Цела деценија ме измачува Радуша


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Александар Србиновски
Десетгодишнина е и од маките на бранителите
Неколку споменици, две политички партии и движења, дузина невладини организации, рани што сé уште болат и полн куфер празни ветувања од политичарите- тоа е синоним за луѓето што пред една деценија стоеја на браникот на нашата ...
 
Тихомир Јанчовски
Nomen est omen
Замислете Грција и Израел, како национални држави, чии современи јазици лингвистички гледано, се директни наследници на старогрчиот и староеврејскиот јазик да потегнат спор во ОН за личните имиња, зашто сите што ги носат нивните ...
 
Мирка Велиновска
Во провалија паѓаат арогантни слепци
Ете и сега, водачот на „слепците“ очајнички јавно им ја нуди премиерската функција на Албанците за својот пораз да го претвори во уште една победа над Македонија и така да му се одмазди на мнозинскиот народ што погрешил ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Не постои ништо што може да ми ги избрише сликите од заседата кај Радуша, длабоко во мене сé уште ми е мачнината од сликата што ја паметам, раскажува пензионираниот полицаец Ацо Стојановски од Унијата на бранителите на Македонија

 
 
  
Не постои ништо што може да ми ги избрише сликите од заседата кај Радуша. Длабоко во мене сé уште стои мачнината од сликата на моите раскрвавени колеги додека ги извлекував од јагленосаниот автомобил, додека над главата ми летаа куршуми од терористите. Кога заседата понекогаш ќе ме остави на раат, се обидувам да отспијам малку, меѓутоа сеќавањата набргу ме навјасуваат.
Пензионираниот полицаец Ацо Стојановски од Скопје вака го почнува секое сеќавање на 2001-та. Денес тој е инвалид и претседател на Унијата на бранители на Македонија.
Стојановски меѓу колегите и другарите важи за херој што спасил два живота. Полицаецот учествувал во конфликтот во 2001-та како заменик-командир на вод на полициска единица во реонот на Радуша. Тој е меѓу првите македонски бранител што ја формирале нивната унија. За него заседата кај Радуша е најлошата работа што му се случила во животот. Ацо е средовечен полицаец, кој со инвалидитет ја завршил својата кариера. Кај него не може да се види нималку страв од она што го преживеал. Ама, вели, очите и душата понекогаш го издаваат, од сé што видел пред десет години.
Заедно со Ацо ги посетивме местата каде што се одвиваа немилите настани што му го променија животот. Вознемирено се присетуваше на секоја минута. Пред десет години шест полицајци пристигнале во 9 часот наутро во Радуша со „застава 101“ и со „лада нива“. По еден час тргнале назад кон Скопје и биле нападнати од заседа.
- Беше утро и возевме по патот меѓу Дворци и Радуша. Сé беше нормално. Времето беше сончево исто како денеска, по десет години. Ни јавија дека селскиот оџа нé повикал да нé замоли да ги оставиме на мира тие што не фатиле пушка в рака - раскажува ветеранот.
Тргнуваме надолу, кон местото на нападот.
- Замислете, истите грмушки сé уште стојат. Не се измениле, останале такви какви што ги паметам. Терористите излегоа оттаму. Беа на десетина метри пред нас, во правецот накај што се движевме - додаде тој.
Сé траело четириесетина минути. Напаѓачите со автомати и со зољи отвориле оган врз полициските возила. Во „заставата“, која била предводник на патролата и се превезувал Стојановски, завршиле две зољи, а „ладата“ успеала да стигне до најблискиот полициски пункт, каде што им била дадена помош.
Стојановски се присетува како ги извлекувал еден по еден ранетите колеги. Тој пукал кон напаѓачите и самиот успеал да ги одбрани ранетите повеќе од половина час додека не пристигнало засилувањето. Петнаесетина минути пред 11 часот полицајците биле извлечени со хермелин на АРМ, а напаѓачите се разбегале. Во овој инцидент ранети беа заменикот Стојановски, резервистите Зоран Трповски, Влатко Јовановски и Васе Пешевски, како и двајцата доброволци Киров Даниел и Дарко Поповски.
Пензионираниот очевидец на воениот конфликт нé прошета насекаде низ реонот што му бил работна должност и каде што командувал со своите полицајци. Тој вели дека тука месното население ги правело највкусните јагниња и најдоброто сирење, а рибата била посебен специјалитет. Стојановски нé однесе во блиската гостилница, каде што секогаш го пиел своето кафе кога ќе излезел на пауза.
- Генерално тука не се променило многу, а намерно не доаѓав да не се присетувам на трагедијата. Месното население се истите луѓе и живеат со истите проблеми на секојдневието - вели Ацо.
Сепак разрушената амбуланта, полициската станица, општинската зграда и железничката станица ќе останат сведоци на сé што пред една деценија се случуваше во овие краишта на Македонија.
 
   
Автор: Александар Србиновски   Фотографија: Игор Бансколиев
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 1698          Оценка: 4,64  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Marko
I na tie ubici i teroristi ke treba da im dademe penzii za stresot sto go preziveaa dodeka ubivaa makedonski policajci i vojnici kukavicki od zasedi.Isto kako amerikancite da mu dadea penzija na Bin Laden ...mu dadoa ama nesto drugo ne penzija i privilegija
 
Itar Pejo
Uste zboruvate za "teroristi" i "braniteli" !!! Zar ne ste cule deka konfliktot se zavrsi so kompromis. "teroristite" baraa promeni vo ustavot i dobija. Nekoj da mi objasni sto branea i odbranija "branitelite". Ja branea teritorijata koja nikoj ne im ja cepkase. Svestete se malku!
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski