Три нови фабрики во Бунарџик ќе проработат до есен


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Гоце Илковски
Биди ѕвезда, а не кавгаџија
Многу добро е познато дека тренерскиот живот не е нималку лесен, бидејќи е подложен на многу стресови и искушенија, кои не го оставаат рамнодушен никого. Но тоа не му дава никому за право да навредува кого било или уште повеќе ...
 
Мирка Велиновска
НАТО како „Застава филм“
Во пресрет на самитот, во Македонија НАТО одржа вежба со филмско сценарио. Сценариото некои медиуми го спакуваа како ударна вест: „Македонија ќе биде цел на напади на Ал каеда“. Новинарите на „националните“ медиуми, демек, ...
 
Ирена Радовановиќ
Љубчо Георгиевски во редот со Џорџ Атанасовски
Што ново можат да понудат политичари со изминат рок? Едно големо ништо. Затоа и беа „бојкотирани“ од седмата сила. Излитената фраза „трет пат“ оди заедно со папагалски повторуваните излитени фрази на посочените политичари ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

„Текнохосе“ е во завршна фаза и од јуни се очекува да почне со производство, „Кемет електроникс“ идниот месец ќе почне да ја монтира опремата, а во слична фаза е и фабриката на „Протек“

 
 
  

Во слободните зони активно се работи

„Текнохосе“, „Кемет електроникс“, „Протек“ се трите нови големи фабрики што ќе се отворат во технолошко-индустриски развојната зона Скопје 1. Од дирекцијата за технолошко-индустриски зони информираат дека објектите на овие три светски бренда се во завршна фаза и дека есенва и официјално ќе бидат отворени.

- „Текнохосе“ е во завршна фаза. Се монтира опремата за работа, а објектот е готов. Од јуни очекуваме да почнат со производство. „Кемет електроникс“ идниот месец ќе почне да ги монтира опремата и машините, а веќе има и триесетина вработени што одат на обука и кои први ќе го почнат процесот на производство. Во слична фаза е и фабриката на „Протек“, кои при крајот на летото ќе почнат да произведуваат, а за што веќе се бараат вработени - ни изјави Виктор Мизо, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони.

Зоната Скопје 1, или популарно викана Бунарџик, сѐ уште е најатрактивната од седумте индустриски зони. Во зоната во Штип работи „Џонсон контролс“, кој моментално ги користи погоните на поранешна „Македонка“, додека не го оспособи комплетно својот објект. Во најава е оформување индустриска зона во Кичево, за што веќе се прават подготовки.

- Минатата недела распишавме тендер за изградба на инфраструктура во зоната во Кичево, по што ќе ја пуштиме како понуда до инвеститорите - вели Мизо.

Засега плацеви за градба во Скопје 1 купиле или, пак, веќе градат и „НН Фибер“, „Монтхерсо и груп“, како и „Ван Хул“, кој ќе прави автобуси. Фабриката од Македонија ќе ги работи 300-те автобуси што се нарачани од американска компанија. „Ван Хул“ е белгиски производител на автобуси, приколки и индустриски возила. Најголем дел од производството е наменет за Европа и за САД. Компанијата има 4.000 вработени во светот, но најголем дел од производството е стационирано во Белгија.

Од дирекцијата одговорна за зоните велат дека, освен зоните во Скопје, очекуваат да се развијат и да бидат атрактивни и оние што се околу другите градови во внатрешноста на државата, пред сѐ поради поголемата конкурентност на работната сила, како и поради веќе развиените трудоинтензивни дејности специфични за градовите. Токму поради овој факт „Џонсон контролс“, кој шие текстилни производи за автомобилската индустрија, се позиционира во Штип, каде што и досега текстилната индустрија беше развиена, па и има обучен кадар за таа дејност.

Планирани ТИР-зони

  • Прилеп
  • Гевгелија
  • Кичево
  • Струмица
  • Ранковце
  • Струга
  • Радовиш

Карактеристики на постојните ТИР-зони

  • ТИРЗ Големина
  • Скопје 1 140 хектари
  • Скопје 2 95 хектари
  • Штип 208 хектари
  • Тетово 94,74 хектари
 
   
Автор: Жарко Василевски  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 1205          Оценка: 4,83  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
risto
takvi vesti ne interesirat gospoda novinari, za dobroto na narodot i za vas kako del od istiot, ne ni treba buckanja , lazganici, podmetnuvanja.sakame takvi vesti , pozitivni, imate li vie deca , vnuci, treba li vie za niv da mislite , toa se postignuva so pozitiven pristap, so pozitivni vesti, ako nema ke gi stvorete, ako treba za vas i za narodot.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski