Блогот сé уште е важен

Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Антонија Поповска
Поевтини студии - конечно!
Денеска можеме да кажеме дека е добро што најпосле ќе се зголеми бројот на кандидати што ќе можат да аплицираат за упис на државите факултети - тоа создава онкурентност, а конкурентноста носи квалитет. Па и редно беше да престане ...
 
Кирчо Арсовски
Избраници
Какви се овие академици? Мислам, какви се овие, како би напишал некој осетлив поет, цветови на нашата интелигенција? Така учени и внимателни, со безброј прочитани книги и изгледани опери и балети, а во нивните ризници на спасоносни ...
 
Елена Стојанова, САД
Името кажува сé
Кому му се дава име? Кој дава име? Кој има право да промени свое или туѓо име? Ви се раѓа дете и му давате име. Купувате куче и му давате име. Не се познати случаи кога, да речеме, шестгодишно дете ги менува имињата на своите ...
 
Д-р Методија Трајаноски
Правилниот пат на здравствената реформа
Придонесите за здравствено осигурување се движат во обратна насока од онаа во која би требало да се движат здравствените реформи и бележат пад последниве две години, што е многу лоша варијанта, со оглед на тоа што ние немаме ...
 
Александар Балаловски
Блогот сé уште е важен
Наречете ме старомоден, но блогот веројатно уште некое време ќе остане мерило за тежината на зборовите ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Наречете ме старомоден, но блогот веројатно уште некое време ќе остане мерило за тежината на зборовите

 
 
  

Искрено, до пред извесно време мислев дека блогот како медиум е застарен метод за известување, особено кога предвид ги имаме новите начини за информирање инкарнирани преку сервисите за социјално вмрежување, Фејсбук, Твитер, ти реков-ми рече... Во Македонија Фејсбук, за волја на вистината, навистина фино им се најде на татковците и мајките. Сега наместо децата да ги пуштаат кај бабите и дедовците, објавуваат слики од нив на Фејсбук, бабите ги гледаат, стискаат „лајк“ и сите среќни (бога ми и педофилите), ем внуците се видени. Практично, Фејсбук ви го заменува своевремено популарното Нинтендо на кое мрзливите родители врвеле саати додека нивните деца кемкале наваму-натаму барајќи малку внимание. Сето тоа може да се искористи како алатка за културно информирање на вашите фејсбук-пријатели за теми што се од ваш интерес, да линкате други страници, едноставно да ги натерате сите да ја споделат информацијата со нивните пријатели. На тој начин може да се добие впечатокот дека денес практично блоговите и не се потребни. Од една страна тој аргумент стои, но од друга страна податок што тоа го пречкртува и ни укажува дека денес луѓето сé уште сакаат да читаат блог-постови (но едноставно за нив не сакаат да коментираат и дебатираат) е мојот конкретен пример (блогот и е познат на редакцијата). Објавувањето на мој блог пост во кој се коментира конкретна емисија емитувана неодамна на една од македонските телевизии привлече огромен број читатели. Не станува збор за тоа кој како се нашол таму, статистички гледано не сите се задржале повеќе од 10 минути на сајтот (според аналитиката на Гугл), но поголем впечаток за сето тоа оставија реакциите што стигнуваа на мојот мејл од фирми и приватни лица, повици на телефон, па дури привлекоа и неочекувани покани за средби од службен вид. Иако за тоа не би зборувал детално, можам слободно да констатирам дека блоговите во Македонија не се меч за занемарување, иако повеќе не се толку популарни како порано. Она што денес навистина се вреднува се стручноста и можноста да се пренесе информацијата на начин што може да се набљудува од аспект на блогер и читач – независно.

Замислете блогер од мој ранг, не е ниту новинар ниту, пак, има каква било спрема за новинарство, лиферува информација што е таква каква што е, заштитена со членот 16 – став 2 на Уставот на РМ, на сето тоа реагираат редица личности и лица што се официјални претставници на фирми од државата, без притоа да се увидат причината за таквата информација и предизвикот со кој блогерот се соочил кога го пишувал постот. Од друга страна, пак, си велам, не дај Боже некој блогер што може да го рашири својот збор низ „македонскиов Интернет“ да објави информација што е поткрепена со аргументи и фино документирана. Тоа може да има сериозни последици во начинот на функционирање на субјектот за кој се пишува. Избила афера и некој македонски блогер без влакна на прстите сето тоа го објавува. Па кога имате македонска компанија што реагира на блог-пост така ревносно за критиката што ја добила од мојот скромен медиум со сé уште не така голем капацитет, замислете што би се случило кога некој остро ќе ја критикува нивната работа и практично ќе изнесе докажани вистини за начинот на нивното работење, кое е штетно. И што ќе прават овие компании, институции и приватни лица кога некој професионален новинар на свој независен сајт ќе се позанимава малку со нив? Тоа покажува колку ИТ-фирмите во Македонија се подготвени да бидат критикувани од своите клиенти и колкав почит имаат кон нивни минати, тековни или идни корисници. Тоа кажува колку ИТ-компаниите во Македонија се тапа, отфрлањето на конструктивна критика практично води кон блокирање на развојот на секое нешто што еволуира и се развива.

Македонскиот професионален интернет-корисник, паушално кажано, мора да се насочи кон барање за конкретно дефинирање на правата што тој, блогерите и авторите ги имаат во случај кога објавуваат содржини на своите сајтови. Во тој случај нема да има плашење и влевање непотребен страв и закани за поднесување прекршочни постапки кон нив. Во случај кога секој од нас си ги знае границите, нема да има потреба да се дообјаснуваат некои работи приватно, сé би било транспарентно и отворено на мрежата и нема да има потреба никој со никого да се види тет-а-тет за да си разменат по 2-3 другарски комплименти. Во спротивно, пропаѓа во вода сето она за кое тие работат – дигитално воспоставување комуникација. Блогот сé уште е важен во Македонија. Наречете ме старомоден, но блогот веројатно уште некое време ќе остане мерило за тежината на зборовите на поединци и автори што сакаат нешто да кажат и да им се обратат на нивните читатели.

Авторот е информатичар

 
   
Автор: Александар Балаловски  
 
   
   

сподели на пинг
   
 
   
Веста е прочитана:           Оценка:
1 2 3 4 5
 
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Гоце
Да си го смените лекторот. :) „сé“ се пишува „сè“ Јас би рекол дека блогот е единствено важен во Македонија.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski