САД сакале независна Македонија уште во 1783 година


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Гоце Трпковски
Презумпција на чудо
Скептиците си се унапредија, се самопрогласија за експерти што можат да си дозволат да тврдат дека станува збор за измама, само затоа што е крајно неверојатно дека фреските сами се исчистиле, без помош од човечка рака. Порано ...
 
Ана Мартиноска
(Не)пристојно однесување
Можеби е време повторно да се повикам на исклучително симпатичната книга „Сѐ што треба да знам научив во градинка“ на Роберт Фулгам, во која нѐ потсетува дека сите големи животни мудрости се всушност оние основни работи што сме ...
 
Милан Аџиевски
Мачка на дрво
Македонија долго време е во ситуација на мачката што се качила на дрвото, бегајќи од разјарените кучиња! ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Џон Адамс, еден од татковците на САД и нивниот втор претседател, правел јасна разлика и дистинкција помеѓу Македонија и Грција и се залагал со американска помош и двете земји да се ослободат од турското владеење и да создадат независни републики (демократии). Тоа може да се забележи и од писмото, од 14 јули 1783 година, зачувано во неговата кореспонденција, упатено до Роберт Ливингстон, првиот секретар на Стејт департментот

 
 
  

„Проектот за ослободување на целата земја на античка Грција, Македонија и Илирик и подигање независни републики во тие славни столици, колку сјајно и да изгледа како шпекулација, најверојатно нема да добие должно внимание од двете империи (Австрија и Русија, н.з.), затоа што е непрактичен. Грците денеска, иако се зборува дека имаат имагинација и генијалност, се корумпирани во своите морални начела до таков степен што се претвориле во неверна перфидна раса, бедна со храброст, како и со оние принципи на чест и доблест без кои нациите не може да имаат доверба помеѓу себе, ниту да им се верува од другите“, пишува во еден пасус од писмо зачувано во кореспонденцијата на вториот претседател на САД, Џон Адамс, упатено до Роберт Ливингстон, првиот секретар на Стејт департментот, од далечниот 14 јули 1783 година. Како куриозитет може да се спомене дека шест години подоцна, токму на тој ден ќе почне еден од најважните настани во европската, а по своето подоцнежно влијание и во светската историја - Француската револуција.
Џон Адамс е вториот претседател на САД, а Роберт Ливингстон е човекот што во историјата ќе остане запишан како првиот секретар на Стејт департментот, односно шеф на дипломатијата на САД (функцијата што денеска ја извршува Хилари Клинтон).

Слобода во трговијата

Писмото во својата целина не се однесува специфично на Македонија или на Грција, туку е обид на тогаш младата американска дипломатија за либерализација на тргувањето и отворањето на водните патишта во Европа. Во краткото објаснување дадено за секое од писмата во цитираната публикација, уредникот Џаред Спаркс за ова писмо на Адамс до Ливингстон ќе запише: „Ексклузивната политика на европските сили во однос на трговијата. Погледите на Австрија и Русија кон Црно Море, Дунав, Архипелагот (се мисли на островите во Егејско Море) и Турција“.
Ова убаво го објаснува и самиот Џон Адамс уште во првите реченици од своето писмо до Ливингстон, каде што ја образложува американската наспроти позицијата на некои од европските сили по овие прашања.
„Господине, САД ги пропагираа надолго и нашироко во Европа идеите за слобода на навигацијата и трговијата. Меѓутоа, европските сили сѐ уште не се согласуваат за нивно комплетно прифаќање. Секоја од нив посакува да го задржи ексклузивното право над некое одредено море или река, а сепак да го ужива правото и да плови по другите“.
Во продолжение пак на првиот цитиран пасус, каде што одделно ги набројал Грција и Македонија, Адамс напишал: „Проектот за освојување на провинциите Албанија, Румелија, Влашка, Молдавија и Мала Татарија од Турците и нивната поделба помеѓу двете империи (Австрија и Русија) можеби е поверојатен, но Турците во Азија и Европа еднакво се многу моќни, и ако комплетно се разбудат, може да направат огромно спротивставување; така што најверојатно е двата империјални двора да се задоволат со добивањето, преку преговори или со оружје, слободна пловидба по Дунав, Црно Море и Архипелагот. Оваа слобода сама по себе ќе придонесе за голема револуција во трговијата на Европа“.

Неостварена желба

Како што можеме да забележиме, Адамс имал извонредно познавање на условите и на состојбите во Европа и на Балканот во тоа време. Историчарите многу добро знаат дека интересите токму на руската и австриската круна (која подоцна стана австро-унгарска), како што гледаме уште од тој период па низ целиот 19 и почетокот на 20 век, биле тие чие совпаѓање, испреплетување и директно спротивставување ќе ги диктираат настаните и случувањата на Балканот и односите на сите народи и земји под владеењето на турската отоманска империја, а особено на Македонија.
Останува фактот дека Џон Адамс, еден од татковците на САД и нивниот втор претседател, правел јасна разлика и дистинкција помеѓу Македонија и Грција во смисла на тоа дека со американска помош двете земји треба да се ослободат од турското владеење и од нив да создадат посебни независни републики (демократии).
Под Илирик секако се подразбираат другите земји од просторите на поранешна Југославија. Од историјата знаеме дека неговиот план делумно беше остварен пред сѐ со напорите на европските филхелени, кои ревносно помогнаа Грција да се ослободи од турското владеење, но не и дозволија да создаде република или демократија, туку и инсталираа кралска монархија од една од европските кралски лози.
Од друга страна, Македонија, наместо добивањето слобода, го продолжи своето ропство уште долги години. И во моментите кога со натчовечки напори се кревале востанија и се настојувало да се дојде до слобода и независност потпирајќи се на сопствените сили и непомогната од никого (заради кои принципи жестоко страдаа токму Македонците), Македонија и Македонците и во Илинденското востание и на АСНОМ ја промовираа токму републиканската идеја за која се застапувал и Адамс.
Оригиналниот ракопис од писмото се чува во националната архива на САД.
(Авторот студирал дигитални техонологии, култура и историја на американски универзитет, живее во САД, а подолго време ги истражува архивските материјали за Македонија од различни периоди)

 


Предодреден за лидер

Адамс и Декларацијата за независност

Државниот ентитет наречен Соединети Американски Држави во мугрите на своето постоење имаше таква среќа клучните луѓе заслужни за нивниот постанок да се исклучителни ерудити, извонредни правници, прагматични дипломати и воопшто личности што во своите редови би посакале да ги видат секој народ и нација. Меѓу плејадата најзначајни фигури за постанокот на САД и првите декади од нивното постоење и етаблирање на меѓународната сцена се светски познатите имиња Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Бенџамин Франклин и неколку други личности, меѓу кои секако, според своето значење и придонес, спаѓа и Џон Адамс.
Адамс е еден од најпознатите и најценети американски државници и дипломати. Тој е еден од седумте татковци на САД, предлагач и потписник на американскиот најсветол документ Декларацијата за независност и на Уставот на САД. Тој е човекот што служеше како прв потпретседател на САД, кога функцијата претседател на САД првпат ја извршуваше Џорџ Вашингтон, за подоцна да го наследи на тоа место.
Во 1783 година Џон Адамс и служи на младата американска држава како нејзин комесар во Франција, ополномоштен амбасадор на САД во Холандија и како еден од комесарите на САД (заедно со Бенџамин Франклин и со Џон Џеј) во преговорите за потпишувањето на мировниот договор (од војната за независност со Велика Британија).
Од ова време тој има честа и мошне исцрпна кореспонденција со другите важни личности за американската независност и државност за сите подробности од неговата дејност во Европа, а во бранењето на американските интереси. Целата негова, како и кореспонденцијата на другите најзначајни американски дипломати и државници од тоа време е уредно архивирана и објавена во повеќетомното издание наречено „Дипломатската кореспонденција на американската револуција“ уште во првата половина на 19 век.

 
   
Автор: Гоце Панговски  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 6158          Оценка: 4,17  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski