Демонстрантите го повикаа Иванов на улица


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Владимир Николоски
Кратки рокови за старо-новата влада
Владата, која во изминатиот мандат потфрли во реализацијата на големите проекти од патната и железничката инфраструктура, сега има малку време за да докаже дека има искрени намери Македонија конечно да добие современи патишта ...
 

Парентализмот и протестите
Мене ми е патетично, па и покровителско, нарекувањето на демонстрантите „деца“. И јас сум на 50 години дете на мајка ми, ама ова е општествено промовиран парентализам, т.е. патријархална и емоционална матрица што (не)свесно ...
 
Драгица Несторовска, невработена
Невработените никој не ги спомнува
Се надевам ова писмо ќе стигне до ушите и до очите на сите политичари ...
 
Весна Лазарова, Скопје
Пешаците си го добија тротоарот
Надлежните најпосле го средија тротоарот на улицата Васил Ѓоргов, токму пред трговскиот центар „Капиштец“, па сега работите се одвиваат по нормален ред. Замислете, пешаците одат по тротоарот, а автомобилите се на коловозот ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Помош во расветлувањето на случајот со убиството на дваесет и двегодишниот Мартин Нешковски, како и истрајност во понатамошното дејствување

 
 
  
Ова го очекуваат поддржувачите на протестите што со денови протестираат против полициското насилство, по испратеното писмо од претседателот Ѓорге Иванов, за поддршка за спречувањето на вакви трагедии во иднина. Масовен протест пред споменикот на Мајка Тереза се одржа и вчера, почнувајќи од 12 часот напладне, кој помина во знак на розови кругови што учесниците ги носеа околу вратот, што означува солидаризирање со оние што политички биле етикетирани. Четиринаесеттиот ден од почетокот на протестите беше обележан со музичко претставување на неколку групи, кои дадоа поддршка во борбата против полициската бруталност.

- Се радуваме што претседателот Иванов ја препозна нашата искрена граѓанска иницијатива и не ја идентификува со одредена политичка партија. Очекуваме по поднесените претставки да се изјаснат и од Министерството за внатрешни работи и јавниот обвинител. Го повикуваме претседателот Иванов јавно да се придружи на протестите - изјави Петар Стојковиќ, еден од учесниците на протестот, задолжен за односи со јавноста.

Претседателот Иванов, пак, во писмото нагласи дека секогаш учествувал во иницијативи за отворање дебати како да се обезбедат повисоки стандарди на демократијата и слободата во државата, а особено кога такви иницијативи доаѓаат од млади луѓе.

- Се придружувам во повиците овој случај да биде расветлен преку институциите на системот, во согласност со Уставот и законите, и одговорното лице или лица да бидат казнети, правдата да биде задоволена. Овој вид конструктивност треба да даде прогрес и унапредување на функционирањето на сите демократски институции - се истакнува во отвореното писмо на Иванов.

Тој апелираше активистите во протестите да не ги користат Интернет и социјалните мрежи за промовирање на говорот на омразата.

Повозрасните граѓани што учествуваат во младинските протести сметаат дека поголема поддршка на овој настан треба да дадат родителите.

По настапите на шест музички групи, маршот по улиците на Скопје ќе се движи од споменикот на Мајка Тереза до Владата, преку мостот „Гоце Делчев“, пред обвинителството и на крајот пред Собранието. Дел од барањата на демонстрантите е расветлување на убиството и на сите инволвирани полицајци, оставки од министерката на МВР, замена на секторот на внатрешна контрола во МВР со независен систем на контрола. Од МВР одговорија дека станува збор за поединечна одговорност на убиецот, а не за вина на целиот полициски апарат. Нивен аргумент е што полицијата во многу кратко време, помалку од 24 часа, го решила случајот и го открила полицаецот.

Дваесет и двегодишниот Мартин Нешковски беше претепан до смрт од припадник на специјалната полициска единица „Тигри“, ноќта помеѓу 5 и 6 јуни во центарот на Скопје, на паркингот на компанијата МЕПСО.

Учесниците најавија дека протестите нема да продолжат денеска, туку кога ќе се одржи новата седница на новиот парламент.
 
   
Автор: Р.З.  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 0           
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski