Македонската евровизиска делегација отпатува за Малме


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Наташа Бошковска-Златкова
Од веселба на погреб
Празниците завршија и со многу повредени во сообраќајни несреќи. Тажно е што смртни случаи и тешки повреди треба да нѐ освестат и да ни го дотераат паметот. Упорно учиме од грешките. Сообраќајната свест очигледно ни е на многу ...
 
Кирчо Арсовски
Кумановци и вицеви
Ви велам јас дека за некои и не е толку лошо во оваа мала, речиси пропадната државичка. За некои тука е многу поубаво отколку во Сан Тропе или во Флорида. Додуша, верувам дека мнозина од нив имаат купено станчиња или куќички ...
 
Мирослав Пендароски
Време на пакувања
Уште па и да кажеме искрено што мислиме во сето ова море на наместено прифаќање, веднаш ќе бидеме прогласени за еретици и старомодни дрндала, кои, ете, не се во тек со нештата. Не знам за вас, но јас не сакам и не можам да бидам ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

На 13 мај ќе биде приредена македонската вечер во Малме, кога ќе биде претставена Македонија како привлечна туристичка дестинација за скандинавските и за другите европски земји

 
 
  

Есма и Лозано се трети на втората полуфинална вечер, на 16 мај на 58.„Евросонг 2013“

Денеска македонската евровизиска делегација патува за Малме, Шведска. Заедно со нашите годинешни претставници Есма Реџепова-Теодосиевска, Влатко Лозаноски-Лозано, шефот на делегацијата Љупчо Мирковски, ќе патуваат и авторите Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Ена Цветковска и Симеон Атанасов, придружните вокали Нина Јанева и Елеонора Мустафовска, менаџерот на Лозано - Кристијан Стефановски, менаџерката на Есма, претставничката за односи со јавност Ема Темелковска, продуцентот Гоце Саздановски, Марина Стојановска од „План Б продукција“...

Според најавите, пропагандниот материјал што ќе се носи во Шведска ќе се состои од туристички материјал, цедиња, дивиди-изданија, кои ќе бидат поделени во Малме.

Инаку, владее голем интерес за Есма на евровизиските портали, а обложувачниците прогнозираат дека ќе се пласираме од 10. до 12. место. Откако ги санираше проблемите со алергијата на полен, Есма се чувствува добро и има желба што подобро да се претстави во Малме, а Лозано веќе е нетрпелив да застане на евровизиската сцена.

- Досега многупати сум бил член на евровизиската делегација, но првпат сум нејзин шеф и морам да признаам дека за мене ова е најстресната „Евровизија“ досега. Сепак, верувам дека моите и напорите на целиот евровизиски тим да ги задоволиме сите - јавноста, учесниците, пропишаните стандарди, секако и евровизиската публика - најпосле дадоа плод. Сигурен сум дека кога сѐ ќе се заврши, сите ќе ги паметиме само добрите работи, добриот пласман и влезот во финалето - ни рече Љупчо Мирковски пред заминувањето.

На 13 мај ќе биде приредена македонската вечер во Малме, кога ќе биде претставена и Македонија како привлечна туристичка дестинација за скандинавските и за другите европски земји. Мирковски нѐ извести дека Есма и Лозано на „Евросонг 2013“, песната „Пред да се раздени“ на авторите Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Ена Цветковска и Симеон Атанасов, ќе ја испеат на три јазици, англиски, македонски и ромски, како што пеат и на официјалниот спот што веќе е дистрибуиран до ЕБУ, за кој владее голем интерес. Според Есма, песната, која е спој на модерното и традиционалното, ќе ја запали Европа и таа очекува добар пласман и голем успех за Македонија. Секако, очекува дека голем број Роми што живеат во западноевропските земји ќе гласаат за „Пред да се раздени“. И Лозано го дели мислењето дека во песната максимално доаѓаат до израз неговите и вокалните способности на Есма и сигурен е дека и покрај сѐ што се случи, тие достојно ќе ја претстават Македонија во Шведска.  А што се однесува до гардеробата, Есма ќе биде облечена во црвено-жолта комбинација, што асоцира на боите на македонското знаме, задолжително со турбан на главата, а Влатко ќе биде елегантен со облека на „Бицијани“

 
   
Автор: М.Т.  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 109          Оценка: 5  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski