Грди злобни пирати

Други вести
Највести
Коментари и дебати
Ивана Костовска
Бележник за една грчка хипокризија
Добро има ли некој кој верува дека грчките гардисти „спонтано“ рецитираат расистички слогани, дека тоа никој не ги извежбал и дека никој тоа не го нарачал? Под чија команда се тие? Ќе им текне ли на странците дека нешто тука ...
 
Билјана Ванковска
Нобелова награда за трпение
Нема зошто да им се лутиме на Британците кои од навика и заради бившата империјална позиција, од височина гледаат со презир на ваквите трици и кучини на Балканот. Тие богами во своето портфолио имаат многу посериозни ...
 
Александар Д. Балаловски
Грди злобни пирати
Нашите авторитети треба да агитираат за што помасовно прифаќање на пиратеријата. Така ќе се дознава и ќе се раскажува за земјава во странство. Оп инвестиции. Оп забава и поголем број емпетројки по глава на гласач. Тоа е навистина ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Нашите авторитети треба да агитираат за што помасовно прифаќање на пиратеријата. Така ќе се дознава и ќе се раскажува за земјава во странство. Оп инвестиции. Оп забава и поголем број емпетројки по глава на гласач. Тоа е навистина благороден и патриотски модел за развој на земјата

 
 
  
Замислете, некој актовкаш да се појави да каже дека „дедур“ (Д-дур) е негов. И замислете да докаже дека некој друг акорд што се користи за создавање музика е негов. Тогаш ќе бидам среќен да ги гледам сите сиромаштии на македонската сцена, кои постојано кукаат нивните албуми да не бидат крадени и „омаловажувани“ на Интернет, а кои ги кријат невешто зад издавачките куќи кои и онака им ги земаат парите и како на кучиња им фрлаат мал процент од продажбата. Толку треба, само еден глупчо да се појави со прстен и златен синџир и документ. Да не беше пиратеријата ние бе, ко што сме прости ќе останевме не прости, неписмени. Ај нема да генерализирам, нека важи тоа само за мене, затоа што проблемот со моето спознавање на музиката или филмовите, верувајте никогаш не дошло од тие кои издаваат и продаваат оригинали. Немаше да го знам мојот омилен бенд - „Пинк флојд“, ни „Архангел“, ниту ќе знаев да користам Офис, ни Корел ни сé што нé учеле на пиратските копии по школите во кои завршив. Ниту пак, батките кои рипаат на концертите на Пол ван Дајк ќе имаа слушнато за него, ниту за Тиесто ниту за редица други музичари чии концерти ги посетиле и на тој начин придонеле и им кажале благодарам за музиката што ја создавале. Впрочем, ниту Пол ван Дајк ќе знаеше за Македонија ако не постоеше пиратерија. Кога веќе луѓето не сакаат да го направат конкретниот чекор кон ослободување на знаењето, музиката и уметноста и да ја стават на Интернет (таму каде што книгите сигурно би траеле повеќе во 1939 година кога би постоел Интернет отколку да стои затворена во берлинската библиотека) практично нашите авторитети треба да агитираат за што помасовно прифаќање на пиратеријата во Македонија. На тој начин ќе се шири зборот за повеќе артисти кои ќе нé посетуваат. Така ќе дознаваат за Македонија и ќе раскажуваат за земјава во странство. Оп инвестиции. Оп забава и поголем број емпетројки по глава на гласач. Тоа е навистина благороден и патриотски модел за развој на земјата. Истото важи и за софтверот и софтверските компании.

За среќа во Македонија ја имаме надарената БСА, агенција лева рака Мајкрософтова. А бе, ко две сестри се. Ветер ќе дувне, БСА проверува дали е легален, дали е лиценциран, платен, оданочен, одобрен... И покрај неколкуте обиди своевремено кога бев активен по овие прашања околу лиценцните модели и развојот на слободната култура во Македонија силно се обидував да допрам до оваа институција и да добијам некои одговори. Не успеав. Сигурно увиделе дека имејлот од кој им испраќам пораки не е лиценциран. Или биле презафатени со некој си Трајче, кој продавал краставици на локалното Зелено пазарче, па го казниле затоа што неговата гладна ќерка не инсталирала легален софтвер на компјутерот за фискални сметки на тезгата. Е па, опасни се овие пиратите во Македонија. Можеби немаат пари за леб, ама ќе си најдат пари за легален софтвер и музика! Парадоксалноста е уште поголема ако се земат предвид тековните процеси за воспоставување врска со светот, демек Интернет, на луѓето на цела територија на Македонија. Од една страна на луѓето им даваш моќна работа како Интернет, а од друга страна им велиш – ќе користиш сé што јас ќе ти кажам, и тогаш кога ќе го платиш ќе се сложиш дека впрочем не е твое, туку дека ти е дадено на користење. Пиратите, со нивните грди лица, злобни маски и дрвени нозе веднаш ќе се сложат со тоа. Ќе си заминат од плоштадите каде што продаваат музика и филмови и ќе одат да сурфаат на нивните легални софтверчиња слушајќи легална и одобрена музика.

Не повикувам на користење и практикување пиратерија поради фактот што истата појава во Македонија е казнива со закон. Но факт е дека многу треба за да се смени мислењето на луѓето околу она што денес се толкува како штетна и злобна појава во македонското општество. Верувајте, и тие кои се задолжени за овие кампањи и нивните нарачатели од редот на голем број компании-великани, користат пиратски софтвер, слушаат/гледаат симнати од торенти музика/филмови. И тоа не би требало да вознемирува никого. Тоа е само показател за грешноста на пристапот кон борбата со пиратеријата. Па, нели треба да ги учиме децата кога ќе одат во училиште и кога ќе извадат јадење, да го споделат со другарчето? Музичарите создаваат музика за која ќе платам кога ќе ја изведат пред мене, дотогаш ќе ја поддржувам нивната музика со ширењето на зборот за нивниот квалитет и посетување на нивните концерти по небитно која цена на влезница само ако за ова претходното не цимолат како тажалки.


Авторот е информатичар
 
   
Автор: Александар Д. Балаловски  
 
   
   

сподели на пинг
   
 
   
Веста е прочитана: 527          Оценка: 4,48  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
e-web
@Musso Твојот Widows лиценциран е? А програмите на него сите ги купи ил ти ги инсталираа тамѕ кадешто го купи компјутерот?
 
ivo
Za avtorskite prava postoi edna nauka koja se vika pravo. Za pravata od industriska sopstvenost postoi isto taka nauka koja se vika pravo. Za izveduvanje na dela vo razni oblici i podoblici , za pravenje koncerti, filmovi i.... postoi isto taka nauka koja se vika pravo! No, haosot e svetski proces a Makedonija verojatno e lider i vo taa oblast! Verojatno zatoa sto i pravoto i subjektite ( zakonodavstvoto , praksata , agenturite, zdruzenijata i instituciite ) korespondiraat so haosot kako svetski trend. Jas seuste se mislam na koj da mu platam softverski prava za grafitot vo molivite sto nemilosrdno gi trosev od mal pa do sega! A moze i za "drvoto" kako hardver vo molivot treba nekomu da platam? E, posle kazite deka obrazovanieto e besplatno!"Drva" se ocigledno site vo ovaa drzava za ovaa oblast!
 
Ivana
Го користам овој простор за кометар за да ја прашам редакцијата на НМ кога планира да се воозбили и да ги санкционира коментарите на овој Мусо? Јас колку што знам, коментарите се ставаат да се даде свое мислење, ама да се аргументира, да се развие дебата. Ако се пишува колку да се напише, не заслужува да биде објавен. Секој има право на мислење, и авторот и тој што коментира. Ама дајте да коментираме на ниво, како што доликува.
 
od mene
Deckovo mi lici na Pirat.
 
Виктор
Пиратеријата не е така црно-бела како што ја опишуваш, ќе плаќам или не плаќам, различна е за домените филм/музика/софтвер, и е различна во зависност во која земја живееш и финансиската состојба во која си. Пример за филм, конкретно кај нас или ќе носат филмови од Холивуд шит продукција (која и така и така се гуши у пари) да ги глеаш во кино, или нема филмови :) Simple as that. Видеотеки нема, и тие што ги има се пирати, инди филмови ако не ги симнам нема да најдам нигде, пошто нема ни оригинал двдиња нема ни во кино. Така да за филмска индустрија во МК (па и глобално, поготово за холивуд продукција): Пиратерија, напред! За музика е малку поосетливо. Како шо глеам во последно време се повеќе кај нас носат малку поалтернативни бендови така да не ми пречи да платам и малку повеќе да ги гледам во живо. Што се тиче да ја купувам музиката би ги купувал албумите на тие бендови чија што музика претходно сум ја слушнал (читај симнал од нет и преслушал) и ми се допаѓа и со алал би ги дал парите за поддршка на бендот/артистот + кон физичкото цеде/плоча што ја поседуваш, изразуваш поинаков тип на почит и е еден тип на сопствено задоволство. Но, тука има еден проблем, со тоа што оригинал музика кај нас или има во ограничена количина и изборот е мејнстрим до јаја (додуша не сум ни шетнал многу за да побарам) и со тоа автоматски има аверзија кон купување на оригинал музика. Втор проблем е колку ти си спремен да го испоштуваш бендот за неговиот труд да ти понуди квалитетна музика (финансиски поддржан) и да платиш за таа музика што ја сакаш. Трето за софтвер. Тука е најнезгодна темата и бидејќи си активен во тоа поле, можеби највеќе те допира. Проблемот е во тоа што народот во глобала сеуште кон софтвер девелопери гледаат со потценување и несвесни се за трудот што го вложуваат, бидејќи во суштина, повеќе или помалку немаат никакви трошоци освен време (другото е знаење). Муабетот на овој доле со познатото "There's no free lunch" е сосема различен со идеологијата Free as in beer. Мислам дека (иако ги сфаќаш двете пораки) малку ги мешаш бидејќи сигурно (ако не си вработен сега евентуално ќе бидеш) нема да работиш за воздух туку за пари. И оттука се сведува целиот ланец на тоа дека компанијата за која развиваш софтвер (или тоа го правиш самостојно) ќе мора да го продаде за да ти друже добиеш плата. Слободниот софтвер (конкретно сега за бесплатниот, отворениот код остај го на страна), кој што сепак го има во изобилие, е финансиран на безброј други можни начини: реклами, фондации, што ти ја знам итн. Пиратеријата инаку е глобален проблем (не ја сфаќам како проблем туку повеќе како прашање на етика). Македонија џабе си ја спомнувал. На крајот сепак (и за жал) важи тоа дека нема бесплатен ручек. Разликата е во тоа дали и колку готвачот бара надомест за тој ручек и/или дали тоа го правел од задоволство или да си ја прехрани фамилијата. Тука се сите нијанси на пиратеријата во музика/филм/софтвер. Поздрав.
 
Александар Д. Балаловски
Musso другар, ти благодарам шо ми си редовен читател и што „суратот“ мој те прави толку среќен. Можда не сум донесен на светот од штркот, но се чини дека во овие мејнстрим новинарски води сум. За таа цел, те поканувам на лична средба, на редакцијата ѝ сугерирам доколку овој читател побара информација за контакт со мене да му даде слободно, секоја критика е критика и јас ја почитувам во процесот на мојата доизградба како професионалец (без разлика на контекстот). Твоите коментари се особено забавни и затоа би сакал да те запознаам лично.
 
Трајче
Све ми е лиценцирано, имам и документи
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski