СТОМАТОЛОГИЈА - Циркониумските заби и најновото „порше“


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Кристина Мачкиќ
Судии, заштитете ги децата
Регистарот на педофили е голем и храбар чекор за Македонија. Можеби со разбирањата и нормите на Европската Унија е во спротивност со човековите права и заштитата на правата на граѓанинот, но истата таа Унија води најжестока војна ...
 
Сашо Клековски
Вината на Грција
Колку што може да се говори дека „Грција е колевка на западната цивилизација“, толку може да се тврди дека „Грција е творба на западната цивилизација“ ...
 
Силвана Марковска-Симоска
Недостиг од внимание - се јавува ли и кај возрасните?
Епидемиолошките студии во САД укажуваат дека моментално околу 10 проценти од американската популација имаат дијагноза недостиг од внимание (ADHD). За жал, кај нас нема регистар за ова нарушување и покрај тоа што постојат некои ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Погледнете ги убаво дисковите за запирање на новите возила на „порше“. Тие се направени од циркониумоксид

 
 
  

 
Д-р Јордан Стојаноски,
специјалист по стоматолошка
протетика
 

  Размислете како вселенското летало се справува со огромното количество топлина што се создава при запирање. Ист е случајот со алатите за сечење и моторите со внатрешно согорување. Тајната лежи во циркониумоксидот. Без исклучок, овој материјал има навистина важна, но незабележлива улога. Овој факт е присутен во медицината, бидејќи досега се успешно вградени над 300.000 циркониумоксид вештачки колкови. Денес, материјалот е достапен за секого.
Современите трендови во протетските третмани денес сѐ повеќе се насочуваат кон замена на класичните метални керамички коронки на сметка на коронки од циркониум. Освен за поединечни коронки, циркониумот се користи и за изработка на мостови, а во последно време и за циркониумски импланти и абутменти. Тимот од специјалисти во стоматолошката ординација „Круна МС“ го препорачува овој материјал секогаш кога сакате да добиете високоестетски изработки и блескава насмевка.

ПРЕДНОСТИ

Циркониумдиоксидот претставува керамички материјал со висока јачина, кој наоѓа примена во многу области, вклучувајќи ја и вселенската технологија. Од хемиски аспект, циркониумдиоксидот се состои од реткиот елемент циркониум и од кислород. Познат е и како циркониумоксид или цирконоксид.
Предностите на цикониумот, како исклучително јак вештачки минерал, произлегуваат од неговите хемиски и физички својства: целосна компатибилност со ткивата на усната празнина, која произлегува од неговата биоинертност, што ја елиминира можноста за појава на алергиски реакции; низок ризик од несакано дејство врз пулпата на забот, што се должи на ниската термичка спроводливост и можноста да се изработи без опсежно стружење на забите; постигнатите резултати се долгорочни - циркониумот има висока механичка отпорност и воопшто не подлежи на корозија во устата; циркониумските коронки и мостови не го менуваат вкусот на храната; воопшто не доаѓа до потемнување на работ на коронките - феномен што е многу чест кај метал-керамичките изработки; има одлично рабно затворање, односно не дозволува навлегување на храната и пигменти под коронката, со што долгорочно се заштитува истружениот дел од забот; освен што е навистина цврст, материјалот е исто така и прекрасен. Се одликува со одличен степен на провидност, ја презема бојата од забната структура врз која се поставува и одлично ја имитира природната убавина на забите.

НОВА ТЕХНОЛОГИЈА

Циркониумот се изработува со т.н. технологија CAD/CAM. Постојат мал број нови материјали, слични на природниот дијамант, кои претставуваат комбинација на убавина и јакост. Во стоматологијата постојано се вршат истражувања за да се пронајдат естетски погодни материјали. Долго време, поради неговата исклучителна тврдост, производството на циркониумоксид предвидуваше високи трошоци и затоа материјалот не можеше да се користи во стоматологијата. Благодарение на истражувањето на познатиот Федерален институт за технологија од Цирих, материјалот денес може да се користи и во стоматологијата.
Технологијата CAD/CAM е развиена до тој степен што циркониумоксидот може да се обработи до дебелина од 20 микрони, што претставува околу половина од дебелината на човековото влакно. Компјутерското скенирање, моделирање и режење овозможуваат апсолутна прецизност и одлично лежење на коронките или мостовите во устата. Соодносот со околните ткива е милиметарски точен, со што се избегнува нивната иритација. На овој начин се добива носечката структура, врз која потоа се нанесува порцелан и се добива крајниот изглед. Од компјутерската програма можат да се изберат заби што најмногу одговараат на дадениот случај, а пациентот може веднаш да добие првичен впечаток како ќе изгледаат неговите нови заби и може да даде сугестии за нивниот изглед.

 
   
 
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 134          Оценка: 1  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski