Последните часови од животот Никола Младенов ги минал возејќи!?


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Искра Опетческа
ДИК сама на себе си е волк
По случувањата во ДИК последниве денови, веќе нема дилема дека политичките врхушки ја кутнаа на нозе и оваа комисија, која и да сака да одлучува политички, не може. Токму затоа и излегоа на виделина сите валкани игри, политички ...
 
Билјана Ванковска
Помеѓу смеата, стравот и сомнежот
Денес е Први април. Медиумите неизбежно, како и секоја година, ќе ни ги покажат најмладите маскирани за Априлијадата. Родителите со љубов ги гледаат озарените лиценца на дечињата престорени во принцези и суперхерои, ама таму ...
 
Љупчо Гаштеовски
Жените во шивачници, мажите во обложувачници, а децата по кафулиња!?
Нуждата за опстанок ја пади жената од дома, на деноноќно ’рмбање. Растењето и воспитувањето на децата без мајката оставаат трајни дупки во идната личност ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Екипа на „Нова Македонија“ во саботата беше на местото каде што загина сопственикот на „Фокус“, Никола Младенов, и пронајде важни докази, белешки, односно фискални сметки од платената патарина, според кои, пред трагичната сообраќајна несреќа што најверојатно се случила по 23 часот во вторникот, на 26 март, „мерцедесот“ свртел два круга на автопатот Скопје - Велес - Скопје. Луѓе блиски до новинарот велат дека тој имал обичај да се вози по автопат, само за да се „издува“

 
 
  

„НОВА МАКЕДОНИЈА“ ПРОНАЈДЕ БЕЛЕШКИ ОД ПАТАРИНАТА ШТО ФРЛААТ НОВО СВЕТЛО ВРЗ ТРАГИЧНАТА СООБРАЌАЈКА

Новинарот и сопственик на „Фокус“, Никола Младенов, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во вторникот вечер на 26 март, речиси три и пол часа минал возејќи се со својот „мерцедес“ на автопатот од Скопје до Велес и назад, делница што ја минал двапати од моментот кога излегол од дома, сѐ до трагичниот миг кога се случила сообраќајната несреќа. Од засега неутврдени причини, Младенов всушност направил два круга од Скопје до Велес. Тоа може да се утврди од четирите белешки - фискални сметки од патарините „Сопот“ и „Отовица“, од двете страни на автопатот Скопје - Велес - Скопје, во непосредна близина на Велешко Езеро, до кои „Нова Македонија“ дојде по сопствена истрага.

По малкуте детали објавени за трагичната сообраќајка, од судот, обвинителството, полицијата и од судска медицина, екипа на „Нова Македонија“ во саботата беше на местото каде што загина Младенов и се обиде да направи своја реконструкција на настанот.

На необезбедениот терен, на клучката кај Хиподром, при влезот во Скопје, најдовме важни детали за кои сметаме дека се од суштествено значење за утврдување на вистината. Во грмушките, меѓу дрвјата, од каде што во средата околу 20 часот беше извлечено возилото „мерцедес“, пронајдовме фискални сметки од патарини расфрлани на четири страни.

„Мерцедесот“ свртел два круга Скопје - Велес

Од тоа што се гледа од фискалните сметки, Младенов во 20.49 часот бил на наплатната рампа „Сопот“, на автопатот Скопје - Велес, што се наоѓа непосредно до Велешко Езеро. Тоа кореспондира со изјавата на членови на семејството дека тој околу 20 часот излегол од дома, како и со информациите од истрагата дека Младенов првата патарина на автопатот Скопје - Велес ја минал околу 20.30 минути.

Дваесет и една минута подоцна од минувањето на наплатната рампа „Сопот“, во 21.10 часот, „мерцедесот“ ја минал наплатната рампа „Отовица“. Тоа е рампата што се наоѓа од другата страна на езерото, на автопатот од Велес кон Скопје, што значи дека тој само направил круг. Во 22.04 часот „мерцедесот“ на Младенов вторпат бил на „Сопот“, а во 22.50 минути повторно минал преку „Отовица“, враќајќи се назад кон Скопје. Но, за жал, никогаш не стаса.

„Нова Македонија“ ќе ги предаде фискалните сметки од патарините на официјалната истрага за несреќата за расветлување на трагедијата.

Две важни прашања произлегуваат од фискалните сметки од патарините што ги пронајде „Нова Македонија“. Првото е разликата во времето што „мерцедесот“ на Младенов го минал првиот пат од наплатната рампа „Сопот“ до „Отовица“, а тоа изнесува 21 минута (од 20.49 до 21.10 часот) и вториот пат, 46 минути (од 22.04 до 22.50 часот). Тоа значи дека вториот круг Младенов го направил 25 минути подолго. Дали возел побавно или во меѓувреме некаде запрел - во регионот на Велешко Езеро или во Велес за да се одмори или поради нешто друго - од фактографските податоци, односно од белешките од патарините, не може да се утврди.

Второто прашање е зошто Младенов воопшто тргнал на патување за да сврти два круга со „мерцедесот“ по автопатот Скопје - Велес - Скопје? Засега единственото објаснување е дека, според сознанија од неговите блиски пријатели, тој и порано имал обичај да се вози сам на автопатот, едноставно за да се „издува“.

На теренот има уште докази?

Инаку, веќе е познато дека на клучката кај Хиподром, на само стотина метри од местото каде што се дели патот за Скопје и за обиколницата (Скопје - Исток) кон Тетово и Приштина, „мерцедесот“ излета од патот и заврши во бездната.

Четири дена по несреќата, крај автопатот Е-75, десетина километри од влезот во Скопје, на местото на несреќата сѐ уште стоеја расфрлани делови од „мерцедесот“ на Никола Младенов со сребрена металик боја. Делови од калници и од браници имаше наоколу, но и парчиња од бандажи, од контролната табла, скршен амортизер, рачки од вратите и остатоци од фаровите. Имаше и весници, неколку броеви на белградска „Политика“ и на загрепски „Глобус“, еден дури беше закачен горе на дрвото, потоа две кутии цигари „ронхил“, какви што пушел Младенов и десетденарка.

„Браздата“ што се протегаше од горе, од оградата, па дваесетина метри удолу по патот, направена со предното лево тркало немо сведочеше за движењето на возилото. Пребарувавме сѐ по ред и малку по малку на наш начин ги сложувавме коцките од мозаикот за тоа што се случувало кобната ноќ, во критичното време, според нашите претпоставки во 23.35 часот.

На местото каде што запрел „мерцедесот“ пронајдовме една сметка од платена патарина. Десно од неа имаше уште една. Истражните органи при увидот не ги пронашле оти тие, најверојатно, биле под автомобилот. Да потсетиме дека автомобилот беше извлечен вечерта во средата, а истражителите не забележале во ноќта дека под возилото има уште докази. Потаму, среде грмушка, најдовме уште две фискални сметки - белешки од патарините.

„Мерцедесот“ се превртувал преку дрвјата

Инаку, засега сѐ уште нема факти како дошло до сообраќајната несреќа, и за тоа одговор треба да даде истрагата, која е во тек. Но од она што го регистриравме на теренот, „мерцедесот“ најверојатно удрил во бетонската ограда крај левата коловозна лента и за тоа доказ се трагите од гуми што се гледаат на оградата. По ударот, возилото со левата страна, односно со вратата од кај возачот, ја допрело оградата и се поткренало на десната стана, потоа преминало на другата страна од автопатот и удрило во металната ограда. „Мерцедесот“ откорнал дел од неа и ја влечел удолу во провалијата. Потоа движејќи се удрил во земјата, а на крајот се превртел неколкупати, прелетал преку дрвјата и завршил зад нив на повеќе од стотина метри од патот.

Според нашите непотврдени информации, сѐ се случувало по 23 часот (најверојатно околу 23.35 ч.) при брзина од најмалку 140 километри на час. Тоа било времето што било „запишано“ на контролната табла, а стрелката од километражата на автомобилот била закочена. Сметањето на времето и мерењето на брзината запреле кога под притисок од ударот од возилото излетал акумулаторот и на тој начин била пресечена работата на електрониката.

Истражните органи не откриваат детали за причините за сообраќајната несреќа во која загина сопственикот на „Фокус“, Никола Младенов.

Од Судска медицина информираа дека завршиле со обдукцијата на телото на кое биле утврдени голем број повреди, кои биле добиени од силниот удар. Дополнително, ни рекоа, ќе ги анализирааат примероците од крв, а за повеќе детали нѐ упатија кај истражниот судија во Основниот суд Скопје. Од судот, пак, велат дека нема да излезат со официјални информации сѐ додека не заврши вештачењето на автомобилот, по што ќе се утврдуваат причините за несреќата.


Полицијата ги вештачи автомобилот, крвта и облеката на Младенов 

- Откриена е брзината со која се движело возилото, времето на ударот, вртежите на колата пред да излета. Удрил во левата страна на банкината, па потоа во десната страна, каде што ја пробил оградата и излетал. Ние сето она што го имаме ќе го доставиме до истражниот судија откако ќе заврши целосно вештачењето. Се вештачи автомобилот, имаме примероци од крвта, од облеката на Младенов. Судска медицина ќе треба да даде свој извештај за нивниот дел од истрагата - вели Иво Котевски, портпарол на МВР.


Обдукцијата завршена, наодот дополнително ќе се комплетира

 - Кога една брзина е константна и крвотокот, притисокот и внатрешните органи се приспособуваат на брзината со која се движи возилото. Во случајот, тоа било брзина од околу 150 километри на час. Во еден момент, функционирањето на телото запрело од 150 на нула. Не е откриено дека Младенов имал срцев удар. Бидејќи брзината била голема, кога возилото наеднаш запрело, органите доживеале шок. Ги очекуваме деталните наоди од токсикологија, по што ќе можеме со сигурност да го објавиме нашиот извештај - велат од Судска медицина.


 

 
   
Автор: Томислав Кежаровски   Фотографија: Нова Македонија
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 12619          Оценка: 4,54  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Goran
Nova Makedonija ima podobar istrazuvacki tim od MVR...klasika
 
makedonka
socustvco do familijata, no za zal nego poveke go nema sto i da se pravi e edno golemo nisto, Go kazuvam ova bidejki i nie imame vakov slucaj so smrtni posledici na avtopat vo Srbija idejki od stranstvco vo 10 cvasot so brzina od 140-150 zaspa vozacot so nego i sopatnik na prvco sediste, spiel so spusteno sediste toj e ziv a vozacvot mrtov.So vozilo novo dvce nedeli, no umorata brzinata si go napravcila svoeto,nasta kola vozela od avtopat,pa pokraj nego na ramno i so golemata brzina na koga naisla na ogradata pocnala da se prevcrtuvca seta iskrsena,i vco seto toa vozacvot e tesko povreden so otkinata leva raka frakturi kolku sakas,i najstrasnoto pri tumbanjeto kolata za posleden pat se tumba i soferot mava direktno na metalniot stolb sto ja drzi ogradata so glava i mu se istura i mozokot,koj e kriv avtomobilot ili toj sto go upravuva kazete mi,zosto tolku brzanje,zosto 150 zosto ne 100 120,za da go zavsi zivotot na 50 godini,istiot toj koben den na istiot avtopad szaginaja 5 lugje,.
 
USA
cim ostavile dokazi toa e samo alarm deka istragata ne se izvrsuva zakonski i spored nivnite propisi. treba da viknat stranski vestaci da imaat uvid vo istragata zosto nasive ocigledno imaat propusti.
 
Klime
Odgovor do Kristina: Kritiki za izvestaj se davaat otkako ke se procita a ne odnapred. Nie sega nemame izvestaj od nadleznzite no zatoa pak imame od Nova Makedonija, i nego treba da go ocenime, dopolneme, skrateme i sl. Brzina na istragata se bara samo vo slucai koga postoi opasnost od eventualni drugi zrtvi kako sto bese slucajot vo april minatata godina, no cesto se slucuva da se pogresi
 
EU
Go delime mislenjeto na Kristina, nadleznite ja zatvorija delnicata za da vrsat istraga, ne bese dozvolen pristap na gragani i novinari, a gi ostavile rasfrlani dokazite. Pa posle se cudat zosto graganite ne im veruvaat na instituciite.
 
Kristina
Dobro ima li nekoj vo nasata drzava koj sto e platen od gragjanite i pritoa raboti nesto?!?!? Kako e mozno nikoj da ne sobral dokazi?? Ziva srekja vie sto ste otisle inaku toa ke bese toa zasekogas. Site sto rabotat na slucajot bi gi kaznila so 15% od plata zaradi neprofesionalnost. Idioti!
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski