Докторски студии - за длабок џеб и висок просек


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Дарко Јаневски
Ем Грче, ем Македонче
За да не биде само тоа, за да не бидат запоставени Фуере и Рикер, се погрижија при последната посета тројцата грчки емисари на чело со Маљас. Дојдоа, како поинаку освен како пријатели, да ни ги постават последните уцени: промена ...
 
Билјана Ванковска
(Не)разбирање на националниот романтизам
Вистинското прашање не е зошто национализам, туку зошто толкава апсурдно мала доза на национализам постои кај овој народ - и кога го поробуваат, и кога го притискаат, и кога дигаат оружје на него, и кога му го менуваат личниот ...
 
Васил Василевски
На Скопје му треба нов просторен план
Со доаѓањето на новата гарнитура на управување на град Скопје, се очекуваше да се покрене економскиот развој на градот со што ќе се создадат услови за нови вработувања, натамошна изградба на комуналната и сообраќајна инфраструктура, ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Во факултетските кругови се шират информации дека тригодишните докторски студии ќе чинат околу 5.000 евра

 
 
  
Во правилникот за докторски студии, кој го усвоија членовите на ректорска управа и сенаторите на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, стои дека кандидатите што сакаат да се запишат на овие студии, треба да имаат просечен успех од најмалку 8. Додека идните докторанди очекуваат да се објави конкурсот за упис на овој трет циклус студии, во факултетските кругови се шират информации дека тригодишните студии ќе чинат околу 5.000 евра.

Овие услови, односно скапите студии и просекот кој се бара за упис, им даваат предност на кандидатите што завршиле на некој од приватните универзитети бидејќи таму добиваат високи оценки, сметаат универзитетски професори.

- На овие студии не може секој да се запише. Но ме плаши тоа дека со условот кој бара минимален просек од 8, може да се создаде нелојална конкуренција, во смисла на тоа дека критериумите за оценување на УКИМ се многу високи во однос на оние на приватните универзитети. Може да се утврдат дополнителни критериуми кои би требало да ги исполнува докторандот, на пример, да има трудови за време на мастер-студиите, да има студиски престои - вели Славица Велева, продекан за настава на Филолошкиот факултет.

На овој факултет идните докторанди можат да се запишат на студиската програма за филолошки науки, и тоа можат да изберат два модула, едниот е наука за јазик, а другиот - наука за книжевност.

Социологот Илија Ацески смета дека треба да се воведе приемен испит за кандидатите што сакаат да се запишат на докторски студии.

- Оваа практика постои на многу универзитети во Европа и во светот. Одговорните им кажуваат на кандидатите дали се подобни за конкретен студиум или не. Ние ги немаме тие механизми. Мислам дека вака како што стојат работите, одиме кон уривање на квалитетот на високото образование - вели професорот Ацески.

Тој укажувал на овие работи додека траела јавната расправа за докторските студии, но смета дека кај нас не постои елементарна координација меѓу членовите на комисијата, која е задолжена за докторските студии.

Софроние Миладиновски, професор на Факултетот за туризам во Охрид, е согласен дека просекот 8 прави магистрите на државните универзитети да се обесправени во однос на нивните колеги на приватните.

- Кај нас не е голем бројот на кандидати со овој просек, па мал број од нив имаат реална можност да се запишат на докторски студии - вели Миладиновски.

Александар Николовски, ректорот на ФОН универзитетот ни изјави дека на овој универзитет не се подаруваат оценки. Според него, просекот 8 треба да е повисок за да може да се добие поголем квалитет.

Ректорот, пак, на скопскиот универзитет Велимир Стојковски, вели дека Правилникот го усвоиле 64 членови на Сенатот и триесетина членови на ректорска управа.

- Универзитетот смета дека треба да се задржи нивото на квалитет, зашто ова е сепак наука. Тежнееме да обезбедиме квалитет. За докторските студии имаше јавна расправа, на која професорите и деканите можеа да ги изнесат своите забелешки - рече Стојковски.

Предвидено е идните докторанди да почнат да следат настава од наредната студиска година. Сумата за студиите ќе се утврдува откако Одборот за акредитација ќе ги акредитира докторските студии на универзитетите кои поднеле барања. Право на упис ќе имаат кандидатите со завршен втор циклус студии според Европскиот кредит-трансфер систем, како и оние кандидати кои завршиле пред да се воведе овој систем. Секој кандидат мора да познава еден светски јазик, за што треба да има сертификат издаден од филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
 
   
Автор: Антонија Поповска  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 519          Оценка: 2,44  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Cacko
Koi be jadni tipovi zborat za proseci i doktorski studii? Istite tie salabajzeri stanaa asistentcinja i profesorcinja zaradi toa sto tato i mama im bea ili profesorcinja ili politicarcinja, a dobija visok prosek na lepe oci i so prepisani seminarski namesto disertacii. Vistinskiot kvalitet na Makedonskite post-diplomski studii (citaj istite oniesalabajzeri koi sega pravat ramka za doktorski studii) se gleda preku brojot na naucni trudovi publikuvani vo spisanija so impact factor. Za zal, makedonskite "unverzitetski" experti kaskaat duri i zad Albanija....
 
Монах Спиридон
Едно прашање до профрсорот ИЛИЈА АЦЕВСКИ. Тој сега вели дека е социолог,а како дојде до то тоа да биде СОЦИОЛОГ? Пред тоа беше завршен ФИЛОЗОФ на прочуената скопска филозофска школа? За која никој не знаеше освен за проф. Ј.Јосифовски и оној сега,господ зне што еЧ универзалец по се и сешто Ф.Мухиѓ... Да не се правеме паметни,..
 
Musso
Антонија, пред да “истрчаш“ со ваков текст, требало и да “еалборираш“ што се тоа докторски студии. Што се стекнува со тие докторски студии. Колку чинат докторски студии? Спомнбуваш филолошки факултет “Блаже Конески“. Да, таму предава и вашиот колумнист - оној де во среда што се потпишува како интелектуален професор и писател. И тој би сакал 5000 еура. Нема проблем, па дури има и легитимитет. Туку, да те праша Муссо, што ли се прави на тие доктопрски студии? Кај филолошкиот факултет - не знам. На правниот - не знам. Ти ќе ми одгвориш - а може и колумнистот - прифаќам дебата. Ај сега да ми најдеш некој да ми објасни што с еправи на доктотрски студии на - да речеме - градежниот факултет? Кај пак го најдов тој факултет, ајде вака - што се се прави на докторски студии на хемискиот факултет? На технолошкиот? На машинскиот? Мислиш ли дека на тие докторски студии се оди на “предавања“, се “зема потпис“ и “се докторира“? Докторски студии се наука. За тоа немаме дилема - нели. Науката бара големи ресурси кои чинат пари - мислам дека и ова не е спорно. Не случајно ги набројав техничлките факултети. Не ги оспорувам на “општествено хуманитарните“. И таму, кога науката е во прашање, потребни се големи ресурси кои исто така чинат пари, можеби нето помалку од техничките, ама сепак се големи пари. Прашањето кое се наметнува е кој тоа ќе го палти? Некој мора. Докторските студии не се наменети за “богатите“ туку токму за таланетираните - оние кои имаат намера да се бават со наука, а не да се китат со титули - како досега. Што е спорно да скоро секој “докторант“ биде стипендиран? Кој ќе стипендира? Па најверојатно оној кој има интерес од тој “доктроски“ капацитет. Ако државата има интерес (а најчесто она треба да го има тој интерес) таа и ќе стипендира. Да не ги межаме тука т.н. македонски “приватни универзитети“ оти таму од техника, технологија и наука тешко дека нешто ќе најдете. Тоа се сепак само профитни институции кои се “нечија сопственост“ и каде сопственикот прави пари, Зато таму нема технички науки - тие бараат големик средства, а не само “изгланцани“ простории и “шарени тољаги“...
 
Katerina
super sto si napravile cenovnik ama kade e delot so stipendiranje - sekoja normalna drzava ako saka da stimulira nauka treba da im ovozmozi na talentiranite sto nemaat 5000 evra da mozat da pridonesat na ist nacin kako tie sto imaat! Ne mi se veruva deka od sistem koj funkcionirase sosema fino od aspekt na toa site studenti da bidat sudeni samo spored uspeh uspejaa da go napravat da bide samo za tie sto imaat kako vo sredniot vek!
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski