Македонскиот јазик во Грција се учи тајно како во турско


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Весна Дамчевска
Време е за паника. Морална!
Во сета папазјанија од невкус, се согледува неопходноста од национален сервис. Јавниот радиодифузен сервис остави огромна празнина во просторот за воспитно-образовната позиција на медиумот. Но МТВ си ја разниша позицијата уште ...
 
Кирчо Арсовски
Бизарности
Глувците се сé поинтелигентни и поеманципирани, знаат дека Вестминстерската палата, каде што е сместен парламентот, е згодно место за живеење каде што можат да ги кркаат остатоците од храна што ја исплукал Гордон Браун, а ...
 

Поплавата на Охридско Езеро ја исправа грешката
Охридското Езеро во поновата историја доживува многу лоши зафати. Османлиите го поделиле езерото на реони, кои ги издале под кирија на беговите и видните Турци, кои пак организирале немилосрден лов на рибите ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Часовите по македонски јазик во Солун веќе неколку недели се одржуваат полулегално. Сé уште се испитува амбиентот, децата се плашат, така што не би сакале да откриваме што било, велат дел Македонци во Грција што ги организираат курсевите за триесетина ученици

 
 
  
Тајно школо како од времето на турското ропство.

Вака Македонците од Грција ги опишуваат часовите по македонски јазик што веќе неколку месеци ги посетуваат триесетина македонски ученици во Солун.

Во страв дека грчките власти ќе им прават проблеми, Македонците тајно ги испраќаат своите деца да го учат јазикот на курсевите преку кои Виножито се обидува да создаде движење за оживување на јазикот што грчките власти го негираат и го нарекуваат „локален дијалект“. За часовите никој не сака да зборува затоа што се плашат дека властите од Атина ќе ја прекинат наставата.

- Часовите веќе неколку недели се одржуваат полулегално. Сé уште се испитува амбиентот, децата се плашат, така што не би сакале да откриваме што било - велат дел Македонци од Грција.

И во Воден имало курсеви за изучување на македонскиот јазик, но програмата била стопирана откако месецов не се појавил ниту еден од посетителите на наставата, која ја организирала невладината организација „Образовно и културно движење на Воден“.

- Програмата за изучување на македонскиот јазик беше прекината затоа што не се појави никој од оние што ги посетуваа часовите, дури и оние што не пропуштаа ниту една лекција. Програмата ја чувавме во тајност за да немаме проблеми со грчките власти што би можеле да вршат притисок врз студентите да не учествуваат на наставата - објаснуваат од движењето, кое уште лани најави дека ќе отвори приватно училиште за изучување на македонскиот јазик во Грција.

Партијата Виножито, како што деновиве најави нејзиниот член Димитри Јоану, наскоро планира да издава двојазичен весник и да отвори радио на македонски јазик. За отворање на радиостаницата се чека на дозволата од грчкото министерство за информации. Партијата не планира да го воскресне весникот на Македонците во Грција „Зора“, туку ќе печати весник со ново име и со тираж од 20.000 примероци, кој ќе се дистрибуира во Северна Грција.
 
   
Автор: Ив.К.  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 905          Оценка: 4,89  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
ohrid
severomakedonski jazik se e ucil oste po vreme na dinozaurite.. ne samo po tursko
 
Џумаја
Голем поздрав до Мелник! Поздрав и до тебе Зоран но не треба едно да збориме друго да правиме. Прашуваш, а ние што правиме денес? Еве ти пишуваш латиница, зошто?? Тоа не е чување на јазикот и идентитетот.
 
egeec
Koja li ironija,pa uste i imeto ke ni go menuvale ........ na poteg e vladava .... ako nesto ostanalo i od nea ...
 
читател
Македонскиот јазик никако не смее да се дозволи да се заборави ниту во Грција, ниту во Бугарија. Ако не може легално да се изучува, тогаш родителите, роднините, комшиите Македонци, мора да помогнат децата таму да не го заборават својот мајчин јазик, а со тоа и своето потекло. Ако нашите не се во состојба да штампаат Буквари и книги на Македонски јазик, мора Владата на Македонија, или ние самите да се организираме да испраќаме учебници кај нашите во Грција. Можеби не можеме да направиме многу за Македонците кои живеат во далечните земји, но за Македонците во Пиринска и Егејска Македонија мораме да направиме се што е во наша можност да не го заборават својот мајчин јазик и своето потекло.
 
AMSTERDAM
Od sekojka vrba ne se pravit svirce . So isklucok na pomal broj mladi novinari vo Makedonija , pogolemat grupa se FOSILI i preziveani ZAVISNICI od Socijalizamot koj seuste rabotaat kontraproduktivno . TREBA DA SE PREISPITAT "KVALITETNATA VRSKA " NA EVROPSKATA DEMOKRATIJA SO NIVNATA CLENKA GRCIJA, NA POOCITUVANJE NA PRAVATA NA VNATRESEN PLAN . ( no kako toa ke se napravit , ako ne se napravit od samite niv, Makedoncite koji ziveat tamu). Od Makedonija nemozat mnogu da ocekuvaat , samata Makedonija E VO DILEMA SAMA SO SEBE .
 
melnik
makedonskite deca vo grcija se plasat da go ucat majciniot jazik, a makedonci od ovde se uste odat na shoping vo solun i gi ostavaat tamu dragocenite evra. da se razbereme, ne deka nie mozeme da ja unistime ili spasime grcija, ama od licno dostoinstvo ne treba da im pomagame na tie likovi tamu koi sakaat da ne nema na zemjava. treba da se apelira da ne im se dava ni evro, i sega, koga voda im vleguva vo usi, ne treba da im se frla pojas za spasuvanje, tuku branovi da im se pravat!
 
zoran
Treba od niv da se zeme primer, kako i kade po sekoja cena saka da se zacuva majciniot jazik i narod. A nie sto pravime denes vo edinstveniot sloboden del od MK, go omalovazuvame i plukame na site strani kako da ni e najgolem dusman. A nikako ne sakame da si priznaeme deka drzava bez krv t.e. (odrekuvanja)ne se sozdava.
 
zoran
Treba od niv da se zeme primer, kako i kade po sekoja cena saka da se zacuva majciniot jazik i narod. A nie sto pravime denes vo edinstveniot sloboden del od MK, go omalovazuvame i plukame na site strani kako da ni e najgolem dusman. A nikako ne sakame da si priznaeme deka drzava bez krv t.e. (odrekuvanja)ne se sozdava.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski