Бугарска химна во независна Македонија


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Дарко Јаневски
Бугарска химна во независна Македонија
Нека им биде простено на луѓето што се обидоа насила да влезат во Собранието на Скопје. Нека им биде простено, оти нив сон не ги фаќа, ден не ги облева, сонце не ги грее, по ова улично предавство. Сѐ му заборавија на Груевски. ...
 
Билјана Ванковска
Тој тежок збор „извини“
Замислете, тоа било диктат! Се чудат новинарите од земја на која и устав по диктат ѝ напишаа, на која ѝ диктираат да си го смени личниот опис!? Како тоа оние што поданички се однесуваат кон сѐ што ќе каже Брисел, одеднаш собраа ...
 
Сашо Клековски
Татковината - копнеж на прогонетите
Понатаму да ја развиваме културата каде што другиот, различниот е добредојден и безбеден, како наш придонес во Балкан без прогонети и без бегалци ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Нека им биде простено на луѓето што се обидоа насила да влезат во Собранието на Скопје. Нека им биде простено, оти нив сон не ги фаќа, ден не ги облева, сонце не ги грее, по ова улично предавство. Сѐ му заборавија на Груевски. Па дури и тоа што не им попушта на Грците, ама преку ова веќе не може да се помине

 
 
  
Шест години чемер, јад и пелин во душите млади, шест години „тага и болка на погледот срцен“, шест години тегобен живот под новиот режим. И конечно, „силно светнал ден“ и конечно, по неколку неуспешни револуции и бунтови, СДСМ реши да тргне во поход. Којзнае по кој пат, но сега цврсто и непоколебливо, одново го чувме повикот „Доста е!“.

И затоа, нека им биде простено на луѓето што се обидоа насила да влезат во Собранието на Скопје. Нека им биде простено, оти нив сон не ги фаќа, ден не ги облева, сонце не ги грее, по ова улично предавство. Сѐ му заборавија на Груевски. Па дури и тоа што не им попушта на Грците, ама преку ова веќе не може да се помине. Да се сменат имињата на улиците во престолнината на некогашната Јужна Србија, а денешна Македонија, па згора на тоа, една од нив да биде крстена со името на „крвникот“ Тодор Александров, тоа веќе не може. Оти што би рекол Блаже Коневски, „се поврати човек во родниот град, по многу време и мака, што оставил еднаш тој не најде пак, тој не најде ништо да мрази и сака“.
Додуша во нашиов пример не е баш дека нема мразење, ама Коневски живеел во друго време. Денес не остана ништо друго освен да се мрази овој терор. И да се урне, макар и насила.

И затоа не е време човек сега да се прашува зошто во оваа држава сѐ уште владее црно-белата историска македонска слика. Слика што им дава подароци на сите, а најмногу на Атина. Оти тешко е да се објасни зошто еден го боиме со црно, друг со бело. Тешко е да се објасни според таа слика зошто ги славиме и Илинден и Гоце Делчев, кога токму тој бил против Илинден. Зошто го славиме Даме, а не и Сарафов, кога двајцата биле во истиот илинденски штаб. Зошто го славиме Јане, кој со коњ влегол во Истанбул да ѝ помогне на револуцијата што се кренала за да се спречи автономијата на Македонија. Или зошто го славиме Карев, ама во исто време и луѓето што го затворија и убија неговиот брат Ѓорги. Зошто некои првоборци денес сѐ уште креваат револуции во независна Македонија, а молчеа кога таа стануваше дел од Народна Југославија и кога ги затвораше и убиваше тие што беа против тоа.

А не дека сите ја сакаат таа слика од две бои, нацртана уште во 1945 година. Има и такви што мислат дека нашата приказна е со толку многу нијанси, што со денешни очила тешко може да се видат сите бои на тоа време. Биографот на Гоце, Пеју Јаворов, бил Бугарин, некои велат Ерменец, човек што на колена стенографски ги запишувал деталите од своите патувања низ Македонија. Низа години подоцна, кога ослепел поради една несреќна љубов и сакал вторпат да се обиде да се самоубие, бил под заштита токму на неговиот пријател Тодор Александров. Во архивите уште се чува разгледницата што омразениот „крвник на македонскиот народ“ ја испратил до биографот на Делчев од Унгарија, во која му вели дека „ова е земја на убави жени, во која со малку пари можат да се добијат многу задоволства“. Што се битни унгарските убавици за Македонија и за улиците во Скопје? Нималку. Освен што даваат можност да се сфати дека сите тие луѓе го живееле своето време и сите тие имале свои доблести, но и маани. Како што една наша „икона“ од тоа време, чија книга децата ја учат уште во основно училиште, во 1914 година барала од Русија да се обнови санстефанска Бугарија. Но такво било времето. Што не ја менува основната идеја дека сите тие луѓе во крајна линија ги обединувало една нешто - слободата на Македонија. Да им се спори тоа денес од луѓе што уште се колнат во Сремскиот фронт се чини дека е малку претерано.

Во спротивно ќе треба да го отпишеме и Ѓорче, оти работел во бугарското МВР како задолжен за бегалците од Егејска Македонија. Не смееме да му поставиме споменик на Чакаларов, оти во Балканските војни носел бугарска униформа, како што тоа било случај и со десетици илјадници други Македонци. Ах, да, Чакаларов е од Костурско, а тоа е во Грција, па ќе ги налутиме и Атина и Брисел и Вашингтон. А најмногу некои нивни поданици во Скопје. За Гоце и да не зборуваме, оти тој, пак, на оној Герџиков од Одринско, кое нема никаква врска со Македонија, му оставил аманет да ја земе за жена неговата единствена љубов Јанка Каневчева доколку нему му се случи нешто. Предавник, нели? Како тој човек поминува кај партијата што го куди својот експодмладок оти пие кафе со внуци и со синови на вмровци, не е сосема јасно. Освен доколку не влегува во шемата на лидерот што пред некоја година се фалеше дека не може да стигне да ги суреди сите жени во Македонија.

Од друга страна, можете ли да замислите дека Илинденското востание успеало, но дека претседателот на таа хипотетичка Македонија рекол: независност - да, ама само ако не успее обединувањето со Бугарија. Таков беше планот на Глигоров во оние денови од почетокот на деведесеттите години на минатиот век за спас на Југославија, зар не? Или можете да ги замислите комитските чети на евентуално ослободениот битолски округ, со Питу Гули и со Никола Карев и сите други што сакаат да одат на Солун, ама раководството тоа не им го дозволува зашто така рекла Софија? Тоа раководство би било предавничко, така? А зошто тогаш оние што истото тоа го направија со војниците од касарната на Кале на 7 јануари 1945 година, и наместо на Солун ги пратија на Срем, не се во истиот кош? Да не зборуваме за тоа каков третман би имале оние комити што во ослободената Македонија од 1903 година не би сакале да го почнат заседавањето на Собранието без да биде интонирана бугарската или турската химна, како што тоа го направи СДСМ на конститутивната седница на Собранието на Македонија во јануари 1991 година со „Хеј Словени“.

И така можеме да редиме во недоглед. Но сето тоа не би било толку битно, да не има еден друг проблем. А тоа е дека на челништвото на СДСМ, како што стојат работите, најмалку му е битен Александров. Веќе утре ќе го заборават, ако нема луѓе што на него се „палат“ како да е ова време на комунизмот и идеолошките диференцијации кога се расправало без многу факти. И понекогаш човека го фаќа жал што СДСМ така ги употребува луѓето, сметајќи дека нивната заслепеност ќе даде некаков резултат. Тоа што со отворањето на ваквите дилеми само им се даваат подароци на Грците со наводна историска подлога и со наводното фалсификување на историјата што сега го вршат „скопјаните“ е приказна што веќе сме ја раскажувале. Но, се чини, не е лошо одвреме-навреме да се повторува.
 
   
Автор: Дарко Јаневски  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 3354          Оценка: 4,58  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Сепак
Добар обид во идеа и по наш обичај, како што и сами заклучувате, едноусмерен, недозовливо за јавен настап од неутрални позиции. НОБ и антифашистичката борба кај нас за се е крива... и за денес.....Ако не си за Бугарија, си за Србија или недај бозе за Југославија, а моето лично искуство е она што најмалку се споменува ....за Македонија со дефинирани словенски корени и наследството од сите претци во историјата на ова поднебје....
 
radovanpopovski@yahu.com.
bravo darko so vakvi zborovi i misli se deluva megu makedoncite nekoi uceni nekoi nedouceni a nekoji glupavi i zaostanale vo razvojot te molam udri gi oti fatija zabokrecina
 
Itar Pejo
Ah toj Srem, ziva rana za makedonskite patrioti! Kazi bre Darko kako idnite generacii ce ja sudat ovaa vlast sto ja ispaca vojskata vo Kabul a ne vo Srem?
 
elena
До неправда се доаѓа на два начина – или со употреба на сила, или со измама. so izmama bese:pjrm,zname,ustav; na 15-ti septemvri po eden vraboten i.tn. a polsednoto so trikot so 2005 za imeto. so sila:2001 dojdoa na vlast; predvremenite izbori 2011 ne dojdoa na vlast. soisokot e dolg za onie koi pametat aonie koi ne pametat neka procitaat odnovo i odnovo pozdrav
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski