Му ставивме споменик, не му го најдовме гробот


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Радмила Заревска
За Бога и за парите
И покрај напорите на државните институции да ги прецизираат даночните обврски на црковните работници и на верските заедници, деновиве е повеќе од јасно дека УЈП, МПЦ-ОА и ИВЗ се бркаат како мачка и глушец ...
 
Венко Андоновски
Форма и реформа
Нашето капитулантство – некритички да прифаќаме сé што доаѓа како интелектуална стока „од Запад“ - често било предмет на моја критика, но и причина да бидам погрешно разбран. Јас само сум велел: не може да се накалеми авокадо ...
 

Веб коментари
Не се води евиденција / Просечниот граѓанин нема пари / Го сменивме односот / Камбаните и туѓата несреќа / ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Шеесет години по смртта на Панко Брашнаров, за овој македонски патриот, комунист и прв претседател на президиумот на АСНОМ, не знаеме ништо повеќе отколку, на пример, на 50-годишнината од неговата смрт, иако неговиот споменик е еден од првопоставените во проектот „Скопје 2014“

 
 
  

Панко Брашнаров

60 години по смртта на Брашнаров

- Брашнаров е историска личност и македонист, со личен интегритет со свои принципи по прашањето за ослободителната борба на македонскиот народ, кон комунизмот и кон идеите за обединување на Македонија - го објаснува Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја, значењето на Брашнаров.

Емотивниот говор со кој Брашнаров го отвори Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Прохор Пчињски“ е приказ на неговото чувствување на револуционерната борба и на неговата љубов за Македонија.

„Во овој момент, во ова историско место и на овој историски ден Илинден, кога објавуваме да е отворено Првото антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнета со радост и пред премрежните очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава. Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледат изгревот на нашата слобода, гледат идеалната дружба на старите Илинденци - на Гоце Делчев и денешните илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи - слободна, обединета Македонија“.

Сепак, Брашнаров не се радувал долго на слободата по Втората светска војна. Неговата држава за која се бореше, четири години по ослободувањето, ќе го испрати на озлогласениот Голи Оток, каде што на денешен ден во 1951 година завршува неговиот живот.

- Поради својата револуционерна активност и несогласување со тогашната политика на Комунистичката партија на Југославија е осуден на седум години затвор на злогласниот Голи Оток, а до ден-денешен не се знае каде му се наоѓа гробот - вели Чепреганов.

Политичкото самоуништување на Брашнаров настапило во часот на неговото изјаснување за Резолуцијата на Информбирото во 1948 година за антисоветска кампања во ФНРЈ.

- Зад името на Брашнаров стојат и фактите, кои говорат дека е константен револуционер, а неспорно е дека бил дел на ВМРО-обединета и на Комунистичката партија на Македонија - подвлекуваат од Институтот за национална историја.

Брашнаров е типичен доказ за уверувањето дека револуцијата ги јаде своите деца. Иако неговото самоуништување настапило во часот на изјаснувањето за Информбирото во 1948 година, тој останува парадигма за доследност во интернационалистичките уверувања.

 
   
 
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 2616          Оценка: 4,56  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
До читателот
Џабе лаеш!!! Македонецот полека, но сигурно, масовно се освестува и такви отпадоци како тебе повеќе не му можат ништо. МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНЕЦ, МАКЕДОНСКИ!
 
viv0
Само толку: Како и сега што ние заедно со нашите политички водачи не знаеме на каде да фатиме од притисокот, а со огромна волја и желба да си ја зачуваме земјата, името и идентитетот, во времето на Брашнаров и пред него далеку сигурно било потешко. Истите состојби ги притискале и Делчев, и Сандански и браќата Миладинови и Мисирков. Кон се се приклонувале само пред се да останат Македонци. Фала им и слава им на сите нив, како и на Панко, кои ни оставија аманет - МАКЕДОНИЈА. Од тука треба народот и политичарите добро да размислат, животот е ништожен кога не знаеш кој си и што си.
 
R Pespanceto
Amam bre so ovaj CITATEL ete koj se protivnici na Makedonskiot Narod ovaj Gjubre CITATEL se shto e neshto Makedonsko e pre bugarsko ili nema Makedonci Makedoncite se Grci i red drugo ovaj shpion e platen koj znae kolku pari od Grckiot Budzet se shto se raboti vo makedonija e protiv istorijata Makedonska sme mue zemame od grckata lazovna istorija Alaxandar bil Grk e Shirel Grckata Kultura Zborel Grcki koj Grcki jazik Ovaj denesniot od 1865 ako imalo grcki jazik zasto pravea ovaj nov zasto nego uchea toj jazik? zatoa toj jazik e Crkven i nikoj nego znae i deneska i samite popoj nego znat shto psalvae samo go naviknale kako stiho tvorba E Chitatele tisi mrsno kuce ako ziveesh vo makedonija istrebide idiot eden BRASNAROV nese borese za Bugarija bese cist Makedonec zatoa go pratija vo GOLI OTOK .
 
читател до КОКИ
Ништо не си разбрал.За мене не е се`бугарско,не се сите Бугари и не живееле сите за бугарската кауза.За бугарската кауза се бореле ВМРО (прочитај го нивниот устав од 1896 г.напишан од Ѓ.Петров и Г.Делчев),а тоа го потврдува и академик Блаже Ристовски со изјавата,која никој до сега не ја негирал, дека во ниту еден документ на ВМРО не се спомнува македонски народ,а напротив,во сите документи на ВМРО македонците се претставени како Бугари.Вмровците во Балканската,Првата и Врората светска војна се борат на страна на Бугарија,па сега ти самиот заклучи кој се оние кои денес ВМРО-ДПМНЕ ги слави и прикажува како борци за Македонија.За Македонија и македонскиот народ се бореле обичните луѓе,македонци кои ВМРО ги користел за други цели,т.е.за интересите на Бугарија.Македонија како држава не ја створиле вмровците,туку комунистите и тие што под нивно раководство се бореле во антифашистичката војна.ДАЛИ СЕГА ТИ Е ЈАСНО КОЈ ТРЕБА ДА СЕ СРАМИ ШТО ГАЗИ ПО МАКЕДОНСКАТА ЗЕМЈА???
 
Shturo
Pa dobro be kako moze da gi iznesuvate ovie nevistini za Panko Brashnarov. Od Panko Brashnarov nema pogolem Bugarin vo svet. Koj ke vi bide sledniata tema: Todor Zivkov Makednoskiot Vojvoda
 
ТОЧНО
Точно е дека бил дел на ВМРО обединета.За Брашнаров, самиот Димитар Влахов,во „Македонско дело“ (бр.93-94 од 25.06.1929г) го спомнува како „македонски бугарин“.Писмото на Брашнаров и Шатев до КП на Бугарија,можете да го прочитате на http://www.kroraina.com/knigi/statii/shatev_brashnarov.html.
 
koki
aman veke od vakvi "citateli" aman i dosta e veka... se za niv e bugarsko ,site se bugari,i site ziveele za bugarska kauza mi se gnasi od vakvi odrodnici sto gazat po makedonska zemja a samata ja negiraat. gospod e golem i neka ima plati i vrati na site...amin
 
R Pespanceto
E ta beshe sudbinata na Makedonskiot narod vo site 4 isparceni delovi nemashe razlika edniot so drugiot del se seraboteshe protiv Makedonskiot narod i negovoto samo upravuvanje. Site nashi glavni borci i ideolozi za obedinuvanje na Makedonska samostojna drzava bea osudeni po zatvori i ubivani i ne imse znat Grobovite kade se. So informbiroto na SFRJ i mnogu drugi Makedonci bea pod istraga kako naprimer Bogoja Fotev Risto Shishkov Cento iuste deneska imame protivnici protiv postoenjeto na samo stojnosta Makedonskata drzava danese delila od Srbija bila golema greska. E narode Makedonski razbudise ne SPI TI taka veli pesnata.Brasnarov e dokaz ostana koskite vo goli otok i nemuse znae grobot e ta bese SFRJ gi cistea makedonskite patrioti.
 
jovanco
Мислев дека само јс сум тој што толку малку знае за Панко....
 
читател
Панко Брашнаров се „бори“ за македонскиот народ така што како егзархиски учител предава во училиштата во Македонија дека Македонците во Македонија се Бугари.Брашнаров се „бори“ за македонскиот народ така што членува во Народната федеративна партија (бугарска секција).Брашнаров се „бори“ за македонскиот народ како бугарски учител и член на Бугарските акциони комитети од 1941 до 1943.Претседава на АСНОМ само затоа што е најстар од сите делегати.Воопшто не се радувал на слободата после Втората светска војна,затоа што Македонија не се приклучила кон Бугарија,како што тој очекувал.А зошто е испратен на Голи оток,најдобро се гледа од писмото кое заедно со Павел Шатев го испраќаат до Бугарската КП.Упорноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ да ни ги прикаже оние што се чувствувале македонски бугари,како борци за македонскиот народ нема да успее.
 
Musso
НИКОЛА, највеќе за Панко Брашнаров, во Архивот на Република Македонија.
 
Nikola
Poveke za Panko Brasnarov - http://en.wikipedia.org/wiki/Panko_Brashnarov
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski