Фестивалското отворање и Вердиевите опери најбарани


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Наташа Бошковска-Златкова
Од веселба на погреб
Празниците завршија и со многу повредени во сообраќајни несреќи. Тажно е што смртни случаи и тешки повреди треба да нѐ освестат и да ни го дотераат паметот. Упорно учиме од грешките. Сообраќајната свест очигледно ни е на многу ...
 
Кирчо Арсовски
Кумановци и вицеви
Ви велам јас дека за некои и не е толку лошо во оваа мала, речиси пропадната државичка. За некои тука е многу поубаво отколку во Сан Тропе или во Флорида. Додуша, верувам дека мнозина од нив имаат купено станчиња или куќички ...
 
Мирослав Пендароски
Време на пакувања
Уште па и да кажеме искрено што мислиме во сето ова море на наместено прифаќање, веднаш ќе бидеме прогласени за еретици и старомодни дрндала, кои, ете, не се во тек со нештата. Не знам за вас, но јас не сакам и не можам да бидам ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Во рамките на фестивалот годинава ќе видиме седум музички настани - пет оперски претстави, едно балетско дело и еден несекојдневен настан што ги соединува актерската игра и музиката, во два дела и во два термина. Годинава има поголем интерес за билети во однос на минатите изданија на „Мајски оперски вечери“

 
 
  

Сцена од „Аида“ од минатогодишното издание на фестивалот

Поголем интерес за „Мајски оперски вечери“ од минатите изданија

Има голем интерес за билетите, пуштени во продажба пред две недели, за годинашните „Мајски оперски вечери“. Како што беше најавено, фестивалот ќе се отвори со премиерна изведба на операта „Хофманови приказни“ на Жак Офенбах, в четврток, во 20 часот, на сцената на Македонската опера и балет.
Претставата е базирана на три кратки приказни според Е.Т.А. Хофман. Во улогата на Хофман ќе го видиме белгискиот тенор Микаел Спадачини, мецосопранистката Ирена Кавкалевска ќе настапи во улогата на Никлаус, додека сопранистката Наде Талевска ќе ја толкува улогата на Олимпија. Со оркестарот ќе диригира Најден Тодоров од Бугарија, а режијата е на Урсула Хорнер од Австрија. Годинашното мото на фестивалот е „Момент што треба да се доживее“, а целта е популаризација на оперската уметност.

Популаризација на операта

- Со картите што ги пуштивме во претпродажба (единечни, блок билети и онлајн), како и со самата кампања за фестивалот, статистички годинава има значителен пораст на продажбата на билетите, за разлика од минатите години. Нашата цел е да ја популаризираме оперската уметност. Со продажбата на блок билетите видливо е дека цената си ја игра својата улога, а на заштедата публиката позитивно реагира - вели Евица Тасеска-Каранфиловска, маркетинг-раководителка во МОБ.

Според неа, најголем интерес има за отворањето на фестивалот со премиерата на „Хофманови приказни“, но и за Вердиевите опери, со кои ќе се одбележи годинашниот јубилеј на големиот композитор.

- Иако „Травијата“ и „Аида“ се веќе видени продукции, уметниците што гостуваат придонесоа за поголем интерес и за другите претстави што се на репертоарот на „Мајски оперски вечери“ - вели Тасеска-Каранфиловска.

Годинашните МОВ имаат освежена програма. Покрај премиерата на „Хофманови приказни“, публиката ќе има можност да ги проследи и Вердиевите опери „Травијата“, „Атила“ и „Аида“, со што ќе се одбележат 200 години од неговото раѓање, „Лучија од Ламермур“ од Доницети, како и балетската претстава „Дон Кихот“ со гости од Куба и од Италија.

Голем интерес за музичко-драмскиот настан

На 11 и 12 месецов, пак, на малата сцена на МОБ, во рамките на проектот „Европски оперски денови“, во кој се вклучени 107 оперски куќи од Европа, публиката првпат ќе види еден несекојдневен настан, спој на актерска игра и музика.

Станува збор за изведба на монодрамата „Сечило на тишината“, во изведба на британскиот актер Пол Хумполец. Ова е прв ваков неконвенционален проект на фестивалот. Излегувањето од програмската матрица, како што велат од МОБ, се реализира за да се освежи стандардниот репертоар на фестивалот.
Според Тасеска-Каранфиловска, одличен одѕив има и за овој проект, кој пред сѐ е наменет за студентите од ЕСРА и од ФДУ.

- Утре ќе се одржи и работилница со актерот од монодрамата „Сечило на тишината“, Пол Хумполец од Британија. Оние студенти што ќе си ги купат билет за овој перформанс ќе имаат можност бесплатно да учествуваат на работилницата - вели Тасеска-Каранфиловска.

По изведбата на монодрамата на Хумполец, ќе следува рецитал на контратенорот Луиџи Скифано, заедно со квинтет од МОБ, на кој ќе бидат изведени најпознатите дела на композиторот Георг Фридрих Хендл. Билетите за овој несекојдневен настан чинат 200 денари. 

 
   
Автор: Ивана Нолчева   Фотографија: Маја Арсова
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 69          Оценка: 2  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski