|
|
Кристина снима со светски познати музичари |
|
||||||
Деновиве на радиостаниците во земјава ќе почне да се емитува првиот сингл од новиот албум на Кристина Арнаудова, кој во моментов се реализира во студио, а би требало на музичкиот пазар да се појави во април идната година. Автор на првиот сингл е американскиот композитор и продуцент Мајкл Ли Џексон, кој соработувал и со легендарниот Јан Гилан од „Дип парпл“ на неговите последни три албуми, како автор на композиции и како гитарист |
|||||||
|
|||||||
| Песната на Кристина е целосно отсвирена во живо со повеќе од 20 музичари, во едно од најголемите студија во Лос Анџелес, а само вокалот на Кристина се снимаше во скопското студиото „До-ре-ми“, каде што ќе продолжи снимањето на вокалите за овој носач на звук. Песната има две верзии, македонска и англиска, и е насловена „Love you for life“, односно „Те сакам до крај “. Самата Кристина е авторка на македонскиот текст, а и двете верзии ќе се вртат на радиостаниците во земјава. Спотот за оваа нумера треба да се појави на 1 септември, а како и досега ќе биде промовиран на регионалниот музички канал Ем-ти-ви. Финалниот микс на песната е на Кокан Димушевски, кој ќе ја работи целата тонска продукција на албумот. Мастерингот, односно доработката на овој материјал ќе го работи еден од најпознатите тонски инженери во светот Ник Благона, кого во Канада го нарекуваат тонски гуру. Тој работел на албумите на „Полис“, „Дип парпл“, „Чикаго“ и на други славни музичари и групи. Придружните вокали на композициите од новиот албум ќе ги изведуваат вокали со афроамериканско потекло, чии гласови се специфични и подлабоки, како и афроамерикански госпел-хор, но само на англиската верзија. Продуцент на вокалот на овој сингл, како и на останатите на албумот ќе биде Тања Царовска, Македонката која стана еден од најпрепознатливите вокали на филмска музика во светот. Целата екипа што го работи албумот летово ќе биде во студио. Тие се надеваат дека до крајот на август албумот ќе биде готов. |
|||||||
|
|
|||||||
| Веста е прочитана: 24 Оценка: 5 | |||||||
|
|||||||
|
|