ИВЗ постави услов за изградба на џамии


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Искра Опетческа
Партиите незрели во победата и во поразот
Зошто толку моќна коалиција како „За подобра Македонија“ ситничари за една општина, кога на последните локални избори освои речиси сѐ што може да се освои? А и опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ не е цвеќе за мирисање. ...
 
Петар Шкрбина
Злоупотреба на функции
Вук Јеремиќ се обиде преку организирање ваква тематска седница пред органите на ОН да прикаже сосема поинаква слика за злосторствата во поранешна СФРЈ. На тој начин тој ја злоупотреби својата функција за да ја ублажи вината ...
 
Милан Банов
Скопје - Хаг - Скопје
Е па, не ќе да е така. Јохан Тарчуловски ја бранеше својата земја од агресори што сакаа да освојат територии и да ја разнебитат Македонија, ја бранеше од качачки банди што убиваа, минираа живи луѓе, разурнуваа, палеа, киднапираа, ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Некои верски лидери ваквата одлука на ИВЗ ја сметаа како директна уцена, но сепак сметаат дека нивното отсуство ќе биде голем минус и ќе биде доказ дека верските заедници во Македонија немаат воспоставено дијалог и да разговараат за проблемите што ги засегаат

 
 
  
На меѓународната конференција за меѓуверски и меѓукултурен дијалог нема да има претставник на ИВЗ

Бојкот на конференцијата за меѓурелигиски дијалог


Исламската верска заедница во државата нема да испрати свои учесници на меѓународната конференција за меѓуверски и меѓукултурен дијалог, која од 10 до 12 мај годинава ќе се одржи во Скопје. Оттаму се децидни и велат дека доколку не се исполнат барањата за изградба на џамијата во Лажец, во Прилеп, Бурмали-џамијата во Скопје и не им се вратат имотите во Старата скопска чаршија останати од османлискиот период, тогаш Сулејман Реџепи, поглаварот на ИВЗ, нема да седне на иста маса со светските верски лидери. Ваквата одлука, како што соопштуваат од ИВЗ, е донесена минатата година кога почнале преговорите за организација на конференцијата со Министерството за култура и Комисијата за односи меѓу верските заедници.

- Немаме член во координативното тело за таа конференција. Јасно е дека нема да учествуваме од веќе познати причини. Нашите барања не се исполнети и сѐ додека е така, ние ќе ги бојкотираме сите вакви манифестации што ги организира државата - изјави вчера Абаз Ислами, портпарол во ИВЗ.
Додава дека за ваквата дискриминација од државата ќе дознаат и другите претставници на исламските заедници на Балканот и во Европа.

- Постојано сме во комуникација со верските лидери од другите земји. Тие веќе ги знаат нашите проблеми и имаме целосна поддршка од нив - нагласува Ислами.
Иако некои верски лидери ваквата одлука на ИВЗ ја сметаа како директна уцена, сепак, сметаат дека нивното отсуство ќе биде голем минус и ќе биде доказ дека верските заедници во Македонија немаат воспоставено дијалог и да разговараат за проблемите што ги засегаат.
Валентина Божиновска, претседателката на Комисијата за верски заедници, потврди дека членовите на ИВЗ не биле присутни на состаноците на координативното тело, кое заседавало цела година.
- Се надевам дека ќе се надминат сите недоразбирања. Се прават подготовките за одржување на конференцијата. Очекуваме потврда за учество на уште неколку европски и светски поглавари - додава Божиновска.

Ваков обид за бојкотирање на конференцијата ИВЗ направи и во 2010 година, кога на нивната веб-страница ги информира исламските заедници, разните исламски асоцијации, муслиманските интелектуалци, како и целокупната јавност дека од веќе познати причини ќе ја бојкотираат Меѓународната конференција за меѓуверски и меѓукултурен дијалог. Потоа сепак се пишманија и се појавија во Охрид.
Досега неколкупати челниците на ИВЗ изјавија дека Владата ја форсира работата на Македонската православна црква-ОА, а дека ИВЗ е тотално дискриминирана и ги нема истите права како другите верски заедници во државата. Сметаат дека државата кон едни се однесува како мајка, а кон други како маќеа, а таквата ситуација нема да можат да ја толерираат додека нема исполнување на нивните барања.
Поглаварот Сулејман Реџепи постојано во интервјуата за медиумите изјавуваше дека на црквата ѝ е вратен 90 отсто од имотот, дека ѝ е даден и нов имот, за разлика од тоа што џамиите се преименуваат во православни имиња. Таквите, како што вели Реџепи, чудни случаи биле трагични се не само за ИВЗ туку и за сите муслимани во државата.
 
   
Автор: Радмила Заревска  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 537          Оценка: 1,57  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski