Волшебникот од Оз ги маѓепса прилепските дечиња


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Весна Дамчевска
Не ни требаат партиски душегрижници за јазикот
Одеднаш, многу душегрижници за јазикот (и од СДСМ и од владејачката ВМРО), а реално - малку вистински напори за унапредување на професионалната фела. Примери колку што сакате! Од немањето македонист во МАНУ, преку туркањето ...
 
Кирчо Арсовски
Пофалба
Педофилите се една одредена категорија луѓе, кои во блиска иднина, верувам, ќе мораат да се соочат со една восхитувачка казнена мерка, која е позната под името хемиска кастрација, но бидејќи најновите достигнувања во областа ...
 
Здравко Савески
Непознатиот Рацин
Разбирам зашто, во текот на комунизмот, Рацин намерно беше претставуван само како поет и зашто се инсистираше на нерасветлување на околностите на неговата смрт. Но не разбирам зашто е тоа така и денес, повеќе од 20 години ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

За нас е многу значајно што се вративме на фестивалот по долги години. Сега сме во придружната програма, а в година се надеваме и во официјалната театарска понуда. Мислам дека е крајно време Театарот за деца и младинци да стане рамноправен учесник на оваа манифестација, рамо до рамо со другите театри и да бидеме вреднувани заедно со преостанатите театарски куќи - Драган Довлев

 
 
  

Во Суботица на 19. Фестивал на детски театри, претставата освои награда за колективна актерска игра

Театарот за деца и млади на МТФ „Војдан Чернодрински“

По долги години Театарот за деца и младинци од Скопје повторно гостуваше во Прилеп, на 47-от театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Младата публика ја проследи претставата „Волшебникот од Оз“, во режија на Боњо Лунгов, која беше награден на неодамна завршениот детски театарски фестивал во Суботица, каде што доби признание за колективна актерска игра.

Полна сала, возбудени и насмеани дечиња, кои одвај чекаа да почне претставата. Таква беше атмосферата пред почеток на претставата, а по спуштањето на завесата, нескриено задоволство и сјај во очите.

Најмладите прилепчанчиња уживаа цел час. Тие внимателно ги следеа актерите, им се радуваа на убавите и шарени костими, ги пееја певливите рефрени, се одушевуваа од волшебната сценографија... Секако, без ангажманот на актерската екипа, Нина Деан, Тања Кочовска, Павловска, Ана Левајковиќ-Бошков, Марија Ѓорѓијовска, Драган Довлев, Ефтим Трајчев, Мартин Јордановски, Петар Стојковиќ, магијата ќе изостанеше од театарските штици.

Задоволен беше и директорот на Театарот за деца и младинци, Драган Довлев, кој посочи дека целата екипа е среќна што повторно е дел од овој престижен фестивал.

- За нас е многу значајно што се вративме на фестивалот по долги години. Годинава бевме во придружната програма, а в година се надеваме и во официјалната театарска понуда. Мислам дека е крајно време Театарот за деца и младинци рамо до рамо да биде вреднуван заедно со преостанатите театарски куќи - вели Довлев.

Тој додаде дека со претставата „Волшебникот од Оз“, креативниот тим на неговиот театар постигнал одлични резултати.

- Кога почнавме да ја работиме пиесата, знаевме дека се впуштаме во тежок процес. Но, ете, успеавме да ги реализираме сите свои замисли. Мјузиклот е издржан, забавен за децата и досега 15 пати сме го играле. Среќни сме што во Суботица на 19. Фестивал на детски театри, каде што учествувавме по тригодишна пауза, освоивме награда за колективна актерска игра. Морам да откријам дека Театарот за деца и младинци е многу наградуван, но само на меѓународни фестивали. Досега домашна награда, за жал, не сме освоиле, освен златна бубамара на популарноста - додаде директорот Драган Довлев.

Инаку, Театарот за деца и младинци од Скопје постои од 1990 година. Со нововработените четворица млади глумци: Марија Ѓорѓиоска, Емра Кутришива, Бојан Кирковски и Мартин Јордановски, полека се
комплетира актерската екипа. Наскоро треба да бидат примени уште двајца актери, кои покажале квалитет на аудиција. Тоа се Мики Јанчески и Слаѓана Милошевиќ, со што театарот ќе брои вкупно 14 вработени глумци. Но и досега малобројноста на актерскиот тим не беше пречка за работење под полна пареа. Само минатата година се одржаа три премиери, а беа одиграни околу 160 претстави. Со оваа динамика годинава овој број ќе биде уште поголем и ќе се доближи до 200 одиграни претстави, што е императив за првиот човек на театарот, Довлев.


Лична карта на претставата

Мјузикл по Лиман Френк Баум
Превод и препев: Никола Маџиров
Режија: Боњо Лунгов
Музика: Михаил Шишков
Сценографија, костимографија: Дилјана Прванова
Учествуваат: Дороти - Нина Деан
Тетка Ема; Злобната вештерка и Четка - Тања Кочовска-Павловска
Добрата волшебничка; Царица на глувците и Ножици - Ана Левајковиќ-Бошков
Кучето Тото и Чешел - Марија Ѓорѓијовска
Чичко Хенри и Волшебникот од Оз - Драган Довлев
Лимениот човек - Ефтим Трајчов
Страшило - Мартин Јорданоски
Лавот и дрвото - Петар Стојковиќ
Џвакачите - Марија Ѓорѓијовска, Ефтим Трајчов и Петар Стојковиќ
Глувци - Тања Кочовска-Павловска, Марија Ѓорѓијовска и Драган Довлев

 
   
Автор: Каролина Мицевска  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 29           
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski