Антиќ има подобра статистика од неколку НБА-легенди


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Радмила Заревска / radmila.z@novamakedonija.com.mk
Со вистинска верба до спасение
Црквата се обидува да ја покаже вистинската насока, пред сѐ, верниците да станат достојни личности, кои ќе можат да ја ценат сегашноста и правилно да се однесуваат. Но, покрај обидите на великодостојниците за правилно насочување ...
 
Сем Вакнин / samvaknin@gmail.com
Модерните лидери како празни костуми
Наспроти големото ниво на фрустрација, поттикната од периодични, ендемични и системски неуспеси во сите сфери на политиката, дури и најиздржливата демократија развива склоност кон цврсти лидери, чија самодоверба, самоконтрола ...
 
Кирчо Арсовски / covek47@yahoo.com
Силеџии
Силеџиите се душата на оваа држава. Без нив политичарите и бизнисмените (кои се исто така силеџии, но од повисок ранг) не би смееле ни во двор да излезат. Никој нејќе барем малку да ѕирне во душата на тие луѓе и да ни објасни ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Во вкупното рангирање меѓу 480 кошаркари што настапија сезонава Антиќ е на 150-то место, а со статистиката е на 47-то место меѓу тие што играат на позицијата силно крило-центар во НБА

 
 
  

Антиќ го засени Вест во дуелите против Индијана

ПО РЕГУЛАРНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА

Атланта хокс, тимот за кој настапува македонскиот интернационалец Перо Антиќ, славеше во првиот меч од првото коло во плејофот на гости кај најдобриот тим на Истокот, Индијана пејсерс, со 101-93 и поведе со 1-0 во серијата прв до четири победи. Антиќ повторно го излудуваше центарскиот двоец на Пејсерси, Рој Хиберт и Дејвид Вест, со шутеви од зад линијата за три поени (2/5) и со цврстата игра во одбраната (двајцата постигнаа по осум поени), а со Вест имаше и дуел по кој и двајцата добија технички грешки. Антиќ одигра 28 минути со ефект од осум поени и седум скока. Вториот меч се игра доцна вечерва, повторно во Индијанаполис.
Антиќ, првиот Македонец што заиграл во НБА-лигата, во регуларната сезона од можни 82 меча настапи на 50 (на 26 од нив како стартер, во нив по 13 победи и исто толку порази), а на преостанатите не настапи поради повреда или поради одлука на тренерот Мајк Буденхолцер. Атланта сезоната ја заврши на осмото место на Истокот со 38 победи и 44 порази, а бројките што зад себе ги остави Антиќ не само што се одлични туку се и подобри од бројките на многу познати играчи во НБА, како и од легенди од рангот на Кевин Гарнет од Бруклин, НБА-шампион во 2008 година со Бостон, МВП на лигата 2003 година, 15-кратен олстар-играч, шампион со САД на ЛОИ во 2000 година...
Зад Антиќ според ефектот сезонава остана и првиот избор на драфтот Ентони Бенет од Кливленд, но и уште седуммина од првата десеторка на годинешниот драфт. Антиќ сезоната ја заврши како шести најдобар дебитант, зад Мајкл Картер Вилијамс (11. на драфтот), Виктор Оладипо (2), Мејсон Пламли (22) Треј Бурки (9) и Тим Хардавеј Ј. (24).
Просекот од седум поени, 4,2 скока, 1,2 асистенција за просечни 18,5 минути по меч, цврстината во одбраната, како и неговата умешност за погодување тројки, на многу од дуелите му помогнаа на тимот, но и нему лично да се вброи во првите 50 играчи (47. место), кои играат на позицијата крило-центар во НБА.
Во вкупното рангирање меѓу 480 кошаркари што настапија сезонава Антиќ е на 150-то место и е подобар од Гарнет и од Андреј Кириленко од Бруклин, од играчите на Лејкерс, Џордан Хил и Коби Брајант, кој, сепак, сезонава повеќе одмораше отколку што играше, од Нене Иларио од Вашингтон, од Андреа Барњани од Њујорк и од многу други до сезонава попознати играчи од Антиќ.


Гостите подобри во првите дуели

Во првите осум дуели во НБА-плејофот гостинските екипи и условно послабите во регуларниот дел забележаа дури пет победи. Атланта на Антиќ беше подобра од Индијана со 101-93, а на Истокот славеше Бруклин против Торонто и Вашингтон против Чикаго. Честа на домашните тимови на Истокот ја спаси актуелниот шампион Мајами, кој го совлада Шарлот.
На Западот, па,к два гостински тима славеа во првите дуели, Голден Стејт ги совлада Клиперси во Лос Анџелес, а Портланд по продолжението беше подобар од Хјустон. Центарот на Треилблејзерс, Ламаркус Олдриџ, постигна рекордни во кариерата 46 поени, досега најмногу во првото коло. Во Сан Антонио домашниот тим и најдобар во регуларниот дел од сезоната буквално во последните мигови се спасуваше против Далас за воведна победа, а Оклахома Сити беше подобра од Мемфис дома.
Во плејофот се игра до четири победи според системот 2-2-1-1-1. 

Резултати
Индијана- Атланта    93-101    (0-1)
Мајами - Шарлот    99-88    (1-0)
Торонто - Бруклин    87-94    (0-1)
Чикаго - Вашингтон    93-102    (0-1)
Сан Антонио -Далас    90-85    (1-0)
Окл. Сити - Мемфис     100-86    (1-0)
Л.А. клиперс - Г.Стејт    105-109    (0-1)
Хјустон - Портланд     120-122    (0-1) 

 




 


АКО СЕ МЕРИ САМО ДЕБИТАНТСКАТА СЕЗОНА
Сабонис е подобар, но зад шестката на Атланта се Кукоч, Дивац, Раџа и Петровиќ

Антиќ во дебитантската сезона има процент на успешност за два поена од 54,5 отсто, погодени 67 од 123 обиди. Тој погоди 56 тројки од 171 обид (32,7 отсто). Тоа е подобар процент од 11-те најпознати европски кошаркарски имиња во нивните деби-сезони во НБА. Само легендарниот литвански центар Арвидас Сабонис е подобар во оваа категорија од Антиќ, со 57,4 отсто за два поена во првата сезоната во НБА (Портланд, 1995 година).
Од активните играчи во НБА според оваа статистика Антиќ е подобар од десеттиот стрелец во историјата на НБА, Германецот Дирк Новицки (45,5 отсто), од браќата Марк (53) и Пау Гасол (51,9), Андреј Кириленко (48,8), Никола Пековиќ (51,7), Тони Паркер (46) и Никола Вучевиќ (45,2). Од поранешните европски, своевремено и југословенски ѕвезди Антиќ има подобар процент за два поени од Дражен Петровиќ (49), Дино Раџа (52,2), Владе Дивац (50,4) и од Тони Кукоч (46,2), кој, пак, освои три титули во НБА со Чикаго булс.
Д.С.


 

 

 

 
   
Автор: Дарко Старковски / darko.s@novamakedonija.com.mk  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 366          Оценка: 5  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski