Турци, Канаѓани и Британци ќе бараат минерални суровини во Македонија


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Радмила Заревска
Кој пат го фаќа ИВЗ?
Ако Исламската заедница има одредени проблеми, треба да ги презентира пред државниот врв, а не постојано да се споредува со МПЦ-ОА. Најмалку што треба да прави е да се натпреварува за еднаквост во изградба на верските објекти. ...
 
Mирка Велиновска
Новинарска мафија
Како четворица новинарски доајени дисциплинирано се пројавуваат како водачи на револуционерен и божемен граѓански отпор, т.е. исклучуваат светла во телевизии за симболично да го означат крајот на слободарството и доаѓањето на ...
 
Ивица Боцевски
Македонските азиски авантури
Се поставува прашањето во колкав степен беа постигнати целите на нашата надворешна политика со нашиот досегашен воен ангажман во Азија и има ли смисла да се продолжи по овој пат имајќи ги предвид досегашните резултати ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Владата додели концесии за детални геолошки истражувања за минерални суровини на 50 локации низ државата

 
 
  

Ваљон Сарачини

 Од нив, 29 се за металични минерални суровини, 17 за неметалични минерални суровини и четири за украсен камен. Вкупниот концесиски надоместок што треба да биде уплатен во рок од 30 дена од моментот на објавување на одлуката во „Службен весник“ изнесува 50 милиони денари. Покрај домашни компании, концесии за детални геолошки истражувања добија и фирми од Турција, Канада, Австрија, Велика Британија и од Бугарија.

Министерот за економија Ваљон Сарачини вчера рече дека станува збор за најголемиот пакет на концесии за детални геолошки истражувања за минерални суровини.

- Создаваме услови за развој на бизнисите во Република Македонија. Тоа ќе значи и дополнителен приход за компаниите, ќе се отворат нови работни места и ќе се создадат услови за нови приходи за општините и за државата, бидејќи во согласност со новиот закон за минерални суровини, 78 проценти од приходите ќе се слеваат во општините, а 22 проценти во централниот буџет - рече Сарачини.

Доделена е и концесија за локалитетот Алшар, под името Мајден, која ја има добиено македонската компанија „Инфогруп“ од Скопје. За овој локалитет, како што информира министерот Сарачини, аплицирале три компании, од кои две ги исполнувале условите.

- Владата дополнително одлучи во истражувањето да може да се вклучат и научнообразовни институции што имаат интерес да вршат научни испитувања во локалитетот Алшар. Тоа беше прифатено и од страна на инвеститорот - вели Сарачини.

Според Даниела Бомбол, претставник на канадската компанија „Резервоар минералс Македонија“, која доби концесија за геолошки истражувања за металични минерални суровини, процесот на доделување концесии оди напред во последните три-четири години.

- Со законот за минерални суровини и со самите процедури, Владата направи да има почесто тендери и да можеме што повеќе да добиваме концесии, а со тоа и економијата да оди напред - рече Бомбол.
Страшо Милковски, директор на компанијата „Гранит“, која има добиено концесија за варовник кај Делчево рече дека концесиите значат многу за развојот на компаниите и за намалувањето на нивните трошоци за транспорт. 

 
   
 
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 149          Оценка: 2,33  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski