Стариот протест ќе ги пречека новите пратеници


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Александар Србиновски
Десетгодишнина е и од маките на бранителите
Неколку споменици, две политички партии и движења, дузина невладини организации, рани што сé уште болат и полн куфер празни ветувања од политичарите- тоа е синоним за луѓето што пред една деценија стоеја на браникот на нашата ...
 
Тихомир Јанчовски
Nomen est omen
Замислете Грција и Израел, како национални држави, чии современи јазици лингвистички гледано, се директни наследници на старогрчиот и староеврејскиот јазик да потегнат спор во ОН за личните имиња, зашто сите што ги носат нивните ...
 
Мирка Велиновска
Во провалија паѓаат арогантни слепци
Ете и сега, водачот на „слепците“ очајнички јавно им ја нуди премиерската функција на Албанците за својот пораз да го претвори во уште една победа над Македонија и така да му се одмазди на мнозинскиот народ што погрешил ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Копија од протестното барање против полициско насилство, на кое се имаат потпишано околу 3.000 граѓани, утре ќе добијат сите пратеници пред почетокот на првата седница на новиот собраниски состав

 
 
  
Копијата ќе ја достават активистите по 18-дневните протести, организирани по смртта на младиот Мартин Нешковски, кој настрада од припадник на специјалната единица „Тигри“.

- Утрешниот протест ќе биде статичен, само пред Собранието. Наша цел е протестното барање против полициското насилство да биде ставено како точка на дневниот ред во Собранието. Очекуваме голема поддршка од пратениците, затоа што очекуваме дека пратениците, без разлика на која политичка партија припаѓаат, се против полициското насилство - изјави Петар Стојковиќ, редовен учесник на протестите.

На денот кога ќе биде одржана првата конститутивна седница на новиот состав на Собранието е закажан нов масовен протест.

Протестот ќе почне зад Спомен-куќата на Мајка Тереза во 10 часот, а во 11 часот граѓаните ќе се упатат кон Собранието на Република Македонија да ги пречекаат пратениците пред конститутивната седница, закажана за 12 часот.

 
   
Автор: С.А.  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 98          Оценка: 5  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski