Документи на албански јазик излегуваат од Владата


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Самоил Петрески
Кога фудбалот ќе ги стигне кошарката и ракометот?
Едно е јасно, човекот што ќе го наследи Хаџиристески ќе има полни раце работа. Тој ќе мора многу посериозно да се зафати со организација на репрезентацијата, на лигата, инфраструктурата, фудбалските школи... ...
 
Кирчо Арсовски
Испразнети паричници
Јас сум убеден дека тука луѓето би се дигнале на востание само во случај некоја власт сосила да ги тера да учат и да читаат книги до снеможеност. Тогаш би паднала крв. Тогаш би виделе војна каква што историјата не помни. Но ...
 
Здравко Савески
„Мистеријата“ со драстично намалената невработеност
Колку и да покажуваат површните податоци исклучителен успех во однос на намалувањето на невработеноста, за жал, не е таква реалната ситуација ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

ВМРО-ДПМНЕ ја премолчува оваа практика што ја спроведуваат министрите -Албанци

 
 
  

Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор испрати известување до медиумите напишано на официјален владин меморандум, во кое известува за средбата со вицепремиерот Џафери со Енвер Хоџај, министер за надворешни работи на Косово. Ова соопштение е напишано на македонски и на албански јазик. Минатата недела, Секретаријатот информира за посетата на вицепремиерот Муса Џафери на Данска и неговото учество на конференција што ја организира „Дијалог форум“, невладина организација што работи на развој на нови идеи за дијалог меѓу малите етнички заедници и данското општество. Таа информација беше испратена на  албански јазик.

Ова се последни примери од практиката што ја воспоставија министрите-Албанци, од просториите на Владата да даваат изјави на албански јазик, така да ги пишуваат и службените документи што ги испраќаат во јавноста.

Професорите по уставно право велат дека со тоа се прекршуваат амандманот 5 од Уставот и Законот за употреба на јазиците на етничките заедници.

- Писмената комуникација на сите официјални претставници на Владата и другите органи на државата мора да се одвива на македонски јазик и кирилско писмо - вели Каракамишева-Јовановска.

Амандманот 5 од Уставот сѐ уште различно се толкува и меѓу експертите и меѓу партиите.

Од Владата велат дека вакви примери има често и нѐ упатија на Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. Оттаму одговараат дека соопштенијата ги испраќаат двојазично за подобра комуникација.


Во секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор официјален е албанскиот јазик

- За подобро информирање и комуникација со јавноста, соопштенијата се испраќаат на македонски и на албански јазик. Албанскиот го има и на интернет-страниците на министерства со кои раководат Македонци - вели Мухамед Хоџа, портпарол на Владата.

Но јазикот на Интернет е една страница, а јазикот на официјален владин меморандум е друга работа. Уставот предвидува службената комуникација меѓу институциите на власта да може да биде и на друг службен јазик, но тоа треба да се регулира само со посебен закон. Таков закон не е донесен.

Сега пратениците-Албанци зборуваат на албански на седниците во Собранието. Претседавачите на собраниските комисии можат да ги водат комисиите на албански. Министрите можат да одговорат на албански јазик на пратеничко прашање на собраниска седница доколку и прашањето им биде поставено на тој јазик. Албанскиот јазик се употребува во општините во кои повеќе од 20 отсто од населението ѝ припаѓаат на оваа заедница, како и во службената комуникација на граѓаните со министерствата. ДУИ смета дека тоа не е доволно и дека албанскиот јазик треба да биде втор службен јазик во државата. Ова барање го наметна како тема и во преговорите за состав на Владата во 2008 година. Доколку албанскиот јазик добие поширока примена и стане втор службен јазик, тоа ќе биде резултат на политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.


Закон за употреба на јазикот на заедниците

Јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија се употребува во Собранието на Република Македонија; комуникација на граѓаните со министерствата, судските постапки; управната постапка; извршување санкции; народен правобранител; изборниот процес; при непосредно изјаснување на граѓаните; при издавањето на личните документи на граѓаните; при водењето на матичната евиденција; примена на полициски овластувања; во радиодифузната дејност; инфраструктурни објекти; локалната самоуправа; финансиите; економијата; образованието и науката; културата и во други области и институции во согласност со овој закон.


Амандман 5 од Уставот

1. На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
Друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член. Личните документи на граѓаните што зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон. Кој било граѓанин што живее во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо. Подрачните единици надлежни за тие единици на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот. Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го употребува граѓанинот. Во органите на државната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик може да се користи во согласност со закон. Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20 проценти од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20 проценти од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.


 

 
   
Автор: Сунчица Стојановска Зоксимовска   Фотографија: Дарко Андоновски
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 2155          Оценка: 4,02  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
dusan
Ne cudetese-na nervirajtese,tuku mislite koga ima izbori ne glasajte za sekogo nekogo,sekogas treba da imame vlada sto ke ima mnozinstvo vo parlament,nikogas da ne zavisi od protiv drzavni strukturi !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Skenda
Да се чудиш ...Но најважно од се’ е да се забрани постоење на албански партии.,,, Stvarno nadimakot ti stoji odlicno da se cudis ,,, od" ke se cudis"
 
Taka, nie ne cinime!?
Premierot Gruevski ja sproveduva PROGRAMATA za rasturanje na Makedonija vo nekolku fazi. Glumi i laze narod na koj sto mu JA KRADE DRZAVATA! TOJ e povikan reagira na vakvoto povedenie na NEGOVITE MINISTRI! Neka sobere hrabrost i NEKA GO SNEMA OD MAKEDONIJA!
 
sviracot
makedonec nema nikakva nacionalna svest,vcera jugolsloven,denes pogrcen grk od grujo ,utre koj znae sto ce bidete ,nia albancite znaeme sto sme i fokusirame samo na toa mi se cini ke bide lesno dave asimilirME KOGA NASKORO KE BIDETE MALCINSTVO.
 
Gogo
Albancite ne se ni 20% vo Makedonija. Dali se REALNO i 17%. Zatoa pravea i neredi lani za vreme na popisot. Koja pravicna zastapenost baraat tie so sobranieto. Eden den kje se napravi prav popis, i kje ja vidime vistinata za Makedonija i za ramkovnite dzabolebarski vrabotuvanje.
 
Tudzar
Pa taka i ni trebit so toj pusti Ramkoven a plus i koj ni et kriv ko na poslednite izbori namesto da glasaat sto pojke za VMRO DPMNE za da bi imale sopstven majoritet i na toj nacin da izbegnat uceni od Albanskite koalicioni partneri Makedonceto kako i sekogas i sega PODELENO,RAZEDINETO.
 
roki
Nesposobnici, ne uspeaja za 20 godini da izgradat pravna drzava. Zakonot se primenuva selektivno, a skoro sekogass albancite se vo privilegirana pozicija.
 
djore
Nasive Makedonski politicari ke se ispotepaat za vlast i obekjavaat se isesto samo da dojdat na vlast toa uspesno go koristat albanskite politricari koi imaat svoja agenda sto uspesno ja sproveduvaat i malku oravejki se netokmu malku na sila si gi sproveduvaat svoite baranja a nie sme malodusnni pa komentirame kako ed pogore i cekame nekoj drug da ni gi resava problemite no toj drugiot ne gi resava po pravda no po toa kj poveke ke plati pa imavme prilika da vidime duri i formiranje na nova drzava vo sosedstvoto.
 
lepi
vn vmrp i e vazno samo da opstane na vlæast so koaligioniot partner se drugo se pravat slepi...ako nes epodelime ce otide so do vardar i toa ne kaj vardar tuku veles do gevgelija..kakov patriotizam i nacvionalna svest barate od vmro koga tie delat aplikacii za otpisuvanje od mak drzavjanstvo na aerodrom petrovec...
 
GOCE SHESHKO
Ako ova e vistina togas VMRO DPMNE kade sum clen poracuvam da se odkazat od partijata i od Vladata ova e predavstvo na nasata nacija Makedonska
 
ed
vo vakvi slucai mislam deka e dobro sto lugjeto zimaat bugarski drzavjanstva. pa kje vidime togas dali albancite kje bidat mnozinsko malcinstvo...
 
Да се чудиш
Веднаш да запре таа гнасна окупација на највисоките државни институции и да се забранат тие бедни малверзации на албанските неранимајковци. Не ги навредувам по етничка основа туку по основа на честа, за која докажале дека не се способни. Значи, оној што прекршува закони од највисоко државно значење, а факт е дека нивните функционери тоа го прават, ќе добие и највисока казна (се разбира, и затворска и материјална). Но најважно од се’ е да се забрани постоење на албански партии. Од незнаење или за пари, првата гарнитура македонски политичари ја постави на потполно погрешни нозе основата на повеќепартискиот систем. Не смее да постои партија во која ќе членуваат повеќе од 20% припадници на малцинствата. Зашто секоја таква партија има огромен потенцијал да работи против интересите на Македонската Држава. Ако Албанците ги има 20%, нивното учество во која било партија не смее да биде поголемо од 20%. Тоа е демократија. Другот е злоупотреба.
 
око
Ако, ако, така ни треба, уште може да премолчи народов. Не ја заслужуваме оваа земја, не држава, туку ЗЕМЈА.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski