Инвазија од крлежи и напади на змии


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Фросина Димеска
Петар проповеда и навреди за жените
Неверојатно е со каква леснотија оној што треба да шири љубов, мир и разбирање внесе немир и несогласување. Кога го слушате владиката Петар се чини ништо полесно нема на светов од навредата на женскиот пол. Излегуваш на телевизија, ...
 
Петар Шкрбина
Мировни мисии - за и против
Македонија во периодот од осамостојувањето до денес, кога ѝ беше најтешко да ја осигури својата самостојност, доби значителна воена помош во оперативните сили од членките на НАТО. Со оваа аргументација се побива тврдењето дека ...
 
Милан Банов
Признание од Брисел
Несомнено „Синтезис“ и другите културни амбасадори од Македонија треба да излезат од таканаречениот „домашен притвор“, каде што станале културна опозиција и небаре илегалци се скриле од растечкиот кич и бездарништвото што ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Инвазијата од крлежи, објаснуваат биолозите, е зашто нагло се стопли времето, па тие брзо се размножуваат, а затоплувањето им годи и на змиите. Доколку ве каснат, веднаш јавете се на лекар

 
 
  

  Во болницата „св. Наум Охридски“ за десет дена регистрирале 64 пациенти со убод на крлеж

Болниците полни

Внимавајте, парковите се полни со крлежи, а излегуваат и змии. Болниците се преполни со пациенти каснати од крлеж, а бараат помош и каснати од змија. Лекарите велат дека толку многу каснати немало со години. Инвазијата, објаснуваат биолозите, е зашто нагло се стопли времето, па крлежите брзо се размножуваат, а затоплувањето им годи и на змиите. Доколку ве каснат, веднаш јавете се на лекар.
Никако не обидувајте се сами да го извадите крлежот од телото. Ако не успеете во тоа, може сериозно да се разболите.

Никогаш толку каснати

Д-р Јасминка Чабуковска, директорка на клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, вели дека за десет дена имале 64 пациенти со убод на крлеж. Просечно дневно барале помош по петмина, а еден ден дошле 15 пациенти.

- Првпат забележуваме толку многу пациенти. Апелирам граѓаните да внимаваат. Кога одат на планина да носат планинарски чизми. Крлежот може и во чизма да влезе. Оние што ќе ги касне крлеж, да не го вадат сами. Може да остане дел од него, а таа состојба не е за потценување, зашто може да се развие сериозна болест - вели д-р Чабуковска.

На Клиниката за инфективни болести од 1 мај до вчера имале 36 пациенти каснати од крлеж и двајца каснати од змија. Оттаму информираат дека немало пациенти со компликации поради каснувањата.
Во скопската градска болница „8 Септември“, како што не информира директорот, проф. д-р Сашо Стојчев, во овој период поради мака од крлеж помош побарале 17 пациенти.

Од крлежите бегајте, змиите не лутете ги

Ива Додевска, инженер по биологија, објаснува дека навалица од крлежи има зашто нагло се затопли.
- Досега тие беа во латентна фаза, во кукли, јајца. Со наглото појавување поволни услови, се будат и брзо се размножуваат. Им годи температура на 15-20 Целзиусови степени. Ги има во тревата. Им годат топлина, влакна и крв, зашто се хранат со крвта. Затоа и се закачуваат на крзна на животни, на луѓе. Во телото може да се однесат до гениталиите и да направат уште поголеми проблеми - вели Додевска.
Змиите, објаснува таа, ги има на планините, во карпи и под големи камења и високи треви. Змиите се плашливи и главно не напаѓаат без причина.

- Затоа и не треба да се задеваат змиите - додава нашата соговорничка. 


Веднаш на лекар, пренесуваат смртоносни болести

Со убод на крлеж може да добиете вирусно или бактериско заболување. Од вирусните, крлежот пренесува конго-кримска хеморагична треска, енцефалитис, хеморагична треска. Бактериските болести што ги предизвикува се лајмска треска, рикециози, повратна треска, туларемија.
Лајмската болест, позната и како борелија или борелиоза, се препознава по црвена дамка околу местото на убодот. Дамката градациски се зголемува и има тенденција да станува сѐ поголема. Може да се појави и на други места од телото, не секогаш на местото од убодот. Обично се појавува за 1-4 недели од каснувањето. Некои пациенти со лајмска болест имаат симптоми на грип: сувост на грлото, главоболки, треска, болки во зглобовите и во мускулите, зголемени лимфни жлезди. Лекарите велат дека околу 15 проценти од пациентите со борелија развиваат невроборелија, кај која симптомите почнуваат со болки во грбот. Ако добијат невроборелија, треба итно да бидат примени во болница.
Хеморагичните трески се вирусни заболувања со висок процент на смртност. 


Како да се заштитите

Лекарите и биолозите советуваат да се избегнува колку што е можно престој во региони и на локации каде што е познато дека има крлежи. Доколку престојувате во место каде што има крлежи, носете облека што нема да остава откриени делови од телото - покријте ги рацете, нозете и другите експонирани делови, како вратот и главата. Краевите на панталоните вовлечете ги во чорапите, блузите и кошулите со долги ракави закопчајте ги до горе.
Испрскајте ја облеката со спреј на база на синтетски пиретроид - перметрин или употребете купена, специјално третирана со перметрин облека, за да се намали можноста за закачување на крлежите на облеката. Внимавајте да не прскате од спрејот на кожата на откриените делови од телото. Дополнителна заштита ќе ви обезбедат репелентите против крлежи и инсекти што содржат диетилтолуамид (ДЕЕТ), а кои можат да се нанесуваат на гола кожа.
По можна експозиција на убоди од крлежи, направете детална проверка на своето тело и облека, како и на телото и облеката на вашите деца. Особено внимание посветете им на влакнестите делови од телото, каде што крлежите најчесто се закачуваат, вклучувајќи ги и главата, вратот и пределот зад ушите, особено кај децата. Крлежите исто често се закачуваат во пазувите, во ципите, под градите кај жените, на стомакот и слично. 


 

 
   
Автор: Наташа Бошковска-Златкова   Фотографија: Игор Бансколиев
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 1821          Оценка: 4,3  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski