Убод од крлеж, последици и превенција


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Зоран Димитровски
Зошто судиите повеќе ги ценат таксистите од новинарите
Не е одговорна истражната судијка Татјана Михајлова што му опнала триесетдневен притвор на Кежаровски, туку виновен е неговиот бранител што не поднел жалба на таа одлука!? Значи, грешката е кај адвокатот, де. Да поднел тој ...
 
Дарко Митревски
На муабет со Лазо (5)
Со сѐ друго се помирил: и со тоа што го суделе татко му, и со тоа што им зеле огромни површини земја, и со тоа што ги довеле до питачки стап, и со тоа што него и неговата најмала сестра ги набркале од гимназија... Сѐ може да ...
 
Александар Русјаков
Ердоган, Лонгшенкс и Костовска
Дали ние сѐ уште би се топореле да преговараме ако утре ни додадат дека, освен името, секоја македонска идна сопруга на првата брачна ноќ мора да легне со некој бриселски бирократ, како во времето на Вилијам Волис и кралот Едвард ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Оние што често одат во природа треба убаво да ги заштитат сите делови од телото што се изложени на надворешни влијанија, како и косата и ушите. Особено внимателни треба да бидат децата што се тркалаат по трева. Исто така, треба да се заштитат и вашите домашни миленици за да не ги пренесат крлежите во домот

 
 
  
МЕДИЦИНСКИ СОВЕТИ

Убавото време нѐ мами да излеземе во природа, притоа не сомневајќи се дека би можело да нѐ касне крлеж. Убодот од крлеж треба да се сфати многу сериозно. Крлежите се мали, но многу опасни паразити, тие се припојуваат кон кожата на човекот и ја цицаат неговата крв. Овој паразит, како и секој друг, може да се искорени и уништи, но убодот од крлеж може да биде многу опасен и со тешки последици по здравјето на човекот.

Убодот од крлеж најчесто предизвикува менингитис и енцефалитис, кој може да се идентификува со вкочанет врат, заборавеност, конфузија, треска и чувствителност на светлина. Најпознато заболување од крлеж е Лајмската болест. Преку убод од заразен крлеж се пренесува Borrelia burgdorferi, тоа е спирална бактерија што е предизвикувач на заболувањето Лајмска болест. Лајмската болест е бактериска инфекција, која го напаѓа целиот организам, а особено кожата, зглобовите, срцето и нервниот систем. Откриена е во 1975 година во градот Лајм, САД, и затоа е наречена Лајмска болест. Ова е најчесто заболување кај луѓето и животните пренесено од крлежи.

ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СИМПТОМИТЕ

Болеста кај нелекуваните лица се развива во три стадиуми, со или без асимптоматски периоди меѓу нив. Првиот стадиум се јавува од 1 до 30 дена по каснувањето на заразениот крлеж. На местото на убодот се јавува црвенило, кое станува прстенесто и се шири. Понекогаш е проследено со покачена телесна температура, главоболка, болки во мускулите, зголемени лимфни јазли.
Втор стадиум: ако не се почне со лекување во оваа фаза, за 6-8 недели може да дојде до воспаление на мозочните обвивки, нервите, срцевиот мускул.
Третиот стадиум настапува кај нелекувани лица, кај кои по 10 месеци или повеќе години се развиваат трајни оштетувања на зафатените органи.
При убод од крлеж треба веднаш да го посетите вашиот дерматолог, кој ќе изврши преглед и компјутерска дерматоскопија и најбезбедно ќе го отстрани од вашата кожа. Потоа треба да се направат испитувања на крвта за да се воспостави дијагноза и навремено да се започне со антибиотска терапија. За испитувањето се користи серум.

СОВЕТИ

Испитувањето се прави од 1 до 8 недели по каснувањето од крлежот, толку време е потребно за да се создадат доволно антитела за детекција. Раната антибиотска терапија спречува појава на сериозни манифестации, но ја намалува продукцијата на антитела. Затоа не се препорачува веднаш да се дадат антибиотици по каснување од крлеж, без претходна серолошка дијагноза или постоење на барем еден клинички знак. Падот на IgM-антителата се забележува бавно во текот на неколку месеци. Следењето на ефектот од применетата терапија е на редовни интервали и во консултација со вашиот лекар.
Оние што често одат во природа, треба убаво да ги заштитат сите делови од телото што се изложени на надворешни влијанија, како и косата и ушите. Особено внимателни треба да бидат децата што се тркалаат по трева. Исто така, треба да се заштитат и вашите домашни миленици, за да не ги пренесат крлежите во домот. Доколку се случи убод од крлеж, веднаш обратете се на дерматолог, за навремено да се заштитете од несакaни ефекти.
 
   
Автор: Д-р Анета Кокалеска-Петрушевска, специјалист-дерматолог  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 314          Оценка: 5  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski