Странци градат куќи во Охрид, варошани негодуваат


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Зоран Димитровски
Каква е разликата меѓу хрватските и македонските генерали
Што се случува кај вас, ме прашува претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ. Зошто толку насилства и демонстрации? Па, се случува нешто слично како кај вас, му одговарам. Поради идиотски изјави на неодговорни генерали. Јас, пак, ...
 
Дарко Митревски
Изборна трка
И покрај разликите, има една работа што им е заедничка и на Македонија и на Америка, политичкото однесување и политичката култура. Некој можеби би се насмеал на ваквата теза, но јас имам цврсти докази за ова што го зборувам ...
 
Александар Русјаков
Сегашно историско време
Вампирите на деветстотини и тринаесетта се повторно во и околу Македонија. Јас лично не верувам дека зад сето ова стојат само домашните политичари, иако сигурно и меѓу нив има одработувачи за оваа зла кауза, ама сепак среде колеж ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Новите градби што никнуваат врз темелите на срушените куќи, кои не можеа да му одолеат на времето и не претставуваат заштитено културно-историско наследство, предизвикуваат тензии и реакции кај некои граѓани на стариот дел од Охрид, кои не се согласуваат со ваквите промени

 
 
  
Охрид, вториот Ерусалим, како што многумина го нарекуваат покрај град на културата, уметноста, христијанството и на туризмот, сѐ почесто станува град во кој е добро да се инвестира, особено во градежништвото. Големата побарувачка на куќи, пред сѐ во стариот дел на градот, кај местото Варош, последнава деценија ја зголеми цената на недвижнините. Сепак, домашни и странски инвеститори сѐ повеќе се заинтересирани за купување стари куќи во Варош и за отворање мали бизниси. Од друга страна, тамошните жители, староседелци, негодуваат и се плашат од нарушување на стариот дел од градот. Новите градби што никнуваат врз темелите на срушените куќи, кои не можеа да му одолеат на времето и не претставуваат заштитено културно-историско наследство, предизвикуваат тензии и реакции кај локалното население, кои не се согласуваат со ваквите промени. Тие велат дека со ова само се отвора градежната Пандорина кутија, која ќе значи крај за автентичниот изглед на Охрид. Спротивно на тоа, надлежните институции смируваат и укажуваат дека строго се контролира изградбата на новите објекти, односно се внимава да се запазат сите параметри за градба и заштита на овој дел од градот. 

Италијанци купуваат куќи во Варош

Група жители на Варош последниве неколку недели активно водат борба со институциите на локално и на државно ниво за да ја стопираат изградбата на куќата што се гради во нивна близина. Инвеститорот, Италијанецот Лука Лолобриџида, досега не бил виден на местото каде што никна неговата нова куќа. Градежната фирма од Струга, која била ангажирана да го гради новиот објект, деноноќно работела и за десетина дена успеала да подигне два ката под улицата Браќа Миладинови и два ката над неа. Токму тоа е и проблем за околните староседелци, кои велат дека градбата излегува од сите законски рамки и прави непоправлива штета за целата околина. Тие велат дека таквите новоградби се во спротивност со традиционалната амфитеатрална поставеност на градбите, амбиентално не се вклопуваат и го нарушуваат изворниот староградски архитектонски идентитет.
- Поднесовме пријави до сите институции каде што докажуваме дека инвеститорот гради бесправно. Тој ја користи стрмнината на теренот и наместо приземје и кат, како што е дозволено со ДУП, тој изгради два ката под улицата и два над неа со што доби четири ката. Наместо куќа, која требаше да го задржи традиционалниот изглед на Варош, тој изгради грдотија што на сите ни пречи, а воедно во повеќе делови го крши Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење - вели Ленче Ристеска, жителка на Варош, која е дел од групата граѓани што поведоа иницијатива против градењето на новиот објект. 
Според неа, јасно е дека градбата излегува од предвидените граници и дека на тој начин се кршат законските одредби.
- Реагиравме до Министерството за транспорт и врски, до Министерството за култура, до градежните инспекции, до Заводот и музеј на Охрид, до локалната самоуправа, но тие не презедоа ништо. Велат дека инвеститорот гради во границите на дозволеното, што евидентно не е така. Главната замка е во тоа што целиот објект е пријавен на горната улица Браќа Миладинови, со што изигрувајќи го законот може да изгради приземје, плус кат, што досега го немаше. Сопственикот на старата куќа што ја купи Италијанецот и ја сруши имаше влез од долната улица и пак имаше приземје и кат, но не отскокнуваше од преостанатите градби од синџирот куќи. Сега со формирање влез на горната улица тој повторно ги изгради двата ката долу и додаде два плус. Ако овој начин на толкување на законот продолжи понатаму, може да се збогуваме сите со традиционалниот изглед на Варош, а со тоа и на сѐ што е вредно од културно-историски аспект - појаснува Ристеска. 

Дали Варош е во опасност?

Тања Паскали-Бунташеска, директорка на Заводот и музеј на Охрид, вели дека ваквата поставеност на куќите била предвидена уште во далечната 1986 година, кога бил и сега важечкиот ДУП.
- Што се однесува до конкретната градба на италијанскиот инвеститор, можам да кажам дека сите законски параметри се запазени. Инвеститорот ги има сите дозволи за градба и не отстапува од ДУП. Според планот, тој и сега и порано имал влез од горната улица Браќа Миладинови, за што негодуваат неговите соседи. Сметајќи од таа точка, според важечкиот ДУП, тој има маркичка за градба на куќа, која може да има приземје и еден кат. Нема ништо спорно во ниедна насока. Куќите над него ќе добијат можност за изградба на уште еден кат, со што повторно ќе се добие истата панорама што и сега ја имаат. Ние неколкупати извршивме надзор на објектот и видовме дека позитивни одлуки за објектот имаат донесено и Министерството за транспорт и врски и Министерството за култура - вели Паскали Бунташеска.
Од Заводот тврдат дека она што треба да се заштити во Охрид ќе остане заштитено. Дека нема да се дозволи уништување ниту сантиметар од културно-историското наследство, дека Охрид ќе остане музеј на отворено.
- Треба промена на сегашниот ДУП за овој дел на градот, а кој е донесен уште во далечната 1986 година и по кој работиме сега. Тој треба да се усогласи со Законот за Охрид, кој, пак, ги нуди сите заштити и превенции од нарушување на културно-историското наследство во градот. Сепак, треба да истакнеме дека Охрид не е мртов град. Тој живее и мора да се развива. Сите нека бидат спокојни затоа што нема да дозволиме во никој случај да се оштети, уништи или како било да се загрози културно-историското наследство на градот. Ова го гарантира и пред две години донесениот Закон за Охрид, кој сите ние треба да го почитуваме во секој аспект - појаснува Паскали. 
 
 

Голема заработка 
 
Во Охрид, особено во стариот дел на градот, десетина години владее тренд на продажба на старите куќи. Од разговор со мештаните дознавме дека цените се движат од 100.000 до пола милион евра за куќа во зависност од нејзината местоположба, локација и градба, конструкција. Најчесто постарите објекти се рушат и од темел се гради нов. Економскиот бенефиција е огромна ако на работата се гледа чисто економски. Вложената сума, за купување стара куќа и давачки за градење, честопати достигнува зголемување и до пет пати кога ќе се пресмета вредноста на она што како објект ќе се изгради потоа. Едноставно, ако купите куќа во Варош за 100.000 евра, ако ја срушите и на нејзино место изградите нова, тогаш таа ќе вреди најмалку половина милион евра. Доколку успеете, поради стрмнината на теренот, да направите и два ката под нивото на улицата каде што ви се води објектот, подруми што во практика се катови, тогаш сте направиле вистинска бизнис-зделка. Вредноста на вашата инвестиција достигнува фамозни проценти. Сепак, ова не е тренд што е забележан во голем обем, но охриѓани сепак се плашат да не се случи градежната офанзива да им го голтне стариот град. 
 
   
Автор: Жарко Василевски   Фотографија: Емил Јовановиќ
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 2071          Оценка: 3,47  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
EU
Pozadi italijanskiot investitor ( koj ne ni go posetil mestoto) stoi edna druga strategija, isto kako Kicevo i Struga , poleka poleka da se promeni demografijata na Ohrid Razbudete se!
 
слобода
Џаба е да се реагира. Тие од Струга фирмите се поврзани со сите, и не е само Варош кај што се гради над дозволеното. Страшно е што и кога ќе ги пријавиш во инспекција, ќе дојде полицаец, и на крај само ги опоменува, во рок од пола саат, работата средена, самиот вели,: тоа е кога вујко ти е владика. Цел Охрид е со згради и куќи изградени над дозволеното, да им се алал врските на Ацо, Станко, Бранко, Миле. сите братски делат кога се во прашање пари
 
Aleksandar Makedonski
Novinarskion napis ne ja odslikuva vistinskata slika na toa sto se slucuva vo Ohrid. Vo Ohrid e isto kako i vo site drugi gradovi na Makedonija, tamu vladee urbanata mafija, povrzanosta na sekakvi vanzakonski elementi so gradskite i drzavnite ustanovi. Drugiot najvazen element e sto se celata akitivnost e povrzana so perenje na pari itn. Sto se odnesuva do kukjata sto se gradi eden coek (italijanec) sto kupil i gradi kuka ne mozi da se smeta za investitor. Povazen e faktot na negovata povrzanost so Struga. Od minatoto (a i od segasnosta) znaeme deka Italijanskata povrzanost so Struga e so albancite, toe e sto treba da zagrizuva. Gradska i drzavna griza za gradot ne postoese i nema da postoi. Dokaze brojot na 450 000 divi gradbi vo Makedonija. Ohrigjani i komsiite do kukata treba da si prevzemat raboti vo svoja raka i da pokazat deka ulicite i gradot im pripagja niv a ne da placat kako bednici. "Edna Makedonija, Obedineta Makedonija"
 
Неварошанец
Дали е оваа прва голема куќа во Варош? Секако не. На влезот во Варош од Горна Порта, прва на „удар“ куќа која ве пречекува ни оддалеку не потсетува на охридската куќа што ја опишуваат „староседелците“. Најпознатата охридска куќа, онаа „на Робевци“ секако не е приземје и кат, нели?! Итн... Зарем после толку промоции за привлекување странци да инвестираат во Македонија, сега ќе ги тераме да зажалат? Нема ова врска со (не)законитост; туку варошани завидуваат што некој има пари да изгради голема куќа, па „на соседот да му цркнит козата“. Да имаа и тие, сите ќе изградеа, без око да им трепнит за „автентичниот изглед“.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski