На „златниот рид“ никнува нов град


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Петранка Талеска
Немаме ни пари ни струја!
Иако сите стравуваме дека нашиот плиток џеб ќе добие нов „струен удар“, голем дел граѓани се свесни дека цената на најупотребуваниот производ на денешницата ќе има само нагорна линија ...
 
Виктор Грозданов
Аривидерчи и тути салути
За да може да постои на пазарот еден медиум, треба да исполнува програмски, технолошки и финансиски стандарди. Јавноста треба да знае дека само програмскиот дел на една сериозна телевизија чини помеѓу 2 и 2 и пол милиона евра ...
 
Д-р Ѓорги Сламков
Време е за Јохан
Случајот „Љуботен“ е единствениот предмет од Македонија што е процесиран пред ад хок кривичниот трибунал за поранешна Југославија, преостанатите предмети ни ги вратија со образложение дека судот наскоро ќе се затворал и дека ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Изградбата на луксузниот станбено-деловен комплекс на рускиот инвеститор Јуриј Липухин во битолската касарна е само почеток на изградбата на цел нов град во овој најатрактивен дел во Битола, кој се наоѓа во подножјето на Тумбекафе

 
 
  

Станбено-деловниот комплекс „Јуриј“ ќе опфаќа површина од 35.000 квадратни метри

Русите први почнаа со градба во битолската касарна

Русите беа први што го скршија мразот и почнаа градба во некогашната битолска касарна, каде што земјиште купија голем број инвеститори. Без многу помпа и сечење ленти и панделки, завчера официјално почна изградбата на луксузниот станбено-деловен комплекс „Јуриј“ на рускиот инвеститор Јуриј Липухин, кој, за жал, не дочека да присуствува на поставувањето на камен-темелникот, бидејќи минатата година почина.

Но, и покрај тоа, неговото семејство одлучи да го изгради овој станбено- деловен комплекс за да се испочитува неговата голема желба да гради во Битола.

Станбено-деловниот комплекс „Јуриј“ ќе опфаќа површина од 35.000 квадратни метри, а во него во три ламели ќе се градат најлуксузни станови и деловни објекти. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 8,5 милиони евра.

Откако општината Битола од АРМ ја презеде касарната, локалната самоуправа и градоначалникот Владимир Талески се фатија со работа и го осмислија овој дел на градот.

Според деталниот план, во касарната ќе се гради буквално цел нов град, со голем број објекти и нова инфраструктура.

Покрај големиот број станбени згради и деловни објекти, во касарната ќе се градат и над сто индивидуални станбени објекти, детска градинка, училиште, голем трговски центар, неколку хотели, полициска станица, пожарна, катни гаражи, поликлиника, здравствен дом, а ќе се гради и голема ротациона кула, на чиј врв ќе се изгради и најмодерен ресторан, од каде што секој посетител ќе има прекрасен панорамски поглед на градот.

Овој дел на Битола воедно ќе биде и универзитетски центар, бидејќи по добивањето на објектите локалната самоуправа некои од нив веќе му ги отстапи на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, а ќе се гради и филмско студио, со што практично ќе се реализира идејата на градоначалникот Талески за Битола да стане филмски град.


Становите по светски стандарди

Изградбата на станбено-деловниот комплекс „Јуриј“ ќе трае нецели две години, а становите ќе бидат изградени по светски стандарди, со најсовремени екоматеријали, луксузни плочки, паркети, инсталации, санитарни јазли, џакузи, кади, какви што досега не се практикувале во станбената изградба во Битола, а цената на квадратен метар сепак ќе се движи од 700 до 800 евра, вели проектантот на комплексот Јорго Шундовски, бивш министер за урбанизам.


 
   
Автор: Менде Младеновски   Фотографија: Сашо Ристевски
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 1437          Оценка: 4,57  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
kopnez
A.... kolku vreme ke odzemi za da se zavrsat site raboti...mozebi ne pomalku od 50 godini...
 
sydney
go upropastija gradot site ubavini gi pretvorija vo gubre.STARIOT AT PAZAR napravija zgradi PARKOT KARSI VETERINARNA zgradi go urnaa TEATAROT gi izrusija PIONERSKIOT DOM CRKVATA NA MESTOTO KADE STO E EPINAL i mnogu drugi ova bese posledno parce zelenilo vo gradot i nego ke go izedat ne ostana nisto poveke osven divite gradbi BITOLA E MRTOV GRAD.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski