Втор весник на Македонците во Грција


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Јасна Франговска
Слобода за Палестина, признавање за Македонија
Палестинско-израелскиот конфликт, кој има речиси полувековна историја, е класична приказна на судир меѓу историското право и прагматичноста на современата политика. Претставува уште еден активен спор помеѓу два народа за зголемување ...
 
Кирчо Арсовски
Зависници
Надлежните имаат поважни работи, одат на отворање болници, се грижат за сиромашните отворајќи им народни кујни во кои ги хранат со помии, наместо да ги вработат. Директорот на скопскиот институт за медицина на трудот предлага ...
 
Марија Дамјановска
„Евровизија“, барок и „Скопје 63“
Доживеавме уште едно разочарување на „Евросонг“ и вообичано ги обвинуваме другите за нашиот неуспех ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Весникот се вика „Задруга“ и го издаваат поранешни членови на Виножито, кои се излезени од партијата и кои не сметаат дека истовременото излегување на двата весника на Македонците во Грција покажува дека, наместо обединети, како малцинство се раскарани

 
 
  
За нецел месец во Грција излезе уште еден весник на Македонците, откако партијата Виножито го издаде првиот број на месечникот „Нова зора“. Списанието што излезе во печат деновиве се вика „Задруга“ и се планира да излегува на четири месеци, а го издава невладината организација Образовно и културно движење од Воден. Со невладината организација раководат поранешни членови на претседателството на Виножито, кои се излезени од партијата. Во првиот број на весникот стои дека го издаваат луѓе што ја сакаат македонската традиција и сакаат да придонесат за нејзино сочувување и за негување на културното наследство, кое поради историски и политички причини во Грција не било соодветно заштитено. Една од целите е и да се промовираат македонскиот јазик и традиционалните песни што се пеат на македонски. Симбол на весникот е дабот, чиј лист стоел на круната на македонските кралеви, а неговото издавање финансиски го помагале Македонци од Канада. На телефонскиот број што е објавен во првиот број на весникот одбија да дадат изјава со образложение дека им се јавувале други лица, кои телефонски лажно се претставувале дека се македонски новинари.

И уредничката на весникот, која не зборуваше македонски и побара да не ја споменуваме, рече дека не се заинтересирани за публицитет и беше зачудена што сме заинтересирани за весникот.

- Нам не ни треба публицитет, затоа што издавањето на весникот не е поврзано со надворешната политика - рече главната уредничка на „Задруга“. Според нејзините оцени, истовременото излегување на два весника на Македонците во Грција не покажува дека, наместо обединети, како малцинство се раскарани.

- Колку повеќе весници има, толку подобро. Коинциденција е што нашиот весник излезе истовремено со оној на Виножито - изјави уредничката на весникот чиј прв број е испечатен во 1.000 примероци и кој се дистрибуира и по пошта.

Трајанос Пасоис, еден од соработниците на „Задруга“, објаснува дека со Виножито се скарани и затоа одлучиле да печатат свој весник.

Првиот број на месечникот „Нова зора“ беше испечатен во 20.000 примероци.
 
   
Автор: Ивана Костовска  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 1299          Оценка: 4,81  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Saso Germanija
Bi go prasal Crvenkovski,Frckovski,Geroski i seta taa zbirstina, ako se krevaat nasite egejski brakja, za kogo odi vo polza taa nivna demokratska borba. Pa ocebijno e deka odi vo polza na VMRO-DPMNE i na Gruevski. Tie odstrana mu pomagaat vo nasata odbrana od grckata duhovna(dosega) agresija i tie ako im dozvolat ke bidat prvite vo eden referendum za spas na imeto, bez promena na nitu edna bukva. Onie koi tuka prefrlat za jazikot gresat, zasto mnogu nas narod tamu se budi, pa duri i da go zagubil niz teror majciniot jazik. Tokmu od toa i se plasi Atina, zasto ideologijata - ako sakas da go unistis eden narod unisti mu go jazikot - ne vazi, ako ne si mu ja unistil dusata.Imam prijateli od Skotska, koi ne go znajat nivniot star jazik i se ogromni patrioti niz angliskiot jazik.Koga razulavenata i besna Evropa ke dozvoli tamu radio, tv, skoli, univerziteti, crkvi, vesnici itn togas ke mozeme da zboruvame deka taa ke gi pocituva covekovite prava. Dosega taa EU se odnesuva kon nas selektivno i fasistoidno. Kopn ova go poducuvaat nasite od Egejot i eden mister Riker.Vo minatite tri cetiri godini na nasite vo Egejot im prativ tri iljadi dolari i sega spremam pak iljado i nema so toa da prestanam. Tie se gordi mladi lugje i cesni i ne prosat. Ne baraat. Toa go cenam. Nekoj bezobrazen ke rece, imas i zatoa davas. Siguren sum deka nasata dijaspora moze da nabere edna milijarda dolari ako odvrze keseto, koi da bidat upotrebeni za podiganje na svesta na makedonskiot rob vo Egejot, od koe najmnogu se plasi Atina i takviot proces saka da go sopre silum ili milum, a nasite politicari ako ne najdat grb, ne samo vo EU, dzaba ke im bide diplomatijata.Problemot ima podlaboka pozadina kolku sakale nie i da se branime deka nemame nikakvi iredentisticki pobudi. Nasiot narod vo Egejot ja pocnuva borbata za spas vnatre vo granicite na grckata drzava, no Atina se plasi i od toa. Ne dava sloboda.Atina se plasi od idninata na eden svet koj odi napred. 21 -ot vek nee 19-ot ili 20-ot.Se nadzira nov svet.
 
Петрос казиас
ние се согласуваме како културно друштво на воден, бес политичка врска со виножито како поранешни цленови на партијата. Исто како вие не се согласувате како поранешни Југословенци раскарани со државата. п. казиас бес страв "janichar"
 
Aнгел
И на овој весник македонски нека му е со среќа. После 100 год егзодус од ЕВРОГРЦИЈА и ова е добро. Вака и подобро треба да биде и во ЕВРОБугарија оти таму има три милиони луге со македонско потекло а во Грција се околу 800.000. И двете бројки се големи. А бе каде е оваа ЕВРОДЕМОКРАТИЈА:
 
AMSTERDAM
Se nadevam deka OPOZICIJATA NEE KREATOR NA EDEN OD DVATA VESNICI, so koj ke probat DA REGRUTIRAT SVOJI ISTOMISLENICI. Ako se rab otit za entuzijazam,rabota, GOLEM ZALET ,ili da se prodre vo dlabocina , ke ja imaat i mojata pomos,.vo sekoja smisla pa i finansiska. Samoto ime ZADRUGA , me prenese na edna bifsa logika ,..pa zatoa ja povrzav so opozicijata. Se nadevam DEKA N EE TAKA.
 
OREST
Shto povekje Makedonski pisanija vo Grcija toa podobro ,osven ako ne se obid za diskreditacija na Makedonshtinata i vmetnuvanje zrno na raskolot,shto i ne bi me zachudilo.Prvo e mnogu simptomatichno i zagrizhuvachki chudno shto glavnata urednichka NAVODNO ne go zboruvala Makedonskiot jazik. Za ova ima nekolku prichini. Prvo mozhebi od strav deka liniite se prislushkuvaat,pa od mozhni posledici koj neminovno ke sledat,ne sakala da govori na svojot majchin jazik ,ili pak e janichar koj ke rovari od vnatre. Vtoro vo odnos na nesakanjeto publicitet i dadenoto objasnuvanje po taa tema,ukazhuva na dve mozhnosti.Edna e deka vesnikot ima namera da se zashtiti od politiziranje i kako takov da se zanimava so Makedonskata ,kultura,jazik i tradicija ,a ne politika,Druga pak e istata onaa koja ja spomenav i pogore i e motivirana od panichen strav predizvikan od stopedeset godishnoto, nasledeno i lichno iskustvo.koe im go vsadil terorot v koski i za niv spasot e daleku ,a slobodnata beseda pak mislovna utopistichka imenka. Samo da ne se raboti za onaa mojana najcrna prognoza za smislena kontra propaganda i zachetok na raskol i konfrontacii so cel zamagluvanje i demoniziranje na vakvite inicijativi,a ako toa sega ne e sluchajot, nesomneno ke dojde i do realizacija na takvi podli scenarija od strana na Grchkiot fashistichki front ,pa dragi moi BELOMORCI t.e. Makedonci od Egejskiot ni del,Gospod neka vi e napomosh,bidejki R. Makedonija seushte nema MADINJA ,sushtestveno da vi pomogne,pa ste ostaveni samite na sebe si i dijasporata koja pak ne e za potcenuvanje. Ajde airlija neka vi e i SO GOSPOD NAPRED.
 
VASIL PANOV
[ ZA ZALOS ] NE MIE PAK I TSOUDNO DEKA ZNAM NIE MAKEDONTSITE SME MNOGOU BISTREN I RABOTLIV NAROT DA MOU BIDIME SLOUGARI NA DROUGI . ALI MEGOU NAS SME EDEN MNOUGOU LOUBOREN NAROT I MEGOU NAS NEMAME MNOGOU GOLEMA POTKREPKA. AMA SE NADEVAM DEKA NASTA MAKEDONTSKA MLADINA SO VREME DA GO SMENI TOA I DA BIDAT ZAEDNITSANI I GORDLIVI ZA [ MAKEDONIA ]
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski