискиот сектор е поголем од целиот БДП на Кина. Еден од главните фактори за развој е населението, особено младото население во иднина, затоа што тоа е нова работна рака и потенцијални потрошувачи на пазарот. Америка со население од 44 луѓе на еден километар квадратен има густина на населеност помала од светскиот просек. Споредено со ЕУ, Германија и Кина, САД поседува огромна територија за развој преку ново население од наталитет и имиграција. Македонија во споредба, располага со натпросечен потенцијал во Европа за економски раст само од овој фактор.

Другиот фактор, изворот на капитал ја зголемува продуктивноста на населението и нивните идни приходи. Експресното справување со финансиската криза во САД, особено преку неконвенционални мерки, покажа колку брзо се ремонтира и овој мотор на развојот. Покрај рекордните буџетски дефицити, зголемувањето на јавниот долг во САД и воедно земајќи ги предвид и сите загуби, испаѓа дека доколку сите долгови би се исплатиле, на американското население им останува вкупно нето вредност од над 50 трилиони долари, или четири пати од годишен БДП. Како одговор на првото прашање, големината на американската економија и нејзиниот растечки потенцијал барем до 2050 година не ќе можат да бидат заменети.

Останува прашањето што ќе се смени во следните 5 до 10 години. Како што сите детално го разгледуваат одбранбениот буџет на САД да ја видат нивната воена поставеност и политика, така денес можете да ја видете насоката на индустриската политика на САД. Претседателот Обама ја искористи кризата за да спроведе длабоки реформи во здравството, енергетиката и иновациите во „зелената“ индустрија. Една негова цел е да се дуплира производство на струја од обновливи извори за само три години со буџетот кој предвидува: 15 милијарди долари годишно за обновливи извори од ветер, соларна енергија, биогориво и поефикасни возила; 2,5 милијарди долари за електрични батерии; 11 милијарди за обнова за електрична трансмисија, 8.000 долари субвенција за секое електрично возило...



Првите стимули веќе ја погодија автоиндустријата која во САД претставуваше една од понеефикасните. Со агресивно преструктурирање и ваков буџет, САД сака брзо да ги надмине конкурентите преку нови технологии. „Форд“, „Нисан“ и „Тесла“ минатиот месец ги добија првите милијарди помош за нови фабрики за електрични возила и батерии. Всушност, технологијата за литиумски батерии и електрични мотори ќе биде клуч во наредните децении. Мое лично предвидување е дека во 2015 година во САД ќе има повеќе од еден милион нови електрични возила на патиштата. САД ќе остане најголем производител на обновлива енергија од ветер, сонце и геотермални извори, и постепено ќе ја намалува зависноста од увозна нафта на патот кон енергетска независност.

Разликата меѓу САД и Европа во автомобилската индустрија ќе стане сé подрастична во наредните години. Додека во Европа нема авто-брендови на работ на банкрот, за жал имаме хроничен вишок на капацитетите во последниве 10 години. Во изминатите пет години вработеноста во Европа во автоиндустрија беше стабилна на 2,3 милиони, додека во САД, со сите тешкотии се намали од 1,1 милиони на 781.000 луѓе. Ова укажува на фактот дека постои 35 отсто вишок капацитет односно седум милиони возила во Европа, додека во САД, вишокот ќе изнесува околу три милиони возила. Вработеноста во Европа се држи на два столба: субвенции за плати во време на криза и во моментов субвенции за нови мали возила кои чинат околу 2-3.000 евра. За жал, ваквите субвенции во продажбите на мали возила, според сите фирми со кои водиме дискусии, се како дрога за зависник, помагаат денес, но ќе болат в година кога потрошувачката нема ни најблиску да се врати на нивото од 2008 година. Заради национална определба во државната помош во ЕУ, темелната реконструкција во авто индустријата ќе се одложува, консолидацијата ќе оди постепено, а конкуренцијата ќе ги присили само најхрабрите да инвестираат почнувајќи од 2010 год.

(Продолжува)

Авторот е министер за привлекување странски инвестиции во Владата на Република Македонија

 
   
Автор: Веле Самак  
 
   
Веста е прочитана: 218          Оценка: 3,79  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski