ПЕДИЈАТРИЈА - Особености на новороденото дете


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Гоце Трпковски
Зошто Спиро Ристовски е во право
Имаме проблем со работната етика, работната култура, работниот менталитет. Добро е што министерот ја отвора таа тема, но наместо да го прави тоа така што ќе ја искара младината дека е мрзелива, може да го постави прашањето ...
 
Петар Шкрбина
Влошената состојба во земјите на Западен Балкан (2)
Оружените судири во периодот од 1996 година до 1998 година на Косово прераснаа во сериозен оружен конфликт. Српските воени и полициски сили во втората половина од 1998 година успеаја да ја поразат паравоената формација УЧК. ...
 
Милан Банов
Во потрага по петтиот човек
И, впрочем, има ли таков во оваа држава, постои ли човек на кого може да му се подари довербата ако во него не препознаеме свој, можеби и скриен навивач и поддржувач на само нашата вистина; вистина што ќе ги забошотува небитните ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Родителите треба да бидат запознаени со сите особености кај своето новородено дете и на тој начин да можат да препознаат одредени отстапувања, кои бараат педијатриска консултација

 
 
  

 
Прим. д-р Марина Поп-Лазарова,
педијатар
 

Во текот на првите неколку недели од животот детето зазема положба што потсетува на неговата фетална, т.е. интраутерина состојба на телото, со силно свиткани раце и нозе, кои ги држи блиску до телото. Децата што се родени предвремено презентираат различна позиција на телото, намалена активност и тонус на мускулатурата во споредба со термински доносените деца. Новороденчињата се раѓаат со голем број инстинктивни реакции на стимулации, како што е допир или светлина, кои се нарекуваат примитивни рефлекси. Тие вообичаено исчезнуваат со растењето и матурацијата на детето.

РЕФЛЕКСИ

Најзначајни од нив се: рефлексот на кардинални точки и рефлексот за цицање. Тие овозможуваат детето да се ориентира кон брадавицата на дојката и да почне да цица. Овие рефлекси се извонредно важни за новороденчето, бидејќи го обезбедува неговиот понатамошен опстанок и раст; рефлексот на фаќање овозможува силно стегање на прстите во тупаница, секогаш кога ќе се допре дланката со прст или со друг предмет. Овој рефлекс може да се предизвика и на стапалата на детето; моро-рефлекс, или рефлекс на прегратка, предизвикува кај детето нагло истегнување на рацете настрана од телото, а потоа нивно брзо привлекување назад кон средината на телото, како имитација на прегратка (како што и се нарекува). Овој рефлекс може да го предизвикаат различни стимулуси, како што се ненадеен гласен звук, силна светлина или нагло придвижување на телото на детето; рефлексот автоматски се предизвикува со допирање на стапалата на детето на тврда подлога, при што детето прави движења на нозете што се слични на чекорење.

Појава што често се забележува кај новороденчињата, а е поврзана со незрелоста на нивниот нервен систем, е тресење на рацете, нозете или на брадата, особено кога плаче или е вознемирено. Станува збор за сосема нормално однесување на новороденчињата.

ДИШЕЊЕ

Во текот на првите недели новороденото дете вообичаено многу спие во текот на денот. Ова може да биде истакнато кај недоносените деца или кај децата чии мајки примиле лекови против болки или анестезија при породувањето.

Честопати родителите покажуваат загриженост поради начинот на кој нивното новородено дете дише. Станува збор за т.н. периодично дишење, кое е истакнато во сон. Имено, дишењето може да варира по својата честота и длабочина, и тоа од 60 вдишувања во минута до краток престанок, пауза од 5 до 10 секунди, по која детето повторно почнува да дише. Ова претставува нормална појава, но мора да се напомене дека доколку детето прави поголема пауза во дишењето или притоа помодрува, итно треба да се однесе на лекар.

Треба да се напомене дека кивањето и икањето се чести појави кај новороденчето, и тоа не значи дека детето има инфекција, алергија или дигестивни проблеми.

Родителите треба да бидат запознаени со овие особености кај своето новородено дете и на тој начин да можат да препознаат одредени отстапувања, кои бараат педијатриска консултација.

 
   
 
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 70           
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski